Прва пол-позиција во кариерата за Серхио Перез


Возачот на Ред Бул, Серхио Перез победи во квалификациите за трката за Големата награда на Саудиска Арабија одржани вечерва. За Мексиканецот ова е прва пол-позиција до која дојде со време 1:28.200 минута остварено во петтиот круг.

Второ време забележа Шарл Леклер од Ферари, а неговиот тимски партнер Карлос Саинц е трет.

Актуелниот шампион кој ја брани титулата од сезоната 2021 година, Макс Верстапен ќе стартува од четвртата позиција.

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, забележа 16. време и за прв пат од 2017 година не го мина вториот сегмент од сесијата. Неговиот тимски колега Џорџ Расел заврши на шестото место.

Квалификациите беа прекинати двапати. Во првиот сегмент, Николас Латифи од Вилијамс се повлече од патеката. Во вториот сегмент, Мик Шумахер доживеа тешко излетување од патеката при што го искрши болидот.

Главната трка ќе се вози утревечер од 19 часот.