Повторно дојави за бомби во Србија: Овојпат во 214 училишта во Белград


Во 214 училишта во Белград има дојави за поставени бомби.

Дојавите пристигнале на емајл адреси на 148 основни и 66 средни училишта, соопшти Министерството за образование.

Според претходно утврдената процедура, објектите се евакуирани, а учениците ќе може да се вратат во училишните клупи, штом се утврди дека тоа е безбедно.

Екипи на Министерството за внатрешни работи се на терен и ги прегледуваат објектите, се додава во соопштението.

Неколку недели наназад во српските училишта пристигнуваат дојави за поставени бомби во училиштата, а неколкупати и во трговски центри и на аеродроми. Пораките се праќаат на електронска пошта. Луѓето се авакуираат, а децата неколку дена следеа онлајн наствава и не одеа во училишните згради. Полицијата ги ангажираше своите специјални единици за проверка на зградите.  Исто така, полицијата соопшти дека заканите стигнуваат од електронски пошти од Полска, Гамбија, Иран, нигерија, Украина, Словенија и од Русија.