Во метрото во Бруклин застрелани повеќе луѓе: Најдени експлозивни направи


 

Дури 13 луше се пренесени во болница по пукање во метро-станица во Бруклин, Њујорк, потврдено е за Си-ен-ен. Засега не се знае тежината на нивните повреди.

Полицајците околу 8.30 часот по локално време повикани се во станицата на метрото на 36 улица на линиите Де, Ен и Ар, кои поминуваат низ населбата Сансет Парк, вели портпаролката на полицијата. Исто така, примиле дојава дека од станицата излегува чад.

Портпаролката на њујоршките пожарникари вели дека пронашле повеќе екплозивни направи, кои за среќа, не експлодирале.

На социјалните мрежи се појавија снимка и фотографии на кои се гледа како крвави и ранети луѓе лежат на подот во подземната.

Компанијата која управува со подземната железница вели дека нема дополнителни информации за тоа што се случило.

Њујорк пост пишува дека се верува оти осомничениот бил облечен во некаква градежна облека, велат очевидци.

Заради истрагата сопрен е сообраќајот на оваа линија.