Нема промена во цените на услугите кои ги нуди ЈП „Градски паркинг“ – Скопје


Фото: Б. Грданоски

ЈП „Градски Паркинг“ – Скопје испрати соопштение до јавноста во кое посочи цека цените на услугите што ги нуди претпријатието, по сите основи, остануваат непроменити и се согласно „Ценовникот на услуги на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Во моментов цените на услугите на пајак службата се непроменети и изнесуваат:

2.500 денари – подигнување и пренос на возило до „Депо Пајак“ по налог на овластено лице,

3.500 денари – подигнување на возило од зелена површина,

1.500 денари – подигнување на непрописно паркирано возило по налог на овластено лице, кога сопственикот се појавува на лице место и самостојно го отстранува,

1.000 денари – повик од трето лице за транспорт на 1-10 возила и

800 денари – повик од трето лице за транспорт на повеќе од 10 возила.

Од претпријатието апелираат до граѓаните и корисниците на нашите услуги да не обраќаат внимание на шпекулации и за сите прашања слободно да се обратат до службите на претпријатието.