Бројот на настрадани во поплавите во Бразил се искачи на 152


  Бројот жртви во поплавите и лизгањето земјиште во брзилскиот град Петрополис по обилните дождови се искачи на 152, соопштија властите. Спасувачите и жителите продолжуваат со потрагата по исчезнатите со бушење во калта, во суровата тишина на градот со 300.000 луѓе на југоистокот на земјата, кој бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го опиа како воена зона. …

Бројот на настрадани во поплавите во Бразил се искачи на 152 Read More »

Силен земјотрес ги погоди Филипините


Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска филипинскиот остров Минданао, соопшти германскиот Истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ). Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 10 километри. Минданао е вториот по големина остров на Филипините, и воедно најјужниот и …

Силен земјотрес ги погоди Филипините Read More »

Апликацијата на Трамп најверојатно од утре во продавницата на Епл


Апликацијата „Truth Social“, која ја покрена поранешниот американски претседател Доналд Трамп, би можела од утре да се најде во продавницата на Епл, пренесуваат западните медиуми, повикувајќи се на објавата на еден службеник за тест верзијата на споменатата апликација. Покренувањето на апликацијата ќе го врати присуството на Трамп на социјалните мрежи, кому повеќе од една година …

Апликацијата на Трамп најверојатно од утре во продавницата на Епл Read More »

САД: Русија има 75 отсто од конвенционалните сили насочени против Украина


 Според најновите проценки на американските разузнавачки служби, Русија сега има речиси 75 отсто од своите конвенционални сили насочени против Украина, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставник упатен во разузнавачките податоци. Изворот за Си-Ен-Ен изјавил дека концентрацијата на силите на оддалеченост од која може да биде нападната Украина е многу невообичаена и дека тоа е …

САД: Русија има 75 отсто од конвенционалните сили насочени против Украина Read More »

Пахор: ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат Западен Балкан


Претседателот на Словенија, Борут Пахор, денеска на панел дебатата за Западен Балкан на Безбедносната конференција во Минхен изјави дека ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат овој регион. Како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, Пахор истакна дека треба да се интензивира процесот на проширување на ЕУ и предупреди на потценување …

Пахор: ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат Западен Балкан Read More »

Пронајдена дрога и ножеви во угостителски објекти во Скопје, приведени седуммина


Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност викендов извршија контроли во 18 угостителски објекти. Притоа приведени се три лица, кај кои е пронајдена прашкаста материја и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.   Како што соопшти МВР, четири …

Пронајдена дрога и ножеви во угостителски објекти во Скопје, приведени седуммина Read More »

Путин го уверувал Макрон за повлекување на руските сили од Белорусија


 Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на францускиот колега Емануел Макрон дека има намера да ги повлече руските трупи од Белорусија штом ќе завршат тековните воени вежби, соопшти денеска кабинетот на Макрон. По телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, француското претседателство соопшти дека изјавата „ќе мора да биде проверена“ бидејќи е спротивна со изјавата на белоруската …

Путин го уверувал Макрон за повлекување на руските сили од Белорусија Read More »

Генчовска: Бугарија нема да ја премести својата амбасада од Киев


 Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска за бТВ изјави дека нејзината земја во оваа фаза нема да ја премести амбасадата од Киев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Генчовска, на веб-страницата на Министерството се пријавиле 83 бугарски државјани во Украина, а шест од нив изразиле желба да бидат евакуирани надвор …

Генчовска: Бугарија нема да ја премести својата амбасада од Киев Read More »

Прва жртва од пожарот на траектот во Грција


Припадници на противпожарната служба на Грција попладнево извлекоа безживотно тело на маж од траектот „Euroferry Olympia“, што воедно е и првата жртва од пожарот што избувна во петокот наутро, а продолжува потрагата по останати десет исчезнати патници, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално спасувачките екипи телото го пронашле јагленосано во кабина на камион. Утрово, …

Прва жртва од пожарот на траектот во Грција Read More »

Нови 668 случаи на Ковид-19, оздравени 887 лица, седум починати


Од направени 3.974 тестови во последните 24 часа, регистрирани се 668 нови случаи на Ковид-19 и 81 реинфекции. Оздравени се 887, а пријавени се седум починати лица, соопшти Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи во Скопје се 340, Битола – 43, во Куманово и Струмица по 33, Охрид …

Нови 668 случаи на Ковид-19, оздравени 887 лица, седум починати Read More »

Германија, од крајот на март, од мерки ќе има само носење маски


По 20 март, во Германија ќе престанат да важат повеќето мерки на ограничување поради корона вирусот, со исклучок на носењето маски. Германија во однос на другите европски земји релативно добро помина низ последниот бран од пандемијата, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој рече дека релаксацијата на мерите во Германија планирано е да се одвива во …

Германија, од крајот на март, од мерки ќе има само носење маски Read More »

Скопјанец починал од струен удар


Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на делот од пругата меѓу железничките станици Драчево и Лисиче, едно лице починало при повреда од струен удар. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за лицето С.Ц.(72) од Скопје, кој со трска за риболов ги допрел жиците. Како што информираат од МВР, екипа од …

Скопјанец починал од струен удар Read More »

Елисејска палата: Макрон и Путин за дипломатско решение


Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот руски колега Владимир Путин денеска се договорија да дозволат во наредните часови да се одржи состанок на работната група со цел да се постигне примирје во Украина, соопшти Елисејската палата. Путин и Макрон во телефонскиот разговор силно се обврзаа да ги преземат сите корисни активности за, како што наведува …

Елисејска палата: Макрон и Путин за дипломатско решение Read More »

Хрватска им препорача на своите граѓани да го напуштат источниот дел на Украина


 Хрватска им препорача на своите државјани во источна Украина да ја напуштат областа, изјави денеска министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман. Тој истакна дека одлуката е донесена во интензивна комуникација со хрватската амбасадорка во Украина и следејќи ги искуствата на другите земји, пренесува агенцијата Хина. – Ситуацијата е загрижувачка, но тоа не …

Хрватска им препорача на своите граѓани да го напуштат источниот дел на Украина Read More »

Претепан малолетник заврши во болница во Кавадарци


На 20.02.2022 во 00.50 часот во Полициската станица Кавадарци, од Општа болница Кавадарци било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен малолетник од Росоман. Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив малолетникот изјавил дека на 19.02.2022 околу 23.30 часот, при излегување од угостителски објект во Градски парк во Кавадарци, бил физички …

Претепан малолетник заврши во болница во Кавадарци Read More »

Протестираа кандидатите за директори на основни и средни училишта


Педесетина кандидати за директори на основни и средни училишта денеска протестираа пред Државниот испитен центар, затоа што доцнат обуките и испитните процедури. Тие се пожалија дека платиле пред шест месеци, но сè уште не биле повикани на обука, па најавуваат дека ќе се жалаат кај Народниот правобранител и меѓународната заедница. „Директорката смета дека треба да …

Протестираа кандидатите за директори на основни и средни училишта Read More »

Украинскиот претседател Зеленски повика на итен прекин на огнот


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски повика денеска на итен прекин на огнот во источниот дел на земјата, каде во изминатите денови се интензивираа судирите меѓу проруските и украинските сили. Тој, исто така, нагласи дека Украина ги поддржува мировните преговори во рамки на Трилатералната контакт група (ТЦГ), каде Украина учествува заедно со Русија и Организацијата за …

Украинскиот претседател Зеленски повика на итен прекин на огнот Read More »

Фото вест: Паркинг за инвалидизирани има, но на него се „паркирани“ контејнери


Во реонски центар во Општина Аеродром, на паркинзите има обележано посебни места за инвалидизирани возачи. Има и вертикален знак, кој покажува каде е местото. Но, фотографијата покажува дека тоа место е узурпирано од контејнери, па возачите со инвалидитет не можат да ги искористат своите поволности. Останува да се одговори, дали надлежните од „Комунална хигиена“ намерно …

Фото вест: Паркинг за инвалидизирани има, но на него се „паркирани“ контејнери Read More »

Во Битола запечатени четири угостителски објекти заради гости без Ковид-сертификат


Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд ноќеска, меѓу 01:30 и 04:30 часот, спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола. Притоа е констатирано дека 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без Ковид-сертификат и тие …

Во Битола запечатени четири угостителски објекти заради гости без Ковид-сертификат Read More »

Полска свикува вонредна седница на Постојаниот совет на ОБСЕ поради Украина


Полска, која моментно претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), денеска најави дека ќе свика вонредна седница на Постојаниот совет на таа организација поради ситуацијата во Украина. Украина побарала седницата да се одржи утре, се наведува во писмото што на Твитер го објави постојаниот претставник на Полска во ОБСЕ, Адам Халачинские. Западните …

Полска свикува вонредна седница на Постојаниот совет на ОБСЕ поради Украина Read More »