ССМ на 1 Мај ќе протестира пред Собранието и Владата за линеарно зголемување на платите од најмалку 2.806 денари


Протестот што го организира Сојузот на синдикати на Македонија на 1 Мај ќе започне пред зградата на Синдикатот по што ќе продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата. Од ССМ бараат линеарно зголемување на сите плати во јавниот и приватниот сектор од најмалку 2.806 денари во …

ССМ на 1 Мај ќе протестира пред Собранието и Владата за линеарно зголемување на платите од најмалку 2.806 денари Read More »

Жител на кумановско село измамен за 500 евра


 Жител на кумановско село бил измамен за 500 евра, соопшти денеска полицијата. Измамникот му понудил да му размени 500 евра и му дал фалсификувана банкнота.   – Вчера во 21:00 часот во СВР Куманово, 21-годишен маж од кумановско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 500 евра. Според пријавеното, лицето му понудило да му размени …

Жител на кумановско село измамен за 500 евра Read More »

Грчката претседателка позитивна на Ковид-19


Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу е позитивна на Ковид-19, со благи симптоми и е во карантин во нејзиниот дом, соопштија од претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина. По направен молекуларен тест, Сакеларопулу добила позитивен резултат, веќе е во изолација, а се одложени сите закажани активности. Грчката претседателка е вакцинирана со три дози од вакцината. 

Од 1 мај Грција го укинува сертификатот во внатрешноста на земјата, за патување дополнително ќе се донесе одлука


 Сертификатот за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од 1 мај до 31 август се укинуваат, а за правилата за патување дополнително ќе се донесе одлука, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, претпладнево …

Од 1 мај Грција го укинува сертификатот во внатрешноста на земјата, за патување дополнително ќе се донесе одлука Read More »

Маските паднаа, но короната не е умрена


Од денеска, по цели две години се укина задолжителното носење на заштитна маска од Ковид-19, со исклучок во јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на стари лица и лица со попреченост. Низ маркетите денеска може да се забележи дека дел од потрошувачите и од продавачите носат маски, а …

Маските паднаа, но короната не е умрена Read More »

ОН: Поради корона вирусот расте бројот луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија


Пандемијата на корона вирусот минатата година доведе уште 77 милиони луѓе до екстремна сиромаштија и многу држави во светот до неможност економски да се опорават од трошоците за отплата на долговите, состојба регистрирана и пред почетокот на војната во Украина, соопштија Обединетите нации. Во извештајот на Светската организација се наведува дека богатите земји би можеле …

ОН: Поради корона вирусот расте бројот луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија Read More »

ДЗР објави ревизорски извештај на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово


Државниот завод за ревизија го објави конечниот ревизорскиот извештај на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово. Во клучните утврдени состојби се наведени неправилности при пресметка и исплата на плати за вработени во претпријатието, обврски кон Буџетот на Општина Куманово во износ од 121.838 илјади денари по основ на надомест за одржување  јавна чистота, како и …

ДЗР објави ревизорски извештај на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово Read More »

(Во живо) Изјави на Сали и Докиќ


Проследете во живо изјави на министерот за здравство Беким Сали и директорот на Пулмологија, Дејан Докиќ и алергологија за отворање нов центар.  

Заев за грчки „Ајидисис“: Преспанскиот договор вредеше и допрва ќе се покаже дека вреди


Поранешниот премиер Зоран Заев ќе учествува на третиот Конгрес на грчката опозициска партија СИРИЗА што ќе се одржи од 14 до 17 април, а непосредно пред патувањето во Атина, во интервју за грчкиот информативен портал „Ајидисис“ порачува дека Договорот од Преспа вредеше и допрва ќе се покаже дека вреди и го претвори проблемот во решение, …

Заев за грчки „Ајидисис“: Преспанскиот договор вредеше и допрва ќе се покаже дека вреди Read More »

Јавен оглас за рецензенти на учебници


Министерството за образование и наука објави оглас за рецензенти на учебници за предмети во прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование. Кандидатите што ќе се пријават за рецензирање на учебниците треба да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот, да бидат наставници од основно  училиште соодветни за конкретниот предмет …

Јавен оглас за рецензенти на учебници Read More »

Додик: Го почитувам Дејтонскиот договор, не и правилата што ги наметнуваат странските сили


Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, истакна дека настојува да остане доследен на политиката што ја води, да го почитува Дејтонскиот договор, но не да потклекнува пред очекувањата на странските сили, главно на оние од Запад. „Повеќе ја сакам поддршката на народот отколку на западните бирократи кои ни наметнуваат свои правила. Прифатен сум …

Додик: Го почитувам Дејтонскиот договор, не и правилата што ги наметнуваат странските сили Read More »

Претседателите на Летонија, Литванија, Естонија и Полска во посета на Киев


Претседателите на балтичките држави и на Полска денеска ќе го посетат Киев и предвидено е да се сретнат со шефот на украинската држава Володимир Зеленски. – Патуваме кон Киев со силна порака за политичка поддршка и воена помош. Литванија ќе продолжи да ја поддржува борбата на Украина за нејзиниот суверенитет и слобода. Заедно до победа, …

Претседателите на Летонија, Литванија, Естонија и Полска во посета на Киев Read More »

Бугарски универзитет и три приватни македонски универзитети потпишаа меморандуми за соработка


Високата школа за осигурување и финансии од Бугарија потпиша меморандуми за соработка со приватните универзитети во Северна Македонија – Универзитетот АУЕ-ФОН, Скопје, Универзитет Американ Колеџ, Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово. Како што јави дописникот на МИА од Софија, меморандумите меѓу универзитетите даваат можности за академска соработка, изработка на заеднички наставни програми преку кои …

Бугарски универзитет и три приватни македонски универзитети потпишаа меморандуми за соработка Read More »

Џонсон: Ја прифаќам казната на полицијата за кршење на карантинот


Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека ја прифаќа казната на полицијата за кршење на правилата за карантин во 2020 година и оти го разбира гневот на јавноста, но повтори дека тогаш не мислел дека го прекршил законот. – Морам да кажам, искрено, тогаш не ми падна на памет дека можеби во прашање е кршење на правилата. Но, се разбира, …

Џонсон: Ја прифаќам казната на полицијата за кршење на карантинот Read More »

Почна процес за креирање нова национална стратегија на лицата со попреченост


Министерството за труд и социјална политика ќе биде носител на креирање концепт за нова Национална стратегија за лицата со попреченост на Република Северна Македонија за наредните седум години.   Владината прес-служба соопшти дека денеска се одржал прв работен состанок за креирање на Стратегијата, со кој претседавал Спасе Додевски, надворешен советник за унапредување на образованието, здравствената …

Почна процес за креирање нова национална стратегија на лицата со попреченост Read More »

Пентагон: Не можеме да потврдиме употреба на хемиско оружје во Мариупол


САД внимателно ги следат извештаите за руски хемиски напад во Мариупол но засега не можат да ги потврдат исказите низ социјалните мрежи, изјави денеска на брифинг за новинарите Џон Кирби, портпарол на Пентагон. -Не можеме да го потврдиме тоа. Гледаме со сериозност што се случува, набљудуваме и правиме сè што е во наша моќ да дознаеме ако …

Пентагон: Не можеме да потврдиме употреба на хемиско оружје во Мариупол Read More »

ЕУ: Да се спречи нова криза на глад и миграција во светот


Европската унија и Франција како претседавач со ЕУ покренаа иницијатива за итна мобилизација со цел соочување со последиците што војната во Украина ќе ги има врз светските пазари за храна. Европскиот план се заснова на зајакнување на земјоделското производство, стабилизирање на пазарот и трговијата со храна, како и меѓународната солидарност, а треба да се дефинира до крајот на јуни за да се спречи евентуална нова …

ЕУ: Да се спречи нова криза на глад и миграција во светот Read More »

Расте бројот на загинати во тропската бура на Филипините


Најмалку 43 лица загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од тропската бура Меги во централниот и јужниот дел на Филипините, соопштија локалните власти. Спасувачките екипи денеска трагаа по 28 лица, а потрагата била затоа што се стемнило. Невремето предизвика свлечишта, како и порои од кал и врнежи. Повеќе од 17.000 луѓе ги напуштија своите поплавени куќи каде беше исклучена струјата. Меги, позната на Филипините по локалното …

Расте бројот на загинати во тропската бура на Филипините Read More »

Во метрото во Бруклин застрелани повеќе луѓе: Најдени експлозивни направи


  Дури 13 луше се пренесени во болница по пукање во метро-станица во Бруклин, Њујорк, потврдено е за Си-ен-ен. Засега не се знае тежината на нивните повреди. Полицајците околу 8.30 часот по локално време повикани се во станицата на метрото на 36 улица на линиите Де, Ен и Ар, кои поминуваат низ населбата Сансет Парк, …

Во метрото во Бруклин застрелани повеќе луѓе: Најдени експлозивни направи Read More »

Методија Димовски именуван за нов генерален секретар на Владата


Методија Димовски е назначен за нов генерален секретар на Владата на денешната владина седница, потврдија од Владата за МИА. Димовски е член на Инспекцискиот совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето, а досега работел на повеќе работни и раководни места во јавната администрација, во меѓународни организации и како независен консултант. …

Методија Димовски именуван за нов генерален секретар на Владата Read More »