Загина тракторист во демиркаписко


Во вторникот, во 11.30 часот било пријавено дека на локалниот пат за село Корешница, демиркаписко, Е.Е.(62) од село Корешница, управувајќи трактор без регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел.
Е.Е. починал на местото на настанот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.