Фото вест: Паркинг за инвалидизирани има, но на него се „паркирани“ контејнери


Фото: Независен

Во реонски центар во Општина Аеродром, на паркинзите има обележано посебни места за инвалидизирани возачи. Има и вертикален знак, кој покажува каде е местото.

Но, фотографијата покажува дека тоа место е узурпирано од контејнери, па возачите со инвалидитет не можат да ги искористат своите поволности.

Останува да се одговори, дали надлежните од „Комунална хигиена“ намерно го узурпирале ова место одредено за лицата со инвалидитет за своите садови за отпад или пак тоа било дозволено од Општината.