„Вијести“: Уапсен директорот на црногорската Управа за приходи и царини Раде Милошевиќ


Црногорската полиција го уапси директорот на Управата за приходи и царина на Црна Гора, Раде Милошевиќ, под сомнение дека е дел од организиран синџир што украл и шверцувал дел од цигарите кои државата ги запленила летово во слободната царинска зона на пристаништето Бар, наведуваат медиумите во Подгорица. Милошевиќ и уште неколку лица се уапсени во …

„Вијести“: Уапсен директорот на црногорската Управа за приходи и царини Раде Милошевиќ Read More »

Рамос повтори рекорд во Лига 1


Одбранбениот фудбалер на пари Сен-Жермен, Серхио Рамос ја продолжи серијата без пораз во француското првенство. Шпанецот е без пораз на 21 првенствен натпревар по ред. Парижаните имаат 17 победи и четири нерешени исходи со Рамос во составот. Рамос го израмни рекордот на поранешниот дефанзивец на ПСЖ, Хуан Пабло Сорин, кој исто така беше непоразен на …

Рамос повтори рекорд во Лига 1 Read More »

Прв настап на Мелони по победата на изборите во Италија: Приоритет е цената на енергенсите


Лидерката на победничката партија на изборите во Италија, „Браќа на Италија, Џорџа Мелони, која се очекува да биде идната италијанска премиерка, изјави дека идната влада ќе ги фокусира своите напори на обидот да го скроти растот на цените на енергијата. Мелони и се обрати на јавноста на Саемот за земјоделство во Милано, првпат по денот …

Прв настап на Мелони по победата на изборите во Италија: Приоритет е цената на енергенсите Read More »

Бугарите денеска на избори, четврт пат во две години


Бугарите денеска гласаат на четвртите национални избори во помалку од две години, со мала надеж за стабилна влада поради длабоките поделби внатре во политичките елити во поглед на тоа како да се реши вкоренетата корупција. Долготрајните политички превирања се закануваат да ги поткопаат бугарските надежи за приклучување на еврозоната во 2024 година во ек на …

Бугарите денеска на избори, четврт пат во две години Read More »

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност


 Илјадници Каталонци синоќа повторно излегоа на протест за одвојување на оваа покраина од Шпанија, на денот кога пред  пет години беше организиран референдумот за независност на Каталонија. Сепаратистите синоќа се собраа во центарот на Барселона и, меѓу другото, побараа и оставка од регионалната влада на премиерот Пере Арагонес, која, според нив, премногу колебливо се однесува …

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност Read More »

Во Скопје се одржува „Скопскиот маратон 2022“ со над 8.500 натпреварувачи


„Виз Ер Скопски маратон“ ќе се одржи денеска во Скопје. Ќе учествуваат 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави. Организаторите апелираат до жителите на главниот град масовно да излезат на улиците и да им дадат силна поддршка на учесниците. Скопскиот маратон традиционално е во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, а и …

Во Скопје се одржува „Скопскиот маратон 2022“ со над 8.500 натпреварувачи Read More »

Зеленски со порака до Русите: Ќе ве убиваат, еден по еден, се додека е Путин на власт


Украинскиот претседател Володимир Зеленски,  во новата ноќна порака изјави дека Русите ќе бидат убивани еден по еден се додека на власт е рускиот претседател Владимир Путин, кој ја нареди инвазијата врз Украина. -Додека сите вие ​​самите не го решите проблемот од кој почна сè, што ја почна оваа бесмислена војна против Украина, ќе бидете убивани …

Зеленски со порака до Русите: Ќе ве убиваат, еден по еден, се додека е Путин на власт Read More »

Дел од возилата на ЈСП ќе сообраќаат со изменет режим поради „Скопскиот маратон“


Дел од возилата од јавниот превоз денеска од 7 до 13.30 часот ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај, поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Од 7 до 13.30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б …

Дел од возилата на ЈСП ќе сообраќаат со изменет режим поради „Скопскиот маратон“ Read More »

Облачно со слаб дожд наутро, остатокот од денот сончево


 Времето денеска во утринските часови ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала …

Облачно со слаб дожд наутро, остатокот од денот сончево Read More »

Скопјанец починал во близина на објект во изградба


Скопјанец починал во близина на објект во изградба во Скопје.  На 29.09.2022 во 11.27 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека во близина на објект во изградба на бул.„Киро Глигоров“ починал Р.А.(63) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото …

Скопјанец починал во близина на објект во изградба Read More »

Шведска го укина ембаргото за извоз на оружје во Турција


Шведскиот Инспекторат за стратешки производи денеска информираше дека повторно издава дозволи за извоз на воена опрема во Турција, со тоа е укинато ембаргото што беше на сила од 2019 година. Ваквиот потег е поврзан со напорите на Шведска да влезе во НАТО. Нордиската земја поднесе барање за членство во воениот сојуз по руската инвазија на …

Шведска го укина ембаргото за извоз на оружје во Турција Read More »

Собранието изгласа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија


 Собранието на денешното продолжение на 86-тата седница, изгласа продолжување на рокот на кризните состојби заради недостиг на електрична енергија на територијата на цела држава, како и заради недостиг на топлинска енергија во Скопје. Со 83 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“ беше изгласано продолжувањето на рокот на постоење на кризна состојба на …

Собранието изгласа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија Read More »

Бектеши: Приватните хидроцентрали кои продаваат струја по 400 евра да ги замрзнат цените


 Министерот за економија Крешник Бектеши и предложи на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се расправа по измените на Законот за енергетика да достави амандман со кој би се оданочување приватните хидроцентрали и соларните капацитети во земјава кои продаваат струја на слободниот пазар по 400 евра. Предлог на Бектеши е приватните хидроцентрали кои продаваат струја по 400 евра …

Бектеши: Приватните хидроцентрали кои продаваат струја по 400 евра да ги замрзнат цените Read More »

Четиринаесет општини добија нови противпожарни возила


Во рамки на настанот под слоганот „Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните“, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување денеска беше извршено примопредавање на противпожарни возила и опрема за 14 општини. На паркингот во спротскиот центар „Борис Трајковски“ – Скопје граѓаните можеа одблиску да се запознаат со опремата за заштита и спасување на ДЗС …

Четиринаесет општини добија нови противпожарни возила Read More »

Попис 2021: Дури 98,4 отсто живеат во брачна заедница


Државниот завод за статистика денес објави нов сет на податоци од Попис 2021 кои се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата. Според Пописот 2021, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според брачниот статус, 23,8 отсто се неженети/немажени, 65,3 отсто се мажени/женети, …

Попис 2021: Дури 98,4 отсто живеат во брачна заедница Read More »

Уште 81 заразен со корона вирус, нема починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 734 тестови, а регистрирани се 81 нов случај со К0вид-19 и 77 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица, соопшти …

Уште 81 заразен со корона вирус, нема починати Read More »

Бродовите на „Маерск“ ќе пловат побавно за да заштедат гориво


Данскиот логистички гигант „Маерск“ најави дека во иднина неговите контејнерски бродови ќе пловат побавно за да заштедат од скапото гориво, што е промена од пандемиската политика на брзи испораки. „Маерск“ годинава очекува стабилен или дури и намален обем на транспорт преку океаните поради пониските лични трошоци во САД и намаленото расположение предизвикано од руската инвазија …

Бродовите на „Маерск“ ќе пловат побавно за да заштедат гориво Read More »

Во недела се одржува 18 – тиот „Виз Ер“ Скопски маратон


Најпознатиот спортски настан во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, ќе се оддржи на 02.10.2022 (недела) со препознатливите трки како носители на најголемата и традиционална спортска манифестација, која што сите љубители на трчањето од земјата и пошироко, со нетрпение ја очекуваат секоја година. Трките кои секоја година се дел од најомилениот спортски настан во државата, – …

Во недела се одржува 18 – тиот „Виз Ер“ Скопски маратон Read More »

Александар Трајановски е нов заменик-градоначалник на Скопје


На позицијата заменик-градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски, кој е и  секретар за Меѓународна соработка на ГРОМ-Граѓанска Опција за Македонија. Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори кои се одржаа минатата година. Имајќи во предвид дека во тек е неговиот втор …

Александар Трајановски е нов заменик-градоначалник на Скопје Read More »

Седум патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација


На граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден,  полицијата констатирала непочитување на законите кај седум патнички возила што вршеле меѓународен превоз на патници. -При контрола на седумте возила, сите скопски регистарски ознаки, управувани од Б.Т.(35), К.Ѓ.(65), А.Г.(59), И.В.(39), С.Д.(45), Љ.И.(55) и С.И.(52), сите од Скопје, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без …

Седум патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација Read More »