Повредени двајца работници во фабрика и на градилиште


Фото: Б. Грданоски
Во два одделни несреќни случаи на работно место во Кавадарци и во Скопје повредена е жена на возраст од 30 години и маж на возраст од 33 години.
Во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во фабрика во Кавадарци работничката Е.П.Д. (30) се здобила се тешки телесни повреди додека извршувала работни задачи. Таа била пренесена во болницата во Кавадарци каде и била укажана помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот. 
Истиот ден, во 11 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен С.Р.(33) од село Св.Петка, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повреди во трговски центар додека извршувал градежни работи на деловен објект.
Се работи на расчистување на случајот.