Пожар во стан во Мичурин, интервенира противпожарната служба


Пожар попладнево избувна во станбен објект во Мичурин, јави известувачот на МИА од терен. Во моментот интервенираат екипи од Противпожарната единица на Град Скопје. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот. 

Владата го одобри францускиот предлог, во вторник прва меѓувладина конференција во Брисел


  Откако Собранието ги усвои заклучоците Владата веднаш одржа седница на која донесе одлука за одобрување на предлогот на француското претседателство. За таа одлука премиерот Димитар Ковачевски информираше на прес-конференција по завршувањето на седницата, нагласувајќи дека со тоа отпочнува процесот на пристапни преговори на Македонија со Европската унија. Тој соопшти дека првата меѓувладина конференција ќе …

Владата го одобри францускиот предлог, во вторник прва меѓувладина конференција во Брисел Read More »

Беснеат пожари низ Европа, во тек евакуации: „Ова е постапокалиптично“


  Илјадници пожарникари се борат со огнот низ Европа. Големи шумски пожари беснеат во Португалија, Шпанија, Франција, Грција и други европски земји. Шумски пожари се проширија на југозападот на Франција на речиси 10.000 хектари. До денеска од покраината Жиронд евакуирани се повеќе од 12.000 луѓе, а повеќе од 1.000 пожарникари се обидуваат да ги изгасат …

Беснеат пожари низ Европа, во тек евакуации: „Ова е постапокалиптично“ Read More »

Во Хрватска повеќе од 100 говеда угинаа од антракс


 Во Хрватска денеска е потврдено присуство на антракс од кој веќе угинале повеќе од 100 говеда, а четири лица се во болница. Лабораториска анализа на примероци од угинати животни направил Хрватскиот ветеринарен институт во Загреб. Министерството за земјоделство во Загреб соопшти дека кај говедата што угинале во реонот на паркот на природата „Лоњско Поље“ е потврдена болеста …

Во Хрватска повеќе од 100 говеда угинаа од антракс Read More »

Се пукало на свадба во Тетово, па раниле дете


Ноќеска, во 2.10 часот во СВР Тетово се пријавил З.З.(32) од Скопје поради сомнение дека синоќа (15 јули) околу 20.00 часот, на семејна свеченост во Тетово, пукал со огнено оружје, а куршумот повредил малолетник, кој бил присутен на свеченоста и на кого му е укажана лекарска помош. Се превземаат мерки за расчистување на случајот, по …

Се пукало на свадба во Тетово, па раниле дете Read More »

Затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели во Струга


Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во Струга е затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели и спречено е производство на дрога вредна пет милиони евра. Акцијата е спроведена вчера во објект во селото Дрслаица во општина Струга. – При контролата е констатирано дека инсталираниот видео надзор не го покрива целиот објект и …

Затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели во Струга Read More »

Тони Блер: Ерата на доминација на Западот се ближи кон крајот


Поранешниот британски премиер Тони Блер предупреди дека ерата на западната политичка и економска доминација се ближи кон крајот поради рускиот напад врз Украина и подемот на Кина како „втора суперсила“ во светот. Тој рече дека западните сили мора да ги зголемат трошоците за одбрана за да ја задржат својата воена надмоќ. Според Блер, „бруталната и неоправдана“ инвазија на Владимир Путин врз Украина покажа дека Западот …

Тони Блер: Ерата на доминација на Западот се ближи кон крајот Read More »

Во Косово повеќе од 1.000 новозаразени, Србија – 2.520


  Ковид-19 зема замав во соседството. Така денеска во Косово се регистрирани 1.084 новозаразени, додека во Србија, 2.520. Во Косово биле тестирани 2.811 луѓе, од кои 1.084 биле позитивни на корона вирус. Во истиот шериод, од последиците на Ковид-19 починал еден пациент, соопшти косовското министерство за здравтство. Во моментот во Косово, активни се 4.902 случаи. …

Во Косово повеќе од 1.000 новозаразени, Србија – 2.520 Read More »

Шефицата на ММФ бара итни мерки против инфлацијата


Шефицата на ММФ Кристалина Георгиева денеска ги предупреди претставниците на Г20 да преземат итна акција за борба против инфлацијата, предупредувајќи дека „екстремно неизвесната глобална економска перспектива може да се влоши ако продолжат повисоките цени“. Говорејќи на состанокот на финансиските претставници на Групата 20 големи економии во Индонезија, Георгиева рече дека ескалацијата на руската војна во Украина го …

Шефицата на ММФ бара итни мерки против инфлацијата Read More »

Албанскиот претседател Мета го поздрави одобрувањето на францускиот предлог во македонскиот Парламент


Албанскиот пртседател Илир Мета го поздрави одобрувањето на францускиот предлог од страна на македонскиот Парламент, оценувајќи дека „тоа го отвора патот за почеток на преговори за членство во ЕУ и за Албанија“.   -Го поздравувам гласањето за предлогот на Макрон во Собранието на Северна Македонија, кое го отвора патот за преговори за членство во ЕУ следната …

Албанскиот претседател Мета го поздрави одобрувањето на францускиот предлог во македонскиот Парламент Read More »

Со 68 гласови „за“ Собранието ја задолжи Владата да го продолжи патот кон ЕУ


Со 68 гласови „За“ Собранието ги усвои предложените заклучоци со кој се задолжува Владата да го продолжи процесот за прием во ЕУ, а пратениците од власта со знамињата на Македонија и на ЕУ,  станаа и со аплауз го поздравија овој потег. Пратениците од опозицијата не присуствуваа во собраниската сала за време на гласањето. Во меѓувреме, …

Со 68 гласови „за“ Собранието ја задолжи Владата да го продолжи патот кон ЕУ Read More »

Ковачевски: Благодарност до пратениците кои гласаа за европска иднина на државата


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски изрази огромна благодарност и честитки до пратениците кои денеска во Собранието ги изгласаа заклучоците за европскиот предлог. -Честитки и огромна благодарност до пратениците кои денеска покажаа демократски капацитет, ги поддржаа заклучоците за европскиот предлог и гласаа за европска иднина на државата. Нема поголем патриотизам од поддршката …

Ковачевски: Благодарност до пратениците кои гласаа за европска иднина на државата Read More »

Албански медиуми: Македонскиот парламент го одобри францускиот предлог, се отвора патот кон ЕУ


 „Македонскиот парламент го усвои францускиот предлог, се отвора патот кон ЕУ“, „Парламентот на Северна Македонија го одобри францускиот предлог-68 пратеници гласаа ЗА“, се само дел од насловите на информациите кои ги пренесуваат албанските медиуми, кои во континунитет информираа околу расправата во македонскиот парламент во врска со францускиот предлог.   -Собранието на Северна Македонија денеска го одобри …

Албански медиуми: Македонскиот парламент го одобри францускиот предлог, се отвора патот кон ЕУ Read More »

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заверија на нотар изјави дека нема да прифатат промена на Уставот


 Вкупно 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како гаранција кон народот, заверија на нотар изјави дека со мирна совест и здрава свест нема да прифатат промена на Устав, информираше лидерот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција. – Нема отстапување ниту милиметар од ова, нема чекор назад бидејќи зад нас е сè што имаме, нашето достоинство, …

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заверија на нотар изјави дека нема да прифатат промена на Уставот Read More »

Повеќе од 2 милиона луѓе во Германија примаат помош во храна


  Бројот на луѓе кои примаат помош во храна во Германија надмина 2.000.000, што е зголемување на 50 отсто од почетокот на годината, пренесе агенцијата Анадолија. Во соопштението а Здружението на народни кујни Тафел, кој пружа доброволна помош во храна во Германија, се наведува дека од почетокот на годината бројот на корисници на помош во …

Повеќе од 2 милиона луѓе во Германија примаат помош во храна Read More »

Г20 со „силен консензус“ за глобалната безбедност на храната, но без конечна изјава


Министрите за финансии на 20-те најголеми светски економии (Г20) постигнаа „силен консензус“ на дводневниот состанок во Индонезија за прашања како што е глобалната безбедност на храната, но беа поделени во нивниот став за руската инвазија на Украина. Џенет ЈеленАмериканската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека поради разликите во ставовите, министрите за финансии и гувернерите …

Г20 со „силен консензус“ за глобалната безбедност на храната, но без конечна изјава Read More »

Пожарите продолжуваат да се шират на југозападот на Франција, изгореа 10.000 хектари


Шумските пожари во југозападна Франција денеска се проширија на речиси 10.000 хектари во провинцијата Жиронд, додека во петокот беа 7.300 хектари. Повеќе од 12.200 луѓе се евакуирани од областа до сабота наутро, а повеќе од илјада пожарникари се обидуваат да ги локализираат пожарите, се вели во соопштението на властите на провинциите Нова Аквитанија и Жиронд. …

Пожарите продолжуваат да се шират на југозападот на Франција, изгореа 10.000 хектари Read More »

Зеленски: Руското општество ќе биде оштетено со децении поради војната во Украина


Руското општество ќе биде оштетено со децении поради војната во Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето традиционално полноќно видео обраќање, Зеленски истакна дека Украина ќе ги заштити „човештвото и цивилизацијата“. – Образовните институции уништени од руските напади во Украина ќе бидат обновени. Сепак, руското општество, со толку многу убијци и џелати, ќе остане …

Зеленски: Руското општество ќе биде оштетено со децении поради војната во Украина Read More »

Левандовски кариерата ќе ја продолжи во Барселона


Полскиот фудбалер Роберт Левандовски ќе биде нов играч на Барселона. Баерн ја прифати понудата на Каталонците од 50 милиони евра и тој во текот на викендот и официјално ќе стане нов играч на тимот од „Ноу Камп“. Роберт Левандовски мина осум години во Баерн, одигра 375 натпревари и постигна 344 гола за Баварците. Со Баерн …

Левандовски кариерата ќе ја продолжи во Барселона Read More »