Заев утре на средба со Радев


За македонскиот јазик и идентитет не разговараме и воопшто не е на маса. Разговараме за португалскиот предлог којшто доаѓа од Португалија како претседавач со Европскиот совет што апсолутно води грижа за нашиот македонски јазик и македонски идентитет и истовремено води грижа и за бугарските позиции, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање пред …

Заев утре на средба со Радев Read More »

Столтенберг за Си-Ен-Ен: Со Русија нѝ е потребен дијалог


 Односите со Русија се од најголемо значење за НАТО и Алијансата зазема двонасочен пристап кон нив, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за Си-Ен-Ен. -Односите со Русија се од огромно значење за НАТО. НАТО верува во двонасочен пристап кон Русија и состанокот Бајден-Путин е во согласност со тој пристап. Ние мора да …

Столтенберг за Си-Ен-Ен: Со Русија нѝ е потребен дијалог Read More »

Инвестиција од 70 милиони евра и 100 нови вработувања – потпишани договорите за фотоелектраната во Осломеј


Инвестиција од 70 милиони евра која предвидува 100 нови вработувања, ќе биде фотонапонската електрана во Осломеј од 100 мегавати за чија изградба денеска и официјално беа потпишани договорите меѓу „АД ЕСМ“, „Фортис енержи електрик“ од Турција и со „Солар про“ од Бугарија. Реализацијата на овој проект ќе биде по принципот на јавно-приватно партнерство, а електраната …

Инвестиција од 70 милиони евра и 100 нови вработувања – потпишани договорите за фотоелектраната во Осломеј Read More »

Утре и задутре сончево со умерена облачност, температурите со постепен пораст


 Во следните два дена во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Се најавува дека температурите ќе бидат во постепен пораст, кои ќе се движат од 10 до 36 степени Целзиусови, соопшти УХМР. Од УХМР информираат дека …

Утре и задутре сончево со умерена облачност, температурите со постепен пораст Read More »

ЕУ ќе ги олесни ограничувањата за патувања од САД и седум други земји, меѓу кои и за Северна Македонија


Европската унија треба постепено да ги олесни корона ограничувањата за влез за патниците од САД и седум други земји по договорот од средата меѓу 27-те земји-членки, јави ДПА. Патниците од САД, Албанија, Хонг Конг, Либан, Макао, Македонија, Србија и Тајван треба полесно да влегуваат во Унијата, изјави португалското претседателство со ЕУ за германската агенција. Меѓутоа, …

ЕУ ќе ги олесни ограничувањата за патувања од САД и седум други земји, меѓу кои и за Северна Македонија Read More »

Се асфалтира булеварот „Никола Карев“ во Скопје


Екипите на Град Скопје почнаа со асфалтирање на булеварот Никола Карев, кој се проширува и реконструира на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин поток. Деновиве се поставува носечкиот слој асфалт на проширениот дел од овој нов булевар, а асфалтирањето ќе продолжи и во наредниот период.  На терен се работи на траса долга околу …

Се асфалтира булеварот „Никола Карев“ во Скопје Read More »

Кока-Кола одговори на гестот на Роналдо: Секој има свои желби за пијалак


Компанијата Кока-Кола, производител на безалкохолни пијалаци, одговори на капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, кој ги оттргна шишињата со овој газиран пијалак на прес-конференција пред натпреварот со Унгарија (3:0). Во изјавата, Кока-Кола истакна дека „секој има свои желби за пиење“, додавајќи дека секој има различни „вкусови и потреби“. Ден претходно, разни медиуми ширеа информации дека поради …

Кока-Кола одговори на гестот на Роналдо: Секој има свои желби за пијалак Read More »

Народна банка: Третиот бран на Ковид 19 негативно влијаеше на економското закрепнување во првиот квартал, за вториот податоците позитивни


 Падот на БДП во првиот квартал беше очекуван во услови на трет бран на Ковид 19, а податоците за вториот квартал упатуваат на позитивни сигнали, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста …

Народна банка: Третиот бран на Ковид 19 негативно влијаеше на економското закрепнување во првиот квартал, за вториот податоците позитивни Read More »

Невиден обид за грабеж на автопат во Италија: Експлозии, пукање, запалени автомобили


  „Терор на автопатот А1 во Италија“, „Модена, автопатот А1 од пеколот“, се само некои од насловите на италијанските медиуми по грабежот на блиндирано возило недалеку од Модена. Се работи за главниот италијански автопат А1, кој ги поврзува Милано и Неапол. Нападот се случил во насока на болоња, а автопатот бил во блокада од понеделникот …

Невиден обид за грабеж на автопат во Италија: Експлозии, пукање, запалени автомобили Read More »

(Видео) Прекршено примирјето Израел-Газа, бомбардирани позиции на Хамас


Израел синоќа ги бомбардираше позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. The sound of #Israeli military drones can be heard , state of fear in #Gaza tonight as the Israeli airstrikes have renewed, Israeli warplanes attacked 2 #Hamas military sites in response to sending incendiary balloons that caused …

(Видео) Прекршено примирјето Израел-Газа, бомбардирани позиции на Хамас Read More »

Најмалку четворица мртви и четворица застрелани во Чикаго


  Најмалку четворица се убиени, а четворица ранети во четвртокот наутро во Чикаго, САД објави полицијата. Полицајците се повикани во 5.30 наутро по локално време, а застрелани биле повеќе луѓе. Убиени се најмалку четири лица, а четири се во болница. Двајца се во критична состојба, а за другите двајца не се знае состојбата. Полицијата верува …

Најмалку четворица мртви и четворица застрелани во Чикаго Read More »

Познато како ќе изгледа средбата на Бајден и на Путин во Женева


Можеби постојат големи проблеми за кои треба да расправаат, но окружување на состанокот на американскиот и рускиот претседател во раскошната вила од 18 век со поглед на Женевското Езеро ќе биде прекрасно и мирно. Првиот состанок, лице в лице, меѓу Џо Бајден на претседателската функција и неговиот руски колега Владимир Путин може да трае четири …

Познато како ќе изгледа средбата на Бајден и на Путин во Женева Read More »

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 13 лица од Пакистан


Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север, во близина на село Костурник на автопатот Куманово – Табановце денеска околу 15 часот во товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К (34) од Рашче, Скопско пронашле 13 лица- мигранти од Пакистан. Од МВР информираа дека …

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 13 лица од Пакистан Read More »

Поранешната сопруга на Безос, Мекензи Скот, подарува 2,74 милијарди долари за борба против расизмот


 Поранешната сопруга на основачот на Амазон и најбогат човек на светот, Џеф Безос, Мекензи Скот денеска изјави дека ќе донира 2,74 милијарди долари за уметнички групи и здруженија кои се борат против расната дискриминација. Според магазинот Форбс, милијардерката Скот (51) поседува речиси 60 милијарди долари и ветила дека ќе донира половина од своето богатство во …

Поранешната сопруга на Безос, Мекензи Скот, подарува 2,74 милијарди долари за борба против расизмот Read More »

Во 2020 градежниците завршиле 2.335 станови, во индивидуална режија градени се 1.617 објекти


Градежните компании во минатата година работеле на 2385 објекти, а завршиле вкупно 2335 станови со вкупна површина од 152.825 м2, од кои 2.299 се во индивидуална сопственост, објави Државниот завод за статистика.  Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност …

Во 2020 градежниците завршиле 2.335 станови, во индивидуална режија градени се 1.617 објекти Read More »

Стотици мигранти повторно со брод дојдоа на Лампедуза, островот пренатрупан


Само во последното деноноќие стотици мигранти повторно пристигнаа со брод на италијанскиот остров Лампедуза. Според локалните медиуми, 700 лица, меѓу кои имало и малолетници, пристигнале на островот со брод од Тунис и другите африкански земји. Пред само четири недели, овој мал сицилијански остров прими околу 2.000 мигранти за многу краток временски период. Локалните власти и …

Стотици мигранти повторно со брод дојдоа на Лампедуза, островот пренатрупан Read More »

Намален прометот од продажба на услуги


Прометот од продажбата на услугите во првото тримесечје од 2021 година покажува намалување во однос на првото тримесечје од 2020 година за 5,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2021 година, во однос на истото тримесечје од 2020 година, намалување се јавува во поголем дел од секторите, а најголемо е во …

Намален прометот од продажба на услуги Read More »

Ќе се обновува пешачката зона во Порта Влае


Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев денеска го потпиша договорот за регулирање на меѓусебните права и обврски, во врска со изведба на проектот: „Партерно уредување – реконструкција на пешачка зона (платформа) на станбено – деловен комплекс – Порта Влае (прва фаза)“. Во првата фаза од реконструкцијата, ќе бидат реконструирани 6.000 м2 површина од плочникот во …

Ќе се обновува пешачката зона во Порта Влае Read More »

Утре продолжува уривањето на галијата во Вардар


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска информираше дека утре се очекува да продолжи дислоцирањето на галијата кај „Холидеј Ин“. Уривањето на галијата во Вардар пред месец и половина беше стопирана поради времена мерка од судот по тужба на сопственикот. Бродовите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“ на владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело …

Утре продолжува уривањето на галијата во Вардар Read More »

Заразени уште 29 луѓе со корона вирус, нема починати


Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на Ковид-19 од: • Скопје – 9 • Кичево – 5 • Куманово и Тетово – по 4 • Прилеп и Охрид – по 2 • Штип и Струмица – по 1. Нема починати лица. Регистрирани се 34 оздравени пациенти од: …

Заразени уште 29 луѓе со корона вирус, нема починати Read More »