Жител на кумановско село измамен за 500 евра


 Жител на кумановско село бил измамен за 500 евра, соопшти денеска полицијата. Измамникот му понудил да му размени 500 евра и му дал фалсификувана банкнота.
 
– Вчера во 21:00 часот во СВР Куманово, 21-годишен маж од кумановско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 500 евра. Според пријавеното, лицето му понудило да му размени 500 евра, по што тој му дал денари, а при размената лицето му дало фалсификувана банкнота, соопшти полицијата.
 

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.