Брнабиќ ја повика меѓународната заедница на итна реакција за провокациите на Приштина на северот на Косово

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, ја повика меѓународната заедница да реагира на, како што наведе, новите провокации од Приштина.

Како што е објавено на веб -страницата на српската Влада, Брнабиќ ја повика меѓународната заедница, НАТО и КФОР итно да реагираат „и да го зауздаат Албин Курти“.

Таа посочи дека ситуацијата е повеќе од драматична и дека „ова е последниот момент во кој е неопходна јасна реакција за да се запре налудничавата политика што ја води Приштина“.

„Ваквото однесување ја надмина секоја мерка и не носи на работ на хаос“, предупреди Брнабиќ.

Претходно балканските медиуми јавија дека едно лице од српска националност денеска е рането од огнено оружје во Звечан, и дека се наоѓа во тешка состојба.