Најстудено во Берово и Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка


Најниски температури утрово во 8 часот се измерени во Берово (-3) и во Маврови Анови (-1). Во останатиот дел од земјата температурите над нулата. Во Струмица нула степени, еден во Скопје-Петровец, Битола и Демир Капија, 2 во Штип, Крива Паланка, Претор и Попова Шапка, 3 во Тетово, Охрид и Гевгелија, 4 во Прилеп, 5 Скопје-Зајчев Рид и Куманово, 6 Kрушево и Виница и 7 степшени во Дојран.

Најмногу снег има на Попова Шапка – 26 сантиментри и 6 см во Маврови Анови и Крушево.

Времето денеска претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд главно со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во ноќните часови ќе има слаби врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 19 степени.