Нови дојави за поставени бомби во средни училишта во Скопје


Фото; Б. Грданоски

Седум скопски средни училишта добила дојави за поставени бомби .

-Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на седум училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР .

Дојави за поставена бомба добили гимназиите,„ Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, медицинското училиште „Панче Караѓозов“ и други.