Поради сообраќајка во прекин патот Куманово – Кратово, кај село Железница


 Поради случена сообраќајна несреќа, сообраќајот на патниот правец Куманово – Кратово, кај село Железница е во прекин во двете насоки. Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин од 8:00 часот. 

За грчката црква е прифатлива автокефалноста на Охридската архиепископија, но не и името МПЦ


  Православната црква на Грција денеска излезе со соопштение од нејзиниот Свет Синод, во кое се вели дека Атинската архиепископија на чело со архиепископот Јероним, со задоволство го примила писмото од Вселенската патријаршија во кое се известува за „исцелението на расколот од 1967 година и востановувањето на црковното општење“ на светата Охридска архиепископија, под водство …

За грчката црква е прифатлива автокефалноста на Охридската архиепископија, но не и името МПЦ Read More »

Дизелот поскапува за 2,5 денари, ќе чини рекордни 104,5


Ново поскапување на дизелот почнува од ноќеска на полноќ. Малопродажната цена на дизелот ќе се зголеми за 2,5 денари и од утре ќе изнесува 104,5 денари, што е рекорд. Цените на бензините остануваат исти, односно Еуросупер 98 ќе се продава по 112 денари за литар, а Еуросупер 95 за 110 денари по литар. Иста останува …

Дизелот поскапува за 2,5 денари, ќе чини рекордни 104,5 Read More »

Арсовска најави реконструкција на повеќе улици и булевари низ Скопје


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска најави започнување на проектите од програмата со рокови на имплементација во три фази до крајот на август оваа година. Изградба, реконструкција и асфалтирање на улици и булевари, фекална и атмосферска канализација, нови зелени површини се дел од проектите на кои градот интензивно ќе работи во периодот што следи.   – …

Арсовска најави реконструкција на повеќе улици и булевари низ Скопје Read More »

По првпат откриена микропластика во свежи снежни врнежи на Антарктикот


Резултатите од студија на научниците од Нов Зеланд, објавени денеска, покажаа дека микропластика е пронајдена по првпат во свежиот снег што неодамна падна на Антарктикот, што може да го забрза топењето на снегот и мразот и да претставува закана за уникатните екосистеми на тој континент. Ситна пластика, помала од зрно ориз, претходно била пронајдена во …

По првпат откриена микропластика во свежи снежни врнежи на Антарктикот Read More »

Јанчев обезбеди бесплатно чистење оџаци за кавадарчани


Како дел од активностите на Општина Кавадарци, а кои се во насока на обезбедување поквалитетни услуги на своите жители, Општина Кавадарци воведува оџачарска услуга којa што подразбира чистење и контрола на уредите за спроведување на чад со што се овозможува нормално функционирање на оџаците. Оџачарските услуги ќе ги извршуваат стручно обучени и лиценцирани лица од …

Јанчев обезбеди бесплатно чистење оџаци за кавадарчани Read More »

Груевски доби шест години затвор за Белата палата, Божиновски условно осуден


Судот ги прогласи за виновни во случајот „Талир 2“, поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство и поранешниот генерален секретар на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски. Никола Груевски доби казна затвор од шест години, а Божиновски условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако не стори ново кривично дело. …

Груевски доби шест години затвор за Белата палата, Божиновски условно осуден Read More »

Синдикатот на УКИМ бара итна средба со Владата


Синдикатот на УКИМ бара од Владата во најкус можен рок да одржат средба, на која ќе се разговара за зголемување на платите на вработените и потпишување на Колективен договор.   – Се надеваме дека, како и за другите професии и дејности во државата на кои што значително и неколкукратно им беа покачени платите, Владата ќе покаже разбирање и подготвеност …

Синдикатот на УКИМ бара итна средба со Владата Read More »

РКЕ ќе носи одлука за цената на горивата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа. – Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде во сила од вечер на полноќ, изјави за МИА портпаролката на РКЕ, …

РКЕ ќе носи одлука за цената на горивата Read More »

Нови 73 случаи со Ковид-19, двајца починати и 66 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.194 тестови, а регистрирани се 73 нови случаи со Ковид-19, еден починат и 66 оздравени пациенти. Од вкупниот број позитивни (73), регистрирани се седум реинфекции. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирано е едно починато лице од …

Нови 73 случаи со Ковид-19, двајца починати и 66 оздравени пациенти Read More »

(Во живо) Пресуда за „Талир 2“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска во 12:30 часот ќе биде објавена пресудата за случајот „Талир 2“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД …

(Во живо) Пресуда за „Талир 2“ Read More »

Приведено лице кое со возило прегази група пешаци во Берлин


Германската полиција приведе лице за кое се смета дека денеска со возило извршило напад врз група луѓе во Берлин. „Се верува дека приведениот маж влетал во група луѓе. Не е познато дали се работи за несреќен случај или осомничениот со намера го извршил тоа дело“, соопшти полицијата додавајќи дека осомничениот е приведен на местото на …

Приведено лице кое со возило прегази група пешаци во Берлин Read More »

Јакимовски ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ: „Не можам да дозволам некој да си поигрува со мене“


  Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски (ГРОМ) денеска информираше дека ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. „За жал, целото мое искуство како четврти мандат за градоначалник, очигледно дека не успеваме да се разбереме на соодветен начин и да ја тераме работата. Начинот на работа со опструкции, инает, подметнување, навреди не е соодветен за коалициски партнери. Начинот …

Јакимовски ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ: „Не можам да дозволам некој да си поигрува со мене“ Read More »

Џафери побара координаторите од мнозинството да обезбедат кворум за 74. седница, ВМРО-ДПМНЕ не е во салата


Собранието денеска треба да ја одржи 74-тата седница на чиј дневен ред има 20 точки меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, по скратена постапка. Претседателот на Собранието Талат Џафери ја отвори седницата со 50 минути задоцнување, но таа не може да започне бидејќи …

Џафери побара координаторите од мнозинството да обезбедат кворум за 74. седница, ВМРО-ДПМНЕ не е во салата Read More »

До сабота нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи


 До сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, информира УХМР. Во петок се очекуваат пообилни количини воден талог. …

До сабота нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи Read More »

Повторно дојави за бомби во Србија: Овојпат во 214 училишта во Белград


Во 214 училишта во Белград има дојави за поставени бомби. Дојавите пристигнале на емајл адреси на 148 основни и 66 средни училишта, соопшти Министерството за образование. Според претходно утврдената процедура, објектите се евакуирани, а учениците ќе може да се вратат во училишните клупи, штом се утврди дека тоа е безбедно. Екипи на Министерството за внатрешни …

Повторно дојави за бомби во Србија: Овојпат во 214 училишта во Белград Read More »

Синдикалната кошница во мај зголемена за речиси три илјади денари во однос на јануари


Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемиле за 2.980 денари во однос на јануари, покажуваат пресметките што секој месец ги прави Сојузот на синдикати на Македонија, изработувајќи ја синдикалната минимална кошница. Според објавените податоци, синдикалната кошница во мај изнесувала 38.791 денар и е зголемена за 8,32 проценти во споредба со јануари …

Синдикалната кошница во мај зголемена за речиси три илјади денари во однос на јануари Read More »

Мештани во Србија исчистија партизански споменик, сега им се заканува казна


  Мештаните на селото Баваниште во Србија може да добијат драстични казни затоа што на сопствена иницијатива одлучиле да го исчистат споменикот на жртвите од Втората светска војна. Но, во нивната намера ги спречила комуналната инспекција која им се заканила дека ќе ги уапси, пишува „Новости“. Им рекле дека тоа што го прават не е …

Мештани во Србија исчистија партизански споменик, сега им се заканува казна Read More »

Силно невреме во Словенија предизвика поплави и пожари


Студениот фронт со силен дожд и ветер, кој во текот на ноќта ги зафати речиси сите делови на Словенија, уништи дрвја и покриви, а пожарникарите мораа да испумпуваат вода од поплавените згради и да изгаснат пожар предизвикан од молња. Словенечката управа за цивилна заштита и помош при катастрофи соопшти дека невремето е низ целата земја, …

Силно невреме во Словенија предизвика поплави и пожари Read More »

Дополнителни автобуси на ЈСП за Задушница


Поради верскиот празник Задушница, во петок (10.06.2022 година) јавниот превоз ќе сообраќа по саботен возен ред.   Во петок, сабота (11.06.2022 год) и недела (12.06.2022 год) на линиите 59 (Карпош3-Кучевишка бара-Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.   Распоредот на возниот ред е достапен на веб …

Дополнителни автобуси на ЈСП за Задушница Read More »