Германија, од крајот на март, од мерки ќе има само носење маски


По 20 март, во Германија ќе престанат да важат повеќето мерки на ограничување поради корона вирусот, со исклучок на носењето маски.

Германија во однос на другите европски земји релативно добро помина низ последниот бран од пандемијата, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој рече дека релаксацијата на мерите во Германија планирано е да се одвива во три фази.

Во првата фаза, која треба да почне следните денови, се ублажуваат мерките за вакцинираните и оние кои ја прележале болеста, па се укинува ограничувањето за влез во малопродажни објекти, додека на сила за продавниците, јавниот превоз и сите затворени јавни објекти и понатаму останува носењето маски.

Втората фаза се очекува од 4 март, кога во угостителските објекти и хотелите треба да биде воведено 3Г правилото, што значи влезот им е дозволен само на оние кои се вакцинирани, прележани или имаат негативен тест.

Во третата фаза од 20 март, треба да се укинат сите преоистанати долгорочни мерки на заштита, со задолжително носење маски во затворен простор. Во Германија досега се вакцинирани 74,8 отсто од населението.