Французите по временската ќе гледаат енергетска прогноза


 

Француската влада претставува национален план за штедење енергија во текот на зимата за да спречи недостиг, најавувајќи им на граѓаните секојдневни прогнози за снабдувањето со струја, но и затворање на топлата вода на далечина.

Францускиот план вклучува мерки какви воведоа и други земји, како заштеда на јавна расвета, греење на ниски температури и намалување на потрошувачката на топла вода во државните институции. Но, париз воведе и една новина за граѓаните да ги натера да ја намалат потрошувачката – прогноза за снабдувањето со струја.

По временската прогноза извештај за електричната мрежа
Граѓаните секој ден, по временската прогноза и меѓу телевизиските емисии, треба да добиваат информација за оптоварувањето на електричната мрежа, проследени со зелени, жолти и црвени симболи кои ќе покажуваат колку струја е достапна, јави „Паризиен“.

Зелените симболи ќе порачуваат дека потрошувачката на електрична енергија е во рамнотежа, а жолтите же искажуваат притисок на снабдувањето.

Црвениот симбол пак, ќе значи дека можен е прекин на снабдувањето и на граѓаните ќе им порачува да ја намалат потрошувачката меѓу 8 и 12 часот, на пример, машината за перење да ја користат во друг дел од денот.

Мерките за штедење не вклучуваат и гасење на телевизорите, а владата се надева дека прогнозите ќе допрат до 80 отсто од граѓаните.

Можно е затворање на топлата вода

Јавноста е зачудена од можната директна интервенција во потрошувачката на топла вода. РТЕ има можност на далечинско затворање на топлата вода меѓу 12 и 14 часот, што на своја кожа ќе може да го попуваствуваат околу 4,3 милиони домаќинства. Потрошувачката на топла вода ќе се ограничува со вмреженото броило за струја „Линки3.

Париз се подготвува за недостиг на струја бидејќи повеќе од половина од вкупно 56 нуклеарни електрани не надвор од употреба поради одржување. франција, значителен дел од струјата ја произведува токму во нуклеарните лектрани. Во моментот не се знае дали електраните повторно ќе проработат до зимата, како што бара владата.

Проблемите со нуклеарната енергија искрснаа во незгоден момент, со оглед на намалената достапност до природен гас поради санкциите кои западните земји ги воведоа кон Русија по нејзината инвазија на Украина.

Франција поради енергетската криза веќе повторно ја покрена термоелектраната на јаглен во Сент-Ацолд, потсетува агенцијата ДПА.