Шредер, пријателот на Путин, вели дека доаѓа крај на војната
Герхард Шредер, поранешниот германски канцелар и пријател на Владимир Путин, рече дека рускиот претседател сака да преговара за решение за војната во Украина.
Додаде дека минатомесечнана спогодба за испорака на жито може да биде чекор во тој правец.
„Добрата вест е дека Кремљ сака договорено решение. Прв успех е спогодбата за житото, кој може почека да се продолжи како прекин на огнот“, рече Шредер за неделникот „Стерн“ и RTL/ntv, додавајќи дека минатата недела се состанал со Путин во Москва.
Русија и Украина, минатиот месец, постигнаа спогодба за деблокада на извозот на житариви од црноморските пристаништа, а првиот брод што превезе украинско жито на светските пазари од почетокот на инвазијата стигна синоќа во Турција.
Шредер рече дека решенија за клучните проблеми, како Крим, може да се пронајдат со тек на време, „можеби не оповеќе од 99 години, како во Хонгконг, туку веќе следната генерација“. Тој рече дека алтернатива за членството на Украина во НАТО може да биде оружена неутралност, како Австрија.
Иднината на регионот Донбас на истокот на Украина, упориште на жестоки борби, би била, всушност, посложена.
„Ќе мора да се најде решение по швајцарски кантонален модел“, рече тој и додаде дкеа останува да се види дали Путин ќе се врати на предвоената „линија на допир“ во прекинот на огнот.
Шредер, канцелар од 1998 до 2005 година, ја критикуваше војната во Украина, но одби да го осуди Путин, кого и понатаму го нарекува личен пријател, пренесе „Index.hr”.
Во Германија, сѐ повеќе е маргинализиран поради прорускиот став. а одземено му е и правото на канцеларија која се финансира со јавни пари.