Мештани во Србија исчистија партизански споменик, сега им се заканува казна


 

Мештаните на селото Баваниште во Србија може да добијат драстични казни затоа што на сопствена иницијатива одлучиле да го исчистат споменикот на жртвите од Втората светска војна.

Но, во нивната намера ги спречила комуналната инспекција која им се заканила дека ќе ги уапси, пишува „Новости“.

Им рекле дека тоа што го прават не е во надлежност на граѓаните, туку тоа треба да го направи општината Ковин. Заради чистењето на партизанскиот споменик комуналната инспекција на мештаните им се заканува со прекршочни казни во износ од 50.000 динари, што е околу 26.000 денари.

„Инспекторите нѐ малтретираа два часа, три пати викаа полиција, се закануваа дека ќе нѐ уапсат. Полицијата не сакаше да дојде затоа што не е сторено никакво кривично дело. Нѐ нарекуваа хулигани, а тоа беа само жени со метли и еден маж. ни рекоа дека не е на нас да чистиме, а 30 години оние чија должност е да исчистат, не го исчистија споменикот“, вели една мештанка од Баваништа за „Новости“.

Жителите на Баваништа се лути и велат дека ќе продолжат со уредување на селото затоа што не прифаќаат некој да може да им го забрани тоа.