Француските власти со сателити ќе бараат скриени базени


Француските власти најавуваат користење сателитски фотографии во потрага по скриени базени и проширувања на имоти што сопствениците на куќи ги скриле од даночната администрација.

Канцелариите за регистрација на земјиште ќе користат сателитски фотографии за да откријат можни промени во вредноста на имотот, според планот на даночната администрација, пренесува Хина.

Работата на теренските инспектори ќе биде сведена на минимум. Вештачката интелигенција ќе помогне во пребарувањето сателитски фотографии и ќе генерира автоматско предупредувачко писмо до сопствениците на имотот, со што ќе се намали потребата за персонал.

Француски медиуми јавија дека методот првично ќе биде оценет од девет департмани во земјата.

За време на првиот тест во еден департман се откриени дури 3.000 базени непријавени во даночната администрација.

Покрај тоа, откако законот беше изменет минатата година, даночните власти беа во можност да ги проценат сите податоци објавени на социјалните медиуми, во потрага по затајувачи на данок.

Во меѓувреме, огласите за работа во даночната администрација се менуваат. За новиот проект се бараат експерти специјализирани за „филтрирање корисни информации од слики“