Јакимовски ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ: „Не можам да дозволам некој да си поигрува со мене“


 

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски (ГРОМ) денеска информираше дека ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

„За жал, целото мое искуство како четврти мандат за градоначалник, очигледно дека не успеваме да се разбереме на соодветен начин и да ја тераме работата. Начинот на работа со опструкции, инает, подметнување, навреди не е соодветен за коалициски партнери. Начинот на работа каде еден ќе диригира на коалициските партнери или Советот на Карпош е несоодветен и ваквиот начин е незапаметен за работата на нашата општина. Максимално сме незадоволни од соработката со ВМРO-ДПМНЕ. Од тие причини сакам да ви соопштам дека на ваков начин со ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претеседател не можам да соработувам“ – кажа Јакимовски.

Тој спомена дека се соочувал со навреди, омаловажување по 99 месеци коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас со моите години, искуство, карактер, не можам да дозволам некој да си поигрува со мене, интересите на граѓаните, советот на Карпош. Затоа јас и Карпош мора да се спротиставиме на инструкциите, на командите од еден центар“, објасни Јакимовски.