Загина жител на Вратница откако излета од пат со четирицкл


Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираа дека синоќа околу 22 часот жител на тетовското село Вратница, Општина Јегуновце, го изгубил животот по излетување од пат со четирицикл. Педесет и осумгодишникот починал од здобиените повреди на местото на несреќата. – На 02.08.2022 во 21.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат Беловиште-Вратница, …

Загина жител на Вратница откако излета од пат со четирицкл Read More »

Кризата со недостиг на работна сила во Германија го достигна врвот


Кризата со недостигот на квалификувана работна сила го достигна својот врв во Германија, а речиси половина од германските компании се погодени од недостаток на стручњаци, соопшти денеска Институтот за економски истражувања Ifo од Минхен. „Во јули, 49,7 отсто од анкетираните компании рекоа дека се погодени од недостиг на работна сила“, објави Институтот Ifo од Универзитетот …

Кризата со недостиг на работна сила во Германија го достигна врвот Read More »

Младите во Србија најпозитивни кон Црногорците и Македонците, најнегативни кон Албанците


Младите во Србија имаат најпозитивен однос кон припадниците на црногорската и македонската националност, а најнегативен однос кон албанската, покажа овогодинешниот Алтернативен извештај за положбата и потребите на младите во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. -На скалата од еден до четири, со тоа што еден значи „секогаш имавме блиски и пријателски односи со нив“, …

Младите во Србија најпозитивни кон Црногорците и Македонците, најнегативни кон Албанците Read More »

Нови 178 случаи со Ковид-19, четворица починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.238 тестови, а регистрирани се нови 178 случаи со Ковид-19, две починати лица од Скопје (72г и 60г) и 592 оздравени пациенти. Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ се регистрирани …

Нови 178 случаи со Ковид-19, четворица починати Read More »

Поради надградба на системот не функционира плаќањето паркинг со СМС порака


Јавното претпријатие „Градски паркинг“ информира дека поради надградба на системот за зонско паркирање, денеска не е во функција наплаќањето преку смс порака. Тоа значи дека смс пораките за наплата на паркинг, од крајните корисници не можат да се процесираат до ЈП „Градски паркинг“. Поради ова, од претпријатието ги замолуваат корисниците на зонско паркирање да го …

Поради надградба на системот не функционира плаќањето паркинг со СМС порака Read More »

Групацијата Арикома ја купува компанијата „Мусала Софт“


Групацијата АРИКОМА (ARICOMA) и „Мусала Софт“ најавуваат договор за аквизиција на „Мусала Софт“. Групацијата АРИКОМА, која е дел од KKCG, е европски давател нa ИТ услуги и напредни технологии, кој се развива со забрзано темпо. Оваа инвестиција е уште еден чекор напред во стратешкиот развој на АРИКОМА.    Со „Мусала Софт“, Групацијата АРИКОМА ќе се состои …

Групацијата Арикома ја купува компанијата „Мусала Софт“ Read More »

Инфлацијата во Турција достигна речиси 80 отсто


Инфлацијата во Турција во јули достигнала годишна стапка од 79,6 отсто, што е нејзината највисока вредност во изминатите 24 години, покажаа во средата објавените резултати на турската агенција за статистика, а тоа е последица од континуираното слабеење на националната валута лирата и високите глобални трошоци за енергијата и суровините. Претходно се предвидуваше дека на годишно …

Инфлацијата во Турција достигна речиси 80 отсто Read More »

Абазовиќ: Со потпишувањето на Темелниот договор испратена е пораката за мир и толеранција


Црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ, денеска, по потпишувањето на Темелниот договор со СПЦ изјави дека му е чест и задоволство што со денешното потпишување на договорот на убав и достоинствен начин се стави крај на процесот кој, како што кажа, траеше предолго. -Идејата за потпишување договор со Српската православна црква е стара. Жалам што не беше …

Абазовиќ: Со потпишувањето на Темелниот договор испратена е пораката за мир и толеранција Read More »

Лавров: САД сè уште не понудиле да се разговора за Договорот за контрола на нуклеарното оружје


– Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за време на денешната посета на Мјанмар истакна дека САД сè уште не понудиле никакви нови разговори за контрола на нуклеарното вооружување. – Тие дури и не предложија да се обноват овие разговори, посочи Лавров. Новиот договор за разоружување СТАРТ, единствениот преостанат голем договор за контрола на оружјето …

Лавров: САД сè уште не понудиле да се разговора за Договорот за контрола на нуклеарното оружје Read More »

Највисокото дрво на светот забрането за посета


Највисокото дрво на светот, што се наоѓа во Националниот парк Редвуд во Калифорнија (САД), е забрането за туристи. Имено, посетата на дрвото секвоја високо 116 метри сега е официјално забранета. Управата на паркот објави дека сите посетители кои ќе бидат фатени близу огромното растение, може да добијат до шест месеци затвор и парична казна од …

Највисокото дрво на светот забрането за посета Read More »

Задутре завршува пријавувањето за сместување студенти од втора до шеста година во студентските домови


До 5 август трае електронското пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови, кое почна на 18 јули, и се однесува на студенти од втора до шеста студиска година и апсолвенти. За студентите од прва година, рокот за аплицирање е од 5 до 16 септември 2022, односно откако ќе помине првиот рок за упис …

Задутре завршува пријавувањето за сместување студенти од втора до шеста година во студентските домови Read More »

Oколу 1.700 ученици и наставници ги посетија предавања за финансиска едукација на НБ


Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари продолжи да работи на натамошно унапредување на финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, 88 наставници и професори од основни …

Oколу 1.700 ученици и наставници ги посетија предавања за финансиска едукација на НБ Read More »

Михаил Иванов: Унилатералната изјава за јазикот е алиби за Бугарија


  Со унилатералната изјава во однос на македонскиот јазик, Бугарија всушност измисли „вештачка формула“ со која се прави обид „да не се каже дека го признава македонскиот јазик“ и со тоа се создаде неверојатна бариера во односите меѓу двете земји, смета професорот на софискиот Нов бугарски универзитет, Михаил Иванов во интервју за БНР. Според  Иванов, …

Михаил Иванов: Унилатералната изјава за јазикот е алиби за Бугарија Read More »

Започнува еколошката обнова на грчкиот Национален парк Дадиас по катастрофалниот пожар


Мапирање и проценка на промените во екосистемите; ангажирање привремен персонал, орнитолози и шумари; грижа за дивите животни во соработка со надлежните органи и невладини организации; одредување ризик од поплави и мерки за заштита доколку е потребно; повторување на пописот на птиците грабливки на пролет; подготовка на долгорочен план за следење на текот на обновата во …

Започнува еколошката обнова на грчкиот Национален парк Дадиас по катастрофалниот пожар Read More »

Шредер, пријателот на Путин, вели дека доаѓа крај на војната


  Герхард Шредер, поранешниот германски канцелар и пријател на Владимир Путин, рече дека рускиот претседател сака да преговара за решение за војната во Украина. Додаде дека минатомесечнана спогодба за испорака на жито може да биде чекор во тој правец. „Добрата вест е дека Кремљ сака договорено решение. Прв успех е спогодбата за житото, кој може …

Шредер, пријателот на Путин, вели дека доаѓа крај на војната Read More »

Канзас гласаше против ограничување на правата на абортус


  Граѓаните на американската сојузна држава Канзас синоќа на референдум се изјаснија против обидот за укинување на уставната заштита на правото на абортус, во првото изјаснување на населението откако американскиот Врховен суд ја отфрли пресудата од предметот „Ро против Вејд“. Жителите на Канзас гласаа по однос амандманот поврзан со пресудата на Врховниот суд од 2019 …

Канзас гласаше против ограничување на правата на абортус Read More »

Првите оценки за „Куќа на змејот“ повеќе од ветувачки


Првите рецензии за новата серија на „Ејч-би-о“, „Куќа на змејот“ (House of the Dragon), претпродолжението на „Игра на престоли“ (Game of Thrones), се во тек, па некои критичари тврдат дури и дека е „подобар од ‘Игра на престоли’ и од ‘На лош пат’ (Breaking Bad)“. Премиерата на серијата е закажана за 21 август, а дејството …

Првите оценки за „Куќа на змејот“ повеќе од ветувачки Read More »

Зеленски бара легализација на истополовите бракови


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа побара од Владата да го анализира прашањето за легализација на истополовите бракови, но нагласи дека таква одлука не може да се донесе додека трае војната што ја започна Русија.   Киев ја зајакна поддршката за правата на ЛГБТК+ заедницата откако прозападните лидери дојдоа на власт во 2014 година. Парламентот во …

Зеленски бара легализација на истополовите бракови Read More »

ЦУК: Активни се два пожари во Кумановско и во Крушево


Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека до 14.30 часот се евидентирани три пожари на отворено од кои еден е веќе изгаснат. Активен е пожарот кај местото Шупли Камен, кумановско, каде гори сува трева во близина на викендици, а на терен се пожарникари од ТППЕ Куманово. Активен пожар има и во општина Крушево кај …

ЦУК: Активни се два пожари во Кумановско и во Крушево Read More »

Кочанчанец се застрелал во дланката


Ноќеска, околу 3.20 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Хируршко одделение Кочани за укажување на лекарска помош дошол Н.Б.(48) од Кочани, со прострелна рана на дланката, за која изјавил дека е последица од самоповреда. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека на место викано „Наддабо“, во село Бели, кочанско, повредениот …

Кочанчанец се застрелал во дланката Read More »