Семејство скокна од петти кат, биле дел од култ


Петчлено семејство во четвртокот скокнало од балкон на зграда во еден швајцарски град, а според информациите на порталот „Блик“, биле дел од движењето Препер.

Загинаа 40-годишен татко, 41-годишната сопруга, нејзината сестра близначка, 8-годишнодевојче, а преживеа само 15-годишниот син, кој е во тешка состојба.

Полицијата не објави како дошкло до трагедијата, но објаснијиа дека нивните полицајци дошле во нивниот стан кога семејстовот скокнало. Донесле налог за таткото кој не се појавил во училиштето од каде го викнале за да се информира за школувањето на неговиот 15-годишен син, кој учел дома.

„Блик“ пишува дека семејството живеело во изолација и за живот користела две одшест простории во станот. Со оглед на тоа дека мочето преживеа, полицијата се надева дека тој ќе ги објасни мотивите за ова сгрупно самоубиство.

Масовно самоубиство?

Францускиот медиум „Журнал ду Диманш“ објави сомнеж според кој се работи за масовно планирано самоубиство. Според нив, семејството било дел од култ, односно движењето Препер. „Паризиен“ пак, наведува дека прозорците во станот биле запечатени и дека семејството времето го поминувало во само две од шест простотрии во станот, додека другите простории биле полни лименки и амбалажа.

Соседот за медиумите вели дека тие често нарачувале пакети. Случајот е уште почуден со тоа што не се работи за анонимно семејство. Близначките пак, како што пишуваат медиумите се внуки на угледен алжирски книжевник кому оваа година му одбележаа 60 години од смртта, поради што на 15 март му беше оддадена чест на барање на францускиот претседател Емануел Макрон.

Го убиле, наводно, припадниците на десничарското движење кои се противеле на независноста на Алжир.

Нагло прекинале контакт

Еден лекн на семејството вели дека 15 години се нема слушнато со сопружниците, кои скокнаа од зградата. „Шест месеци по венчавката ги прекинавме сите контакти“, вели тој.

Осумгодишното девојче пак, не било пријавено дека живее на таа адреса.

Движењето Препер подразбира собирање големи залихи храна и вода и учење техники за самоодбрана и самоодржливост, а сѐ тоа во рамки на подготовките за судниот ден.