Тренерот монструм осуден на 109 години робија


 

Бразилскиот тренер Фернандо де карваљо Лопез осуден е на 109 години и осум месеци затвор поради силување четири гимнастичарки.

Случајот беше откриен во 2018 година и конечно тој е осуден за сексуално злоставување на четири спортистки, од кои една малолетна.

Тоа не беа единствените тужби, затоа што повеќе од 40 спортисти и спортистки открија дека Лопез ги злоставувал во периодот од 1999 до 2016 година.

Според пишувањето ан весникот „Глобо еспорте“, една од жртвите имала само 13 години кога во 2016 година им раскажала на родителите што ѝ се случило во гимнастичарскиот тим.

Кога се прочу за нападот, се јавија уште седум други, некои како сведоци, а енкои како жртви, иако случајот беше на маса веќе две години.

Во 2018 година, по повеќемесечна истрага се јавија 40 лица кои го тужеа поранешниот тренер за сексуално злоставување, поради што Вишиот спортски суд му забрани да се занимава со гимнастика.

Сепак, Карваљо Лопез, кој еден месец пред Олимпијадата во Рио 2016 година беше исфрлен од репрезентацијата на Бразил, уверува дека е невин и дека ќе ја обжали пресудата, така што допуштено му е да биде на слобода за време на жалбениот процес.

Во пресудата судијката Фернанда Алвес да Роча наведе дека, откако се докажани четири злосторства над четири жртви, вкупната казна изнесува 109 години и осум месеци затвор.

Додаде дека затворот му е одреден поради сериознос и грубост на казненото дело кое обвинетиот го извршил над жртвите и тоа во подолг временски период, при што го користел својот статус на тренер и авторитетот кој го имал.