САД продаваат пакет-опрема вредна 95 милиони долари за поддршка на ПВО системите „Патриот“ на Тајван


Американскиот Стејт департмент одобрил потенцијална продажба на опрема, обука и други ставки за надградба на системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Тајван, во вредност од 95 милиони долари, соопшти Пентагон.

Пакетот предвидува обука, планирање, поставување, распоредување и одржување на тајванските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, соопшти американското Министерство за одбрана.

Агенцијата за одбранбена и безбедносна соработка на Пентагон синоќа го информирала Конгресот за можната продажба. Независно добиеното одобрение од Стејт департментот, се уште не е потврдено дали договорот е веќе потпишан или преговорите по него се завршени.