Гир во Кавадарци појасни кои фондови се отворени за општината


Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир денеска е гостин во Кавадарци.

Тој оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев а ќе се сретне и со општинскиот совет, невладини организации и граѓани.

-Денеска во посета на Општина Кавадарци е амбасадорот на Европската унија г-дин Дејвид Гир. Покрај средбата со градоначалникот Митко Јанчев, амбасадорот ќе оствари средба и со Советот на Општина Кавадарци, невладини организации и граѓани на Општина Кавадарци.

На средбата се разговараше за пристапувањето на Македонија кон Европската унија, отварање на поглавјата што значи тоа за нашата држава, достапни фондови за развој на Општина Кавадарци, развој на невладиниот сектор и за проектите кои се имплементирани во нашата Oпштина, а поддржани од страна на Европската унија во Скопје – објави Јанчев на Фејсбук.