Поради надградба на системот не функционира плаќањето паркинг со СМС порака


Фото: Б. Грданоски

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ информира дека поради надградба на системот за зонско паркирање, денеска не е во функција наплаќањето преку смс порака.

Тоа значи дека смс пораките за наплата на паркинг, од крајните корисници не можат да се процесираат до ЈП „Градски паркинг“.

Поради ова, од претпријатието ги замолуваат корисниците на зонско паркирање да го користат алтернативниот начин за наплата – со купување на греб картички.

Оттаму посочуваат дека се работи на што побрзо ставање во функција на надградениот систем и оти јавноста ќе биде навремено информирана штом оваа услуга стане повторно достапна за граѓаните.