КСС бара од пратениците да не го гласаат Законот за административни службеници


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) која минатата среда излезе на предупредувачки протест пред Владата, е разочарана од односот на Владата бидејќи, според нивни информации, во Собрание веќе е поднесен Предлог-законот за административни службеници по скратена постапка. Ова законско решение, сметаат од КСС, е манипулативно бидејќи со него ќе се зголемат платите на вработените во јавниот …

КСС бара од пратениците да не го гласаат Законот за административни службеници Read More »

Пожар во фабрика во Волково


Голем пожар изби во деловен објект лоциран во Волково. Според информациите од терен, противпожарните екипи се веќе на пат, пренесува Скопјеинфо.мк. Пожарот настанал во дел од населбата каде има и куќи. Според изјави на жители, пожарот избувнал во столарска работилница, а жителите на околните куќи панично се обидуваат да го изгаснат.   Засега нема информации …

Пожар во фабрика во Волково Read More »

Нема толеранција за пијани возачи, неисправни возила, непочитување на сообраќајните правила и прописи


„Вози како секое дете на улица да е твоето“, е мотото на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како учесник во сообраќајот. Во обраќањето на денешната тркалезна маса „Безбедноста на пешаците во сообраќајот“, тој нагласи дека се труди секогаш да го почитува ова мото бидејќи за безбедноста во сообраќајот сме одговорни сите, тргнувајќи од самите …

Нема толеранција за пијани возачи, неисправни возила, непочитување на сообраќајните правила и прописи Read More »

Грција протерува 12 руски дипломати


Генералниот секретар на грчкото Министерство за надворешни работи го известил рускиот амбасадор дека 12 дипломати се прогласени за „персона нoн грата“, бидејќи не се однесувале во согласност со меѓународните правила. Со тоа Грција се придружи на голем број европски земји кои протераа руски дипломати, по инвазијата на Москва во Украина. ЕУ и нејзините сојузници претходно …

Грција протерува 12 руски дипломати Read More »

Пожар во ковид-центар болница во Солун – загина еден човек


Во болница во грчкиот град Солун, утрово избил пожар во кој настрада едно лице, соопшти противпожарната служба. Според истиот извор, телото на едно лице било пронајдено на вториот кат од болницата „Папаниколау“, во која се лекуваат болни од корона вирус, пренесе АП. Не е јасно што е причина за пожарот, како ни дали во зградата …

Пожар во ковид-центар болница во Солун – загина еден човек Read More »

Момчето кое ја прегази девојката кај „Сити мол“ призна вина


Возачот Јордан Ѓоргиев ја прегази девојката Викторија Николова од Радовиш кај „Сити мол“, по што призна вина пред судијката Љубинка Башевска. На Ѓорѓиев му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. „Се чувствувам виновен, жал ми е. Свесно го кажувам ова, никој не ме уценува. Знам дека ќе следи …

Момчето кое ја прегази девојката кај „Сити мол“ призна вина Read More »

„Пакомак“ доби нова петгодишна дозвола за работа


На компанијата „Пакомак“ и е продолжена дозволата за работа за постапување со отпад за уште пет години. Од компанијата денеска соопштија дека од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање позитивно е оценета апликацијата што ја поднеле на 24 март годинава. – Ова е резултат на севкупните активности кои беа реализирани изминативе години …

„Пакомак“ доби нова петгодишна дозвола за работа Read More »

Пожар во трафостаница, дел од новата соларна електрана „Осломеј“, а Ковачевски во посета


Претпладнево избувна пожар во трансформаторска станица што е дел од новоизградената соларна електрана на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“. Пожарот е изгаснат, а од компанијата истакнаа дека се работи за пробна работа и оти се можни  вакви дефекти. Инаку, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски денеска треба …

Пожар во трафостаница, дел од новата соларна електрана „Осломеј“, а Ковачевски во посета Read More »

Единбург на седум мориња


Во јужниот дел на Атланскиот Океан, 2.816 километри од Јужна Африка и 3.360 километри од Јужна Америка, се наоѓаат островите Тристан да Куња, на кои единствена населба е градот Единбург на седум мориња, кој се смета за едно од најзафрлените населби на светот. Доаѓањето на островот, кој прв го здогледам португалскиот морепловец Тристан да Куња …

Единбург на седум мориња Read More »

Паркинзи за велосипеди во станбените, деловните и сите јавни објекти во Центар


Паркинзи за велосипеди кај сите нови станбени, деловни и јавни објекти во рамки на градежна парцела треба да планираат инвеститорите, според одлуката изгласана на  седница на Советот на Општина Центар. Општина Центар ги задолжува инвеститорите кои поднесуваат барање согласно Законот за градење да обезбедат паркинзи за велосипеди секаде каде има простор и можност истите да …

Паркинзи за велосипеди во станбените, деловните и сите јавни објекти во Центар Read More »

Април месец на штрајкови – протестираат медицинарите, судовите, образованието и Пошта


По растот на минималната плата со субвенционирање од државата, со свои барања се активираа и вработените од голем број други сектори. Бараат повисока плата, односно скалест раст на платите во земјава, откако работниците наместо 15.000 денари, од овој месец, ќе земаат минималец од 18.000 денари. Здравство Утре, штрајк најавија медицинарите, вработени во примарното здравство. Приватните …

Април месец на штрајкови – протестираат медицинарите, судовите, образованието и Пошта Read More »

Цивилите во Тиграј жртви на воени и злосторства против човештвото


Безбедносните сили и нивните сојузници во спорниот дел на зафатената од војна северна Етиопија извршија злосторства врз Тиграјците кои се воени злосторства и злосторства против човештвото, соопштија две групи за човекови права. Амнести интернешнел и Хјуман рајтс воч (ХРВ) соопштија дека цивилите од Тиграј биле цел на „немилосрдна кампања за етничко чистење“ во регион од западниот дел …

Цивилите во Тиграј жртви на воени и злосторства против човештвото Read More »

Новата вакцина од Австрија штити од сите варијанти на корона вирусот


Новата вакцина од Австрија заштитува од сите варијанти на корона вирусот, соопшти Еуроком ПР, Меѓународна комуникациска мрежа на Град Виена. Тим научници од Медицинскиот универзитет во Виена разви нов тип вакцина против вирусот САРС-КоВ-2, а според податоците од претклиничките студии, ефикасна е против сите варијанти на вирусот, вклучувајќи ја и омикрон. Медиуми наведуваат дека, додека …

Новата вакцина од Австрија штити од сите варијанти на корона вирусот Read More »

Откриени можни рани знаци на Паркинсоновата болест


Истражување објавен во медицинско-невролошкото списание „JAMA“, открива симптоми на Паркинсонова болест кои може да се забележат кај пациенти години пред дијагнозата, како што се губење на слухот и епилепсија. Првата студија од ваков вид во Обединетото Кралство го анализираше невродегенеративното нарушување кај прилично разновидна популација, во обид да се погледне одблизу како болеста влијае на …

Откриени можни рани знаци на Паркинсоновата болест Read More »

САД продаваат пакет-опрема вредна 95 милиони долари за поддршка на ПВО системите „Патриот“ на Тајван


Американскиот Стејт департмент одобрил потенцијална продажба на опрема, обука и други ставки за надградба на системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Тајван, во вредност од 95 милиони долари, соопшти Пентагон. Пакетот предвидува обука, планирање, поставување, распоредување и одржување на тајванските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, соопшти американското Министерство за одбрана. Агенцијата за одбранбена и безбедносна …

САД продаваат пакет-опрема вредна 95 милиони долари за поддршка на ПВО системите „Патриот“ на Тајван Read More »

Перу го укина полицискиот час воведен поради големите протести


 Претседателот на Перу Педро Кастиљо ја укина наредбата за воведување полициски час, која беше донесена во понеделникот по големите протести и незадоволството на граѓаните изразено низ целата земја. – Морам да објавам дека ја укинуваме наредбата за полициски час. Сега го повикуваме народот на Перу да остане мирен, рече Кастиљо на седницата со перуанските конгресмени. …

Перу го укина полицискиот час воведен поради големите протести Read More »

(ФОТО) Порше заврши со речиси откинато тркало во сообраќајка кај ПСС во Ново Лисиче


Вечерва нешто пред 20 часот во скопски Аеродром се случи сообраќајка откако автомобил „порше“ според неофицијални информации најверојатно излетал од патот, по што завршил со материјална штета, односно, со речиси откинато тркало. За среќа нема повредени во несреќата. На местото се насобраа голем број на граѓани, а полицијата врши увид.

Во струшки хотел пронајдена жителка од Шпанија барана со потерница


Триесет и девет годишна жителка на Шпанија, барана со потерница од Интерол, вчера е пронајдена во хотел во Струга, соопшти СВР Охрид. Според информацијата на портпаролот Стефан Димоски, полициски службеници од полициската станица Струга и Секторот за меѓународна полициска соработка ја пронашле К.М.Т., која по извршен разговор посочила дека без нејзина согласност била држена затворена …

Во струшки хотел пронајдена жителка од Шпанија барана со потерница Read More »

Средношколците бараат бесплатен автобуски и железнички превоз во сите региони од државата


Сојузот на средношколци подготви закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование со кои ќе се воведе правилен превоз за сите средношколци на територија на целата држава. Со нашиов предлог сите средношколци ќе го добијат правото на бесплатен автобуски и железнички превоз во сите региони во текот на целата календарска година, истакна претседателот …

Средношколците бараат бесплатен автобуски и железнички превоз во сите региони од државата Read More »

Нови 236 заболени од Ковид-19, нема починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.212 тестови, а регистрирани се 236 нови случаи со Ковид-19 и 252 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 236 новозаболени од Скопје се 125, Битола – 29, Кавадраци – 12, Прилеп и Гевгелија – по 10, Охрид – 9, Ресен – …

Нови 236 заболени од Ковид-19, нема починати Read More »