Лажни се дојавите за бомби во училиштата


Полицијата изврши детални проверки во седум училишта во Скопје каде имаше дојави за бомби, и соопшти дека станува збор за лажни пријави. Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека седум училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за …

Лажни се дојавите за бомби во училиштата Read More »

Тренчевска: Законот за финансиска поддршка на ранливи категории усвоен од Собранието


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати до сите граѓани во врска со вчерашното усвојување на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза од страна на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија. „Во време на економска и енергетска криза точно ги мапиравме …

Тренчевска: Законот за финансиска поддршка на ранливи категории усвоен од Собранието Read More »

Почна комисиската расправа за улогата на АНБ и АР при доделување македонско државјанство на Онишченко


 Во Собранието денеска почна расправата во Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) во безбедносната проверка на лицето Олександр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство. – Причината за оваа седница е бидејќи во изминатиов период се соочуваме со непријатности поврзани со …

Почна комисиската расправа за улогата на АНБ и АР при доделување македонско државјанство на Онишченко Read More »

Октомвриската инфлација во Британија е највисока во последните 40 години


Зголемените сметки за енергија во домаќинствата и цените на храната ја поттикнаа британската инфлација на нов 41-годишен рекорд во октомври, покажаа податоците, кои се обновени еден ден пред презентацијата на министерот за финансии Џереми Хант за зголемување на даноците и намалување на јавните трошоци за да се запре инфлацијата. Потрошувачките цени во Велика Британија минатиот месец се …

Октомвриската инфлација во Британија е највисока во последните 40 години Read More »

Дизелот се намалува за три, бензините за два денари


Од ноќеска на полноќ се намалува цената на дизелот за три денари, на бензините за два, а на екстра лесното масло за домаќинство за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси. -Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени …

Дизелот се намалува за три, бензините за два денари Read More »

Бугарскиот премиер Донев најави состанок на Советот за безбедност


Бугарскиот премиер Гулаб Донев најави дека ќе го свика Советот за безбедност на преодната влада, јави дописникот на МИА од Софија. Бугарскиот совет ќе расправа за заканите од ескалација на конфликтот во Украина, откако Полска беше погодена од ракета во вторникот, при што загинаа двајца нејзини граѓани. Средбата во Софија ќе се одржи по состанокот …

Бугарскиот премиер Донев најави состанок на Советот за безбедност Read More »

По хакерските напади Албанија ќе потроши 2,8 милиони евра за модернизација на серверите


 Нападите на иранските хакери во албанската кибернетичка мрежа и постојано објавувањето мејлови и документи на високи функционери, донесе директна закана по националната безбедност, поради што владата одлучи да ги модернизира серверите на албанскиот систем. -По овој сериозен преседан кога беше нападната платформата e-Albania и системот TIMS каде што сите лични и државни податоци станаа јавни, …

По хакерските напади Албанија ќе потроши 2,8 милиони евра за модернизација на серверите Read More »

Намалена работата на македонската градежна оператива во странство


 Во периодот јануари – септември годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 130.564.000 денари, што е за 21,6 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Во првите девет месеци од годинава градежната оператива од Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност …

Намалена работата на македонската градежна оператива во странство Read More »

Итни законски измени за надминување на проблемот со педијатри во Охридската болница


Детското одделение во охридската Општа болница една година не хоспитализира пациенти, ниту има 24 часовни дежурства. Причина за тоа е немањето доволно педијатри. Двајца доктори вршат само амбулантски прегледи од 8 до 20 часот, во работни денови. Во доцните ноќни часови, викендите и празниците, болните деца се носат во Струшката болница. Таму, пак, сликата е …

Итни законски измени за надминување на проблемот со педијатри во Охридската болница Read More »

Расчистен случајот со пожарот во студентскиот дом „Пелагонија“


Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 10 часот бил извршен службен разговор со Н.Ј.(35) од Скопје поради сомнение дека на 11.11.2022 во канцеларијата на директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, поради непродолжен договор за работа, со тврд предмет оштетил дел од инвентарот и со бензин предизвикал пожар. Како што информираа денеска од МВР, во …

Расчистен случајот со пожарот во студентскиот дом „Пелагонија“ Read More »

Нови дојави за поставени бомби во средни училишта во Скопје


Седум скопски средни училишта добила дојави за поставени бомби . -Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на седум училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и …

Нови дојави за поставени бомби во средни училишта во Скопје Read More »

Општина Центар со финансиска поддршка за повозрасните


На 16-тата седница на Советот на Општина Центар, покрај останатите точки, советниците ги изгласаа Измената и дополнувањето на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца за 2022 година. Со оваа измена и дополнување ќе им се овозможи на околу 14.000 жители на општината од најранливите категории да добијат помош во финансиски средства, со …

Општина Центар со финансиска поддршка за повозрасните Read More »

(Видео) Ракетата на НАСА полета кон Месечината


Новата пробна ракета на американската вселенска агенција НАСА полета рано изутринава со три кукли во мисија околу Месечината, што по 50 години и завршување на програмата „Аполо“ е првпат да планира да постави празна капсула во орбитата на Месечината, пренесе Бета. Доколку сè биде во ред за време на тринеделниот пробен лет, ракетата ќе ја …

(Видео) Ракетата на НАСА полета кон Месечината Read More »

„Враќањето на Америка почнува!“ – Трамп ја објави кандидатурата за претседател


Доналд Трамп и официјално ја лансираше својата трета кампања за претседател на САД, прогласувајќи дека „враќањето на Америка почнува во овој момент“. Зборувајќи од својот клуб во Палм Бич, Трамп порача: Мора да ја спасиме нашата земја“. Доналд Трамп и официјално ја лансираше својата трета кампања за претседател на САД, прогласувајќи дека „враќањето на Америка …

„Враќањето на Америка почнува!“ – Трамп ја објави кандидатурата за претседател Read More »

Медведев: Западот се приближува кон светска војна


 Поранешниот руски претседател и долгогодишен сојузник на Владимир Путин, Дмитри Медведев, изјави дека експлозијата на полска територија покажува дека Западот се приближува кон уште една светска војна. „Инцидентот со наводниот „ракетен напад“ на Украина на полска фарма докажува само едно: водејќи хибридна војна против Русија, Западот се приближува до светска војна“, напиша Медведев на Твитер. …

Медведев: Западот се приближува кон светска војна Read More »

Блинкен разговараше со министрите за надворешни работи на Полска и Украина за експлозијата на полската територија


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со министрите за надворешни работи на Полска и Украина во врска со експлозијата на полската територија. Тој и полскиот министер за надворешни работи Збигниев Рау ја нагласија важноста НАТО да „продолжи да биде во блиска соработка“, додека проценуваат што да се направи понатаму. Блинкен ја повтори поддршката на САД …

Блинкен разговараше со министрите за надворешни работи на Полска и Украина за експлозијата на полската територија Read More »

Радев: Инцидентот во Полска е неприфатлив и претставува ризик за дестабилизација на целиот регион


Претседателот на Бугарија, Румен Радев, во врска со експлозијата на полската територија, изјави дека инцидентот во Полска, кој доведе до загуба на човечки животи, е неприфатлив, претставува ризик за дестабилизација на целиот регион и за проширување на територијалниот опсег на војната на Русија против Украина, јави дописникот на МИА од Софија. Според Радев, „потребно е …

Радев: Инцидентот во Полска е неприфатлив и претставува ризик за дестабилизација на целиот регион Read More »

Албанија го охрабрува дијалогот за решавање на проблемите во северниот дел на Косово


Албанија охрабрува дијалог за решавање на проблемот во северниот дел на Косово, изјави денеска министерот за одбрана Нико Пелеши. Според него Косово е целосно во  право кога бара реципроцитет со Србија. – Мојот коментар е на албанската Влада, премиерот јавно го соопшти. Ние сме за решение преку дијалог, затоа го поттикнуваме дијалогот. Се разбира, Косово …

Албанија го охрабрува дијалогот за решавање на проблемите во северниот дел на Косово Read More »

Гаф на германската армија: Војниците добиле SS униформи


Министерството за одбрана им нареди на војниците да ги „откинат“ буквите поврзани со озлогласената нацистичка организација. Германското Министерство за одбрана беше принудено да се стави во режим на контрола на штета минатата недела по испораката на униформи со иницијали „SS“ на илјадници војници. Контроверзната кратенка само означуваше униформа големина, идентификувана како „S-Short“ од таблоидот Bild, …

Гаф на германската армија: Војниците добиле SS униформи Read More »