Путин слави 70 роденден, два дена ќе му се чита молитва


 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска наполни 70 години, а роденденот му го честита и патријархот Кирил, кој на сите лаици и свештенството им препорача да читаат молитви за здравје на врховниот челник на Русија со најдолг стаж по Јосиф Сталин.

Путин, кој последниот ден во 1999 година дојде на власт, се соочува со најголемиот предизвик во владеењето откако инвазијата на Украина доведе до најтешка конфромтација со Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

Путин на својот роденде треба да присуствува на неформален самит на Заедницата на независни држави во Санкт Петербург, поранешна престолнина на царстото втемелен од Петар Велиги и воедно негов роден град.

Посебни дводневни молитви

Понизните функционети го поздравија Путин како спасител на модерна Русија, додека рускиот патријарх ги замоли верниците да изговорат дводневни молитви за Бог на Путин да му дари „здравје и долговечност“.

„Те молиме, Господе Боже, на поглаварот на руската држава Владимир Владимировиќ да му ја подариш својата голема милост и великодушност, здравје и долговечност и да го избавиш од сите видливи и невидливи непријатели. Зацврсти го во модроста и духовната сила“, рече Кирил.

Путин, кој вети дека ќе го заврши хаосот кој ја зафати Русија по падот на Советскиот Сојуз 1991 година, се соочува со најсериознaта воена криза со која кој и да е шеф на Кремљ се соочил барем од војната во Авганистан 1979-1989,

Дури и вообичаено лојаните сојузници на Кремљ ги осудија воените пропусти, иако засега не го критикуваат самиот претседател.

Осврнувајќи се на роденденот на Путин, поранешниот писател на говори во Кремљ, Абас Гљамов, рече дека „на годишнините вообичаени се сумираат резултатите, но тие се толку жалосни што подобро е да не се обрнува многу внимание на годишнината“.