Евакуација во Алјаска поради огромна лавина


 Евакуација е наредена за жителите на предградие на Енкориџ во Алјаска, откако огромна лавина го затрупа патот. Се очекуваат и други лавини. Градоначалникот на Енкориџ, Дејв Бронсон во текот на вчерашниот ден издаде налог за евакуација. Тој изјави дека има „сериозна и непосредна закана по здравјето, безбедноста и благосостојбата на граѓаните“ во подрачјето на реката …

Евакуација во Алјаска поради огромна лавина Read More »

МЗ: Рано утрово двајца пациенти на дијализа добија бубрег од починат донор


Рано утрово двајца пациенти на дијализа добија бубрег од починат донор, направена и експлантација на коскени ткива. На Клиниката за урологија, во раните утрински часови заврши втората од двете трансплантации на бубрег, откако во саботата доцна во ноќта семејството на младо момче со мозочна смрт даде согласност за донирање на органите. Покрај бубрезите, екипата на …

МЗ: Рано утрово двајца пациенти на дијализа добија бубрег од починат донор Read More »

Шпанија од денеска го третира корона вирусот како грип


Шпанија од денеска ја третира инфекцијата со корона вирус речиси како нормална болест, слична на грип. Оние кои ќе се заразат со коронавирус и ќе развијат само благи симптоми или воопшто немаат симптоми, можат да продолжат да водат нормален живот. Веќе не се задолжителни ниту тестови, ниту домашна изолација. Досегашните мерки ќе продолжат да важат …

Шпанија од денеска го третира корона вирусот како грип Read More »

Семејство скокна од петти кат, биле дел од култ


Петчлено семејство во четвртокот скокнало од балкон на зграда во еден швајцарски град, а според информациите на порталот „Блик“, биле дел од движењето Препер. Загинаа 40-годишен татко, 41-годишната сопруга, нејзината сестра близначка, 8-годишнодевојче, а преживеа само 15-годишниот син, кој е во тешка состојба. Полицијата не објави како дошкло до трагедијата, но објаснијиа дека нивните полицајци …

Семејство скокна од петти кат, биле дел од култ Read More »

Почеток на официјалната кампања за претседателските избори во Франција


Дванаесетте кандидати за претседател на Франција од денеска ќе располагаат со подеднакво време за говор. Додека радиото и телевизијата ќе можат да емитуваат клипови од кампањата, Французите наскоро ќе ги добијат и програмите на претендентите за Елисејската палата, јавува дописникот на МИА. Изминатиот викенд беше во знакот на мобилизација на сите кандидати, со денешниот почеток …

Почеток на официјалната кампања за претседателските избори во Франција Read More »

Регулаторот ги повикува Французите да ја намалат потрошувачката на енергија


 Војната во Украина директно го постави прашањето за зависноста на европскиот континент од природниот гас од Русија. Претседателот на Комисијата за регулирање на енергијата , Жан-Франсоа Каренко, денеска ги повика сите Французи да штедат енергија уште сега, навестувајќи им го ризикот да се соочат со тензии во снабдувањето следната зима, јави дописникот на МИА. Во …

Регулаторот ги повикува Французите да ја намалат потрошувачката на енергија Read More »

Во Украина нема да се отворат хуманитарни коридори поради можни „руски провокации“


Украина денеска нема да отвори ниту еден хуманитарен коридор откако разузнавачките информации укажуваат на можни руски „провокации“ долж рутите за евакуација. Коридорите се наменети за евакуација на цивилите од опасните области. Украина ја обвини руските сили дека ги напаѓала рутите за евакуација. 

Утре започнува етапната исплата на мартовски пензии, со дополнителни 1.000 денари финансиска поддршка


Од утре (29 март) започнува етапната исплата на мартовските пензии, кои се повисоки за 1.000 денари. Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, повеќе од 330 илјади пензионери ќе ги добијат дополнителните 1000 денари со исплатата на мартовската пензија преку договорената директна финансиска помош која ќе биде исплатена и во месеците април …

Утре започнува етапната исплата на мартовски пензии, со дополнителни 1.000 денари финансиска поддршка Read More »

Каде руските олигарси ги кријат „црните пари“?


  Руските олигарси со години своите незаконски стекнати пари ги чуваат во странство, во лажни фирми, за тешко да се пронајдат, пишува Би-би-си. Но, бројни земји сега го прават токму тоа – ги бараат руските пари. Според американската тинк-тенк организација „Американ кансил“, Русите имаат околу 1.000 милијарди долари ткн. црни пари кои ги кријат во …

Каде руските олигарси ги кријат „црните пари“? Read More »

Најстудено во Берово и Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка


Најниски температури утрово во 8 часот се измерени во Берово (-3) и во Маврови Анови (-1). Во останатиот дел од земјата температурите над нулата. Во Струмица нула степени, еден во Скопје-Петровец, Битола и Демир Капија, 2 во Штип, Крива Паланка, Претор и Попова Шапка, 3 во Тетово, Охрид и Гевгелија, 4 во Прилеп, 5 Скопје-Зајчев …

Најстудено во Берово и Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка Read More »

Во Турција ќе се одржи нова рунда руско-украински преговори


 Делегациите на Русија и на Украина ќе одржат нова рунда разговори во живо во Турција од денеска до среда, најави еден од украинските преговарачи Давид Арахамија.   Рускиот главен преговарач Владимир Медински, исто така, најави одржување нова рунда преговори, но најави дека тоа ќе биде утре и в среда, без да го прецизира местото. – …

Во Турција ќе се одржи нова рунда руско-украински преговори Read More »

(Видео) Канада се пласираше на Светското фудбалско првенство за прв пат по 36 години


Репрезентацијата на Канада ќе се натпреварува на Светското првенство во Катар на крајот од оваа година. Канаѓаните предводени од селекторот Џон Хердман се пласираа на Мундијалот 2022, откако ноќеска во Торонто ја совлада Јамајка со 4:0 во натпреварот од 13. коло во квалификациите во зоната КОНКАКАФ. Така, Канада води во групата со 28 бодови во …

(Видео) Канада се пласираше на Светското фудбалско првенство за прв пат по 36 години Read More »

Зеленски: Борис Џонсон „помага повеќе од другите лидери“


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги пофали британскиот премиер Борис Џонсон и Велика Британија за нивниот одговор на руската инвазија. Во интервју за списанието Економист, тој рече дека „Британија дефинитивно е на наша страна“ и „не врши балансирачки чин“. – Да бидам искрен, Џонсон е лидер кој помага повеќе. Лидерите на земјите реагираат според тоа како …

Зеленски: Борис Џонсон „помага повеќе од другите лидери“ Read More »

Азербејџан демантира дека се повлекува од Нагорно-Карабах


Азербејџан ги негираше тврдењата на Москва дека ги повлекол своите сили од зоната низ која патролираат руските мировници во регионот Нагорно-Карабах.   – Нема промена во позицијата на азербејџанската армија во населбата Фарук, која е дел од суверените територии на нашата земја, соопшти синоќа азербејџанското Министерство за одбрана. Москва го обвини Азербејџан дека го прекршил …

Азербејџан демантира дека се повлекува од Нагорно-Карабах Read More »

Објавата на пресудата за предметот „Топлик“ одложена за 5 април


 Објавата на пресудата за предметот со КОК бр. 57/17 од обвинителството означен како „Топлик“ закажана за денеска, се презакажува за 5 април, 2022 година од 13 часот во Судница 1, информираат од Основен кривичен суд Скопје. Како што се наведува во соопштението од Судот, причина за презакажување на терминот е што еден од членовите на …

Објавата на пресудата за предметот „Топлик“ одложена за 5 април Read More »

Белата куќа ја појаснува изјавата на Бајден за смена на Путин, реакција и од Кремљ


 Американскиот претседател Џо Бајден денеска од Варшава повика на смена на рускиот претседател Владимир Путин. – Па овој човек не може да остане на власт, изјави Бајден. По реакцијата во јавноста, Белата куќа ја појасни неговата изјава. „Поентата на претседателот беше дека на Путин не може да му се дозволи да има власт над соседите …

Белата куќа ја појаснува изјавата на Бајден за смена на Путин, реакција и од Кремљ Read More »

Вечерва нов напад во Лавов, а погоден е резервоар за нафта


Вечерва се случи уште еден напад во Лавов, град во западна Украина, а еден од индустриските капацитети гори, по гранатирањето. Градоначалникот Андриј Садовиј на Твитер објави дека бил погоден резервоарот со нафта. „Станбената инфраструктура не е засегната. Сите служби за итни случаи се на таа локација. „Ве молиме, останете во засолништата пред да се изгаснат …

Вечерва нов напад во Лавов, а погоден е резервоар за нафта Read More »

Редок случај во медицината: Вториот близнак изваден со недопрена амнионска кеса


  Неверојатни фотографии сподели докторката која извршила породување на близнаци со царски рез во Шпанија, а втората близначка е извадена од стомакот на мајката со недопрена амнионска кеса, нешто што се случува на 80.000 породувања еднаш. Реткиот случај се случил во болницата во градот Винарос, во провинцијата Кастељон, во источниот шпански регион Валенсија. Гинекологот Ана …

Редок случај во медицината: Вториот близнак изваден со недопрена амнионска кеса Read More »

Прва пол-позиција во кариерата за Серхио Перез


Возачот на Ред Бул, Серхио Перез победи во квалификациите за трката за Големата награда на Саудиска Арабија одржани вечерва. За Мексиканецот ова е прва пол-позиција до која дојде со време 1:28.200 минута остварено во петтиот круг. Второ време забележа Шарл Леклер од Ферари, а неговиот тимски партнер Карлос Саинц е трет. Актуелниот шампион кој ја …

Прва пол-позиција во кариерата за Серхио Перез Read More »

Верати ги замоли навивачите да не ги навредуваат италијанските репрезентативци


Марко Верати побара од италијанските навивачи да не ги навредуваат играчите на репрезентацијата. Избраниците на Роберто Манчини пред два дена загубија од Македонија со 0:1 во баражот за СП 2022 година. – Кога победувате, лесно е да се заблагодарите на сите. Денеска сакам да го направам ова по поразот кој ни ја одзеде шансата да …

Верати ги замоли навивачите да не ги навредуваат италијанските репрезентативци Read More »