Истражната постапка за сторена измама во болницата „Жан Митрев“ се очекува да заврши во следните два – три месеци


 Истражната постапка за сторена измама во болницата Жан Митрев во ОЈО Скопје е во тек и се прибираат материјални докази – сослушување на оштетени и измамени лица и се очекува да заврши во следните два – три месеци. Како што информираат на денешниот брифинг во ОЈО Скопје, досега се сослушани околу 80 проценти од лицата …

Истражната постапка за сторена измама во болницата „Жан Митрев“ се очекува да заврши во следните два – три месеци Read More »

Британски аналитичар: Започна колапсот на рускиот фронт на југот


Ед Арнолд, аналитичар во британскиот институт за безбедност и одбрана Royal United Services, во интервју за Sky News ги коментираше последните случувања на фронтот во Украина. Арнолд вели дека „Украина веќе ја постигнала својата примарна политичка цел“, односно дека „му покажала на Западот дека може да ја ослободи сопствената територија користејќи оружје испратено од западните …

Британски аналитичар: Започна колапсот на рускиот фронт на југот Read More »

Путин го унапреди Кадиров


Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, од денеска има чин генерал-полковник. За ова лично го информирал рускиот претседател Владимир Путин, објави Кадиров на својот официјален канал на Телеграм. „Претседателот на Русија ми го додели чинот генерал-полковник и лично Владимир Владимирович ме информираше за тоа и ми честиташе. Исклучително сум благодарен на нашиот врховен командант што ги …

Путин го унапреди Кадиров Read More »

Комисиска расправа за кандидатурата за уставен судија на Љубомир Јовески


 Во Собранието денеска продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која членовите дискутираат за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен за уставен судија од страна на владејачките партии. Претседателката на Комисија, Марија Георгиевска по неколку часа работа даде пауза. И на денешната седница, пратениците од опозициската …

Комисиска расправа за кандидатурата за уставен судија на Љубомир Јовески Read More »

Нови 65 заразени со Ковид-19, починаа тројца


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 695 тестови, а регистрирани се 65 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 47, Битола – 4, Кавадарци- 3, Тетово, Велес и Кичево – по 2, Куманово, Охрид, Штип, Гевгелија и Берово – по 1. Од вкупниот број …

Нови 65 заразени со Ковид-19, починаа тројца Read More »

Жан Митрев дал милион евра за да не оди во притвор


Со гаранција од милион евра Жан Митрев ќе се брани од слобода откако се појави како осомничен во истрагата која неодамна ја отвори скопското обвинителство за процедурите на лечење во неговата болница. Претходно на докторот му беше одземен и пасошот, по барање на обвинителството, а поради опасност од бегство. Пред два месеци од обвинителството информираа …

Жан Митрев дал милион евра за да не оди во притвор Read More »

Грковска-Ќехаја: Ефикасни антикорупциски политики, јакнење на интегритетот и транспарентноста се предизвици за регионот


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Косово во Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, со кого разговараше за предизвиците со кои се соочуваат двете земји, како и за можностите за заедничка соработка. Вицепремиерката Грковска му честиташе на амбасадорот Ќехаја за новата функција и …

Грковска-Ќехаја: Ефикасни антикорупциски политики, јакнење на интегритетот и транспарентноста се предизвици за регионот Read More »

Германија: Америка ни продава гас по астрономски цени


  Германскиот министер за стопанство се пожали денеска на „астрономските“ цени кои ги бараат „пријателските“ земји на Германија, како САД, за снабдување со гас место руската испорака. „Некои земји, дури и пријателски, бараат астрономски цени“, рече Роберт Хабек, во разговор за покраинскиот дневник „Ное оснабрикер цајтунг“ во средата. „Тоа е проблем“, додава министерот повикувајќи на …

Германија: Америка ни продава гас по астрономски цени Read More »

Астероидот што го погоди НАСА, сега има опашка


Астероид кој беше планиран да биде погоден од сондата Дарт на НАСА, остава траги што се протегаат на илјадници километри. Телескоп во Чиле снимил извонредна слика на „опашка“ зад астероидот слична на онаа што се гледа зад патеката на кометата. Сондата, како што ја програмираа научниците, минатата недела се судри со астероид за да тестира …

Астероидот што го погоди НАСА, сега има опашка Read More »

Дизелот поскапе за два, екстра лесното масло за 2,5 денари


Се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 03.10.2022 година. Малопродажната цена на …

Дизелот поскапе за два, екстра лесното масло за 2,5 денари Read More »

Нобеловата награда за хемија за тројца научници за работа во областа на клик хемијата


Нобеловата награда за хемија денеска им беше доделена на научниците Каролин Бертоци, Бери Шарплес и Мортен Мелдал „за развој на клик хемијата и биоортогонална хемија“, соопшти Кралската шведска академија. Шарплес (81), американски научник од Институтот Скрипс, по вторпат е награден со престижната награда. Американскиот научник е петтиот човек кој двапати ја добил Нобеловата награда. Шарплес …

Нобеловата награда за хемија за тројца научници за работа во областа на клик хемијата Read More »

Фотоволтаици да се прави паралелно со обезбедување на потребни дозволи


Состојбата во која се наоѓаат бизнисите е исклучително предизвикувачка и неопходно е итно и неодложно да се обезбедат соодветни, таргетирани и реални мерки за поддршка, истакнува Сојузот на стопански комори на Македонија. Енергетската криза задава тежок удар на стопанството, a ценовниот притисок што го предизвикуваат рекордните вредности на електричната струја на берзите веќе почна да …

Фотоволтаици да се прави паралелно со обезбедување на потребни дозволи Read More »

Земјотрес од 3,5 степени ја погоди Албанија


Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Албанија, соопшти ЕМСЦ. Според извештаите, земјотресот е регистриран во 11.47 часот по локално време. Земјотресот е регистриран на околу 10 километри северно од Тирана, додаде ЕМСЦ. Засега нема информации за материјална штета или повредени.

За фотоволтаици на земја да се внимава на имотно-правните односи и на урбанизацијата


Откако во Собранието ќе бидат изгласани измените на Законот за градење граѓаните веднаш ќе можат со новата и брза постапка да поставуваат фотоволтаци на своите објекти, на објектите за станбено домување и на деловните објекти без да чекаат некакви процедури во општините со документацијата, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Измените што …

За фотоволтаици на земја да се внимава на имотно-правните односи и на урбанизацијата Read More »

Прегазен пешак на булевар во Скопје, возачот избегал


Пешак е прегазен во Скопје, а возачот на возилото избегал од местото на несреќата.  На 04.10.2022 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во пешакот А.А.(36) од Скопје и го напуштило местото на несреќата, информираше полицијата. Пешакот се здобил со тешки телесни …

Прегазен пешак на булевар во Скопје, возачот избегал Read More »

Повредени две патнички откако возач на автобус од ЈСП нагло закочил


Возач на автобус од ЈСП нагло закочил и удрил во електронска рамка, при што повредени се две патнички во автобусот. Од Министерството за внатрешни работи, информираат за деталите околу случајот. -На 04.10.2022 во 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Скопје, И.М.(42) од с.Чифлик, скопско, управувајќи автобус на ЈСП нагло …

Повредени две патнички откако возач на автобус од ЈСП нагло закочил Read More »

Нуклеарната централа Запорожје ќе работи под руски надзор


 Нуклеарната централа Запорожје ќе работи под раководство на надлежните ресори на Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин. Тој додаде дека прашањата за безбедното работење на електраната ќе бидат разгледани за време на посетата на Москва на генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. – Нуклеарната централа …

Нуклеарната централа Запорожје ќе работи под руски надзор Read More »

Се подготвува тендер за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, ќе се обновува постојниот пат


 За  автопатот Скопје – Блаце претстои тендер за избор на изведувач на втората делница, а ресорниот министер Благој Бочварски очекува активности на терен наредната година доколку биде успешна тендерската постапка. Се работи на првиот дел од автопатот, а за постојниот пат Скопје-Блаце е избран изведувач за обнова поради лошата состојба. -Во однос на автопатот Блаце …

Се подготвува тендер за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, ќе се обновува постојниот пат Read More »

Гир во Кавадарци појасни кои фондови се отворени за општината


Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир денеска е гостин во Кавадарци. Тој оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев а ќе се сретне и со општинскиот совет, невладини организации и граѓани. -Денеска во посета на Општина Кавадарци е амбасадорот на Европската унија г-дин Дејвид Гир. Покрај средбата со градоначалникот Митко Јанчев, …

Гир во Кавадарци појасни кои фондови се отворени за општината Read More »

Филмските студија на Џон Малкович ќе се градат во Карпош


Министерството за транспорт и врски првично ги разгледало документите за проектот за изградба на филмски студија  во Општина Карпош и во текот на денов или утре ќе ја информира Владата за утврдената состојба. Ќе има координација и со општината за да се утврди јасна слика за состојбата на терен во однос на евентуални кориснички права. …

Филмските студија на Џон Малкович ќе се градат во Карпош Read More »