Арсовска би го ставила Бени Шаќири за директор на МКЦ, само ако исполнува критериуми


Бени Шаќири за директор на МКЦ, Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Скопје, поддржана од опозицијата, би го ставила само ако ги исполни критериумите на конкурсот.

„Јас верувам во ветинг на сите оние лица кои што во моментов се на тие позиции што ги имаат, меѓутоа, и на избор на најдобрите кадри по систем на меритократија. Така да, смешно е некој да рече дали некого тој и тој би го поставиле било каде. Треба да има конкурси кои што ќе се базираат на критериуми и на квалификации, пред се на меритократија, и да се избираат најдобрите луѓе за највисоките функции кои што треба да се обавуваат во градот заради интересот на сите скопјани“.

Таа ветува дека лица на чело на јавните претпријатија и установите под надлежност на градот, нема да се поставуваат по партиска заслуга, туку исклучиво според критериумите што се поставени во конкурсот.

„Поставување врз основа на политикантство, како што гледаме дека во овој момент има во градот Скопје и во јавните претпријатија, повеќе нема да има“, додаде Арсовска