Бројот на настрадани во поплавите во Бразил се искачи на 152


 

Бројот жртви во поплавите и лизгањето земјиште во брзилскиот град Петрополис по обилните дождови се искачи на 152, соопштија властите.

Спасувачите и жителите продолжуваат со потрагата по исчезнатите со бушење во калта, во суровата тишина на градот со 300.000 луѓе на југоистокот на земјата, кој бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го опиа како воена зона.

Полицијата вели дека 165 луѓе и понатаму се водат како исчезнати по невремето од вторникот. Има малку надеж дека некој ќе биде пронајде жив под земјата и калта, како и под урнатините. Бројот на исчезнати се намалува како што се откриваат телата на жртвите, но конечниот број жртви, кој и понатаму е во пораст, останува неизвесен.

Меѓу жртвите има и 28 деца, а досега се идентификувани 124 тела, меќу кои и децата.

Папата Франциск во неделата изрази сочувство за семејствата на настраданите, по молитвата на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

„Ја изразувам својата блискост со сите кои овие денови беа погодени од природни катастрофи“, рече тој, мислејќи на разорениот Петрополис и Мадагаскар, кој беше опустошен од смртоносен цикол.

Силната бура којаво вторникот го погоди Петрополис, 60 километри северно од Рио де Женеиро, е последна во низата смртоносни бури кои го погодија Бразил, за што стручњаците ги смтаат одговорни климатските промени.

Во последните три месеци, повеќе од 200 луше настрадаа во поплави , главно во државите Сао Паоло на југоистокот и на Баиха на североистокот во Петрополис.