СЗО ја запре постапката за итно одбрување на Спутник В


Запрена е постапката за итно одобрување за употреба на руската вакцина Спутник В, соопшти денеска Светската здравствена организација. Постапката е запрена бидејќи недостасуваат одреден број податоци и усогласеност на правните процедури. – Речиси секојдневно работиме со руското Министерство за здравство на решавање на преостанатите прашања кои треба да ги достави Рускиот фонд за директни инвестиции, …

СЗО ја запре постапката за итно одбрување на Спутник В Read More »

Арсовска би го ставила Бени Шаќири за директор на МКЦ, само ако исполнува критериуми


Бени Шаќири за директор на МКЦ, Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Скопје, поддржана од опозицијата, би го ставила само ако ги исполни критериумите на конкурсот. „Јас верувам во ветинг на сите оние лица кои што во моментов се на тие позиции што ги имаат, меѓутоа, и на избор на најдобрите кадри по систем на …

Арсовска би го ставила Бени Шаќири за директор на МКЦ, само ако исполнува критериуми Read More »

Косово остана без селектор


Раководството на Фудбалската федерација на Косово (ФФК) спогодбено денеска го раскина договорот со селекторот на националниот тим Бернард Шаландес по серијата слаби резултати во квалификациите за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Двете страни се разделија по вчерашниот пораз од Грузија (2:1) во Приштина по кој Косово падна на последното место во групата Б со само три …

Косово остана без селектор Read More »

Без струја утре дел од корисниците во Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Сопиште и Студеничани


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Сопиште и Студеничани. Утре без струја од 8 до 15:30 часот, ќе останат дел од …

Без струја утре дел од корисниците во Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Сопиште и Студеничани Read More »

Доделени повеќе инвертери од планираните во акцијата ,,10 милиони евра за 10 илјади инвертери”


 Акцијата „10 милиони евра за 10 илјади инвертери” спроведена во Скопје, Тетово, Кичево и Битола во текот на 2020/2021 со средства од АД ЕСМ во износ од 10 милиони евра и со одлука на Владата на Р. Северна Македонија, обезбеди чисто греење за голем број домови во општините со регистрирана највисока аерозагаденост и напуштање на …

Доделени повеќе инвертери од планираните во акцијата ,,10 милиони евра за 10 илјади инвертери” Read More »

Во Србија уште 6.699 заболени, починаа 51 пациент


  Во Србија, во последните 24 часа регистрирани се 6.699 новозаболени со ковид-19, а истовремено починаа уште 51 пациент. Во болница се лекуваат 6.597, а на респиратор се 288 пациенти. Во теокт на пандемијата од последиците на ковид-19 во Србија починаа 8.892 луѓе, а процентот на смртност е 0,87. Од почетокот на епидемијата тестирани се …

Во Србија уште 6.699 заболени, починаа 51 пациент Read More »

Кривичниот суд Скопје ја потврди казната од 19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска во предметот „Пино”


Кривичниот суд Скопје денеска ја потврди првична казна од 19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за соизвршителство на убиството на Пинета Секондо-Пино. Судскиот процес за овој предмет од страна на Апелациониот суд Скопје, беше вратен на повторно судење заради вештачењата. Во повторното судење вештачењата беа разјаснати од самите вештачи. Судењето за овој предмет го …

Кривичниот суд Скопје ја потврди казната од 19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска во предметот „Пино” Read More »

Царовска: Не е можна дигитална трансформација, без дигитализација на образованието


Економски раст за регионот на Западен Балкан, но и на секоја држава одделно не е возможен со забрзан чекор без дигитална трансформација, изјави за МИА министерката за образование и наука Мила Царовска, која денеска учествува на Дигиталниот самит за Западен Балкан во Подгорица. Таа посочи дека на Самитот ги споделила позитивните искуства од нашата земја, …

Царовска: Не е можна дигитална трансформација, без дигитализација на образованието Read More »

Француските власти со сателити ќе бараат скриени базени


Француските власти најавуваат користење сателитски фотографии во потрага по скриени базени и проширувања на имоти што сопствениците на куќи ги скриле од даночната администрација. Канцелариите за регистрација на земјиште ќе користат сателитски фотографии за да откријат можни промени во вредноста на имотот, според планот на даночната администрација, пренесува Хина. Работата на теренските инспектори ќе биде …

Француските власти со сателити ќе бараат скриени базени Read More »

ЕК со предлози до земјите членки за да се ублажи шокот од енергетските цени во ЕУ


Европската комисија денеска презентираше неколку алатки со кои земјите членки можат да го ублажат ценовниот енергетски шок за најранливите категории на граѓани. Предлозите во форма на комуникација не претставуваат структурен одговор, но Европската комисија ветува дека ќе ги преземе сите мерки што ги има на располагање за да се осигури дека енергетскиот пазар не се …

ЕК со предлози до земјите членки за да се ублажи шокот од енергетските цени во ЕУ Read More »

Борел повика на итен прекин на насилствата на северот од Косово


Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска повика на итен прекин на насилствата и на едностраните потези на северот од Косово, јавија српските медиуми. Реакцијата на Борел доаѓа по денешните раноутрински упади на косовската специјална полиција на повеќе локации на северот од Косово, при кои дојде до судири со српското население и до десетици повредени, …

Борел повика на итен прекин на насилствата на северот од Косово Read More »

ДИК: Градоначалниците да ги дезинфицираат гласачките места


Државната изборна комисија (ДИК) врз основа на одредбите од Изборниот законик ги задолжува сите градоначалници да организираат дезинфекција на сите гласачки места во објектите за гласање. Како што се наведува во соопштението од Комисијата, за оваа законска обврска ДИК во неколку наврати во изминатиот период писмено ги извести единиците на локалната самоуправа, со цел почитување …

ДИК: Градоначалниците да ги дезинфицираат гласачките места Read More »

Брнабиќ ја повика меѓународната заедница на итна реакција за провокациите на Приштина на северот на Косово


Српската премиерка, Ана Брнабиќ, ја повика меѓународната заедница да реагира на, како што наведе, новите провокации од Приштина. Како што е објавено на веб -страницата на српската Влада, Брнабиќ ја повика меѓународната заедница, НАТО и КФОР итно да реагираат „и да го зауздаат Албин Курти“. Таа посочи дека ситуацијата е повеќе од драматична и дека …

Брнабиќ ја повика меѓународната заедница на итна реакција за провокациите на Приштина на северот на Косово Read More »

Хаос во Косово, рането едно лице, уапсени осуммина


Едно лице е тешко рането во денешната акција на косовската полиција на северот на Косово, за која официјално беше соопштено дека е насочена против шверцери. Ситуацијата во Косовска Митровица и Звечан е напната од утрово, кога се слушнаа сирени за тревога. Од клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица велат дека се борат за животот на еден …

Хаос во Косово, рането едно лице, уапсени осуммина Read More »

Шилегов ќе именува заменик-градоначалник Албанец


Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на новинарско прашање за неговиот став во однос на темата отворена од лидерот на ДУИ Али Ахмети за претседател Албанец избран на избори, одговори дека е растоварен од национални предрасуди: „Сметам дека секој граѓанин во нашата држава има право да бира и да биде биран.“ Шилегов укажа дека со именувањето …

Шилегов ќе именува заменик-градоначалник Албанец Read More »

Промоција на романот „Бунар оловни солзи“, вториот дел од серијалот „Последна граница“ од Зоран Милошевски


Промоција на романот „Бунар оловни солзи“, вториот дел од научнофантастичниот серијал „Последна граница“ од Зоран Милошевски ќе се одржи во сабота, 19 часот во кино „Фросина“ (МКЦ – Скопје).   Се работи за продолжението на серијалот „Последна граница“, од кој првиот дел насловен како „Истапени сечила“ беше објавен во 2019 г.   По падот на …

Промоција на романот „Бунар оловни солзи“, вториот дел од серијалот „Последна граница“ од Зоран Милошевски Read More »

Хрватска првпат по пет месеци со над 2.000 новозаразени и дури 27 починати од Ковид-19


Во Хрватска во последните 24 часа забележани се 2.022 нови случаи на зараза со коронавирусот, извести во средата тамошниот Национален штаб на Цивилната заштита, што е првпат по пет месеци бројката на коронаинфекциите на дневно ниво да надмине две илјади. Покрај високиот број новозарзени, регистрани се 27 смртни исходи, што исто така е поголема бројка …

Хрватска првпат по пет месеци со над 2.000 новозаразени и дури 27 починати од Ковид-19 Read More »

Европскиот ден на органодарителството посветен на семејствата на донаторите на органи


Изминатите години интензивно работевме да се зајакне системот на трансплантација на органи, кој е многу комплексен процес, во кој парципиентите – лекарите се врвни експерти, што на некој начин ја прави круната во медицината, и во секој здравствените системи вклучително и нашиот, изјави министерот за здравство Венко Филипче на одбележувањето на Европскиот ден на органодарителството, кој оваа година е посветен на …

Европскиот ден на органодарителството посветен на семејствата на донаторите на органи Read More »

Арсовска: 11-те милиони евра планирани за градска куќа, јас ќе ги наменам за можности за младите


Актуелниот градоначалник на Скопје ја продал градската куќа и распишал оглас за купување нова градска куќа, информираше на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.  „Дури противзаконски, сред избори тој објавил оглас за оваа цел и планира да даде 11 милиони евра. Наместо да се потрошат 11те милиони евра за нови луксузни …

Арсовска: 11-те милиони евра планирани за градска куќа, јас ќе ги наменам за можности за младите Read More »

Променливо облачно, попладне повремен дожд и снег на планините


 Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне во западните делови со повремен дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират во останатите делови, кога повремено ќе бидат поинтензивни. Како што информираат од УХМР, на планините на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северен …

Променливо облачно, попладне повремен дожд и снег на планините Read More »