Владата го прифати текстот на спогодба со ЕУ за учество на земјава во програмата Дигитална Европа


Владата денеска на седница ја усвои информацијата за потпишување Меѓународна спогодба меѓу Европската Унија и Северна Македонија за учеството на земјава во програмата на Унијата – Дигитална Европа за периодот 2021-2027 година.   Владата го разгледа и прифати усогласениот текст на оваа спогодба, на предлог на Министерство за информатичко општество и администрација. Програмата Дигитална Европа, …

Владата го прифати текстот на спогодба со ЕУ за учество на земјава во програмата Дигитална Европа Read More »

Рускиот тајкун Павел Антов пронајден мртов во Индија


Рускиот тајкун Павел Антов е пронајден мртов во хотел во индискиот град Раџагада, два дена откако неговиот пријател Владимир Буданов почина на истото патување. Според руските медиуми, 65-годишниот Антов, познат и како локален политичар во градот Владимир, на 25 декември паднал од прозорецот на хотелската соба. Буданов, еден од тројцата Руси со кои Антов патуваше, …

Рускиот тајкун Павел Антов пронајден мртов во Индија Read More »

Во три основни училишта во Центар имало дојави за бомби


Попладнево по електронски пат повторно има дојава за бомба во три училишта во Општина Центар, објави градоначалникот Горан Герасимовски на Фејсбук. Станува збор за училиштата „Ј. Х. Песталоци“, „Гоце Делчев“ и „Коле Неделковски“. Случајот е пријавен во полиција по што полициски службеници веднаш ги евакуирале затекнатите ученици и присутни. По проверка во училиштата од страна …

Во три основни училишта во Центар имало дојави за бомби Read More »

Скопјанец пукал во свој роднина поради нетрпеливост


Во понеделникот, во СВР Скопје било пријавено дека во 20.10 часот на ул.„20“, поради меѓусебно нетрпение, З.Р.(42) од Скопје со пиштол испукал куршум и го повредил во ногата неговиот роднина А.Н.(28) од Скопје. А.Н. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и …

Скопјанец пукал во свој роднина поради нетрпеливост Read More »

Дојава за поставени бомби во пет училишта во Гази Баба


Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека повторно има дојави за бомби во пет училишта во Гази Баба.   – Со жалење сакам да ја информирам јавноста дека пред 10 минути во општинските основни училишта „25 Мај“, „Дане Крапчев“, „Григор Прличев“, „Кирил и Методиј“ и …

Дојава за поставени бомби во пет училишта во Гази Баба Read More »

Зголемена капитацијата за гинеколозите и стоматолозите


Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, како резултат од разговорите и преговорите со  Лекарската комора на РСМ и Стоматолошката комора на РСМ, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица, на последната  седница на Управниот одбор, одржана на 26 …

Зголемена капитацијата за гинеколозите и стоматолозите Read More »

Рекордни 1.700 тони ѓубре собрани во Солун во периодот околу Божиќ


Во изминатите три дена, односно пред Божик, за Божик и ден потоа во центарот на Солун биле собрани околу 1.700 тони ѓубре, што според локалните власти е рекорден број, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик-градоначалникот за хигиена и рециклирање на општина Солун, Костас Јакову, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека собраниот отпад е …

Рекордни 1.700 тони ѓубре собрани во Солун во периодот околу Божиќ Read More »

Пуштен во употреба првиот затворен пазар во Кисела Вода


Денеска официјално беше отворен затворнеиот пазар во Кисела Вода, а се работи за простор на површина од 250 квадратни метри, во кој се поставени 16 тезги. Лоциран е на местото од поранешниот див пазар кој функционираше во супстандардни услови. Новиот современ објект е граден по сите стандарди и прописи и ја надополнува естетиката на центарот на …

Пуштен во употреба првиот затворен пазар во Кисела Вода Read More »

На тврдина од 5 век во Хрватска ставиле ПВЦ прозорец


На тврдина во Клис, во близина на Сплит, Хрватска, заштитена како културно добро, која се спомнува уште од крајот на римското доба, поставени се ПВЦ прозорци. На власт во Клис е Јаков Ветма од ХДЗ, кој вели дека срамота е што не знаел ништо сѐ додека не било објавено на Фејсбук. Ги прозва конзерваторите кои …

На тврдина од 5 век во Хрватска ставиле ПВЦ прозорец Read More »

Престанаа мерките за заштита од загадување во Скопје


Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање. Тоа значи дека …

Престанаа мерките за заштита од загадување во Скопје Read More »

Две жалби на тендерот за избор на надзор за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“


Во постапката за јавна набавка за избор на надзор и правен консултант за изградба на Коридор 8 и Коридор 10, се поднесени две жалби, информираа  од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Согласно со Законот за јавните набавки, во моментов, како што соопштуваат, се подготвуваат одговори на жалбите кои ќе бидат доставени до Државната комисија …

Две жалби на тендерот за избор на надзор за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“ Read More »

Бектеши: Ограничените маржи на основните прехранбени производи остануваат до крај на април 2023 година


 На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 30 април 2023 година. -Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание …

Бектеши: Ограничените маржи на основните прехранбени производи остануваат до крај на април 2023 година Read More »

Дојави за подметнати бомби на Универзитетот на Црна Гора и во средно училиште во Улцин


Во Црна Гора денеска има нови дојави за поставена бомба во средно училиште во Улцин и во Универзитетот на Црна Гора. Поради дојавата за бомба пристигната на електронската пошта на Универзитетот евакуирани се зградата на Ректоратот и техничките факултети. Црногорската полиција соопшти дека презела сите мерки. Средното училиште во Улцин и вчера на електронската пошта …

Дојави за подметнати бомби на Универзитетот на Црна Гора и во средно училиште во Улцин Read More »

Објавени се резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2022-2023


Министерството за образование и наука информира дека објавени се резултатите од конкурсите за доделување на стипендии за ученици од средните стручни училишта за учебната 2022-2023 и истите може да се погледнат на следниот линк . Средношколците кои се стекнаа со правото на користење ученичка стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за …

Објавени се резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2022-2023 Read More »

Почна седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ


Попладнево почна седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедноста и Агенцијата за разузнавање за случајот „Онишченко“. На седницата присутен е и новиот директор на АНБ, Зарко Милошевски. Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР треба да одржи две седници. На првата седница ќе ја разгледува Улогата на …

Почна седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ Read More »

Сите инсталации со А-интегрирана дозвола мора да имаат и мерна станица


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конференција во Владата информираше дека со новиот закон за индустриски емисии, сите инсталации кои имаат А-интегрирана дозвола ќе бидат обврзани да имаат мерна станица што ќе го мери загадувањето 24 часа. – Со новиот закон за индустриски емисии, кој сега го завршивме и е …

Сите инсталации со А-интегрирана дозвола мора да имаат и мерна станица Read More »

УХМР: Утре на места зголемена облачност и услови за слаб дожд


Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб дожд. Потоа, како што велат од УХМР, продолжува периодот на стабилно време со релативно високи температури. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, и во следните денови ќе има појава на магла или ниска облачност, па во овие …

УХМР: Утре на места зголемена облачност и услови за слаб дожд Read More »

ВМРО-НП предлага воведување министерства за млади и за туризам


По повод донесувањето на државниот Буџет за 2023 година и Законот за негово извршување, ВМРО-НП до Владата достави предлози кои, според пратеникот од оваа партија Љупчо Балкоски, ќе придонесат за поинтензивен економски и општествен развој при спроведувањето на Буџетот. Еден од предлозите, како што информира Балкоски на денешната прес-конференција во Собранието, е формирање на Министерство …

ВМРО-НП предлага воведување министерства за млади и за туризам Read More »

Инспекции на Општина Центар – казна за едно возило со валкани тркала


  Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во текот изминатите денови спроведува акција на терен за контрола на различни правни субјекти во однос на контрола на градилиштата. Поделени се Известувања со обврски согласно Законот за јавна чистота, со кои се информираат изведувачите на градежни објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани …

Инспекции на Општина Центар – казна за едно возило со валкани тркала Read More »

Лажна дојава за поставена бомба во училиште во Охрид


Утрово на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа, но по направените потребни проверки утврдено е дека станува збор за лажна дојава, информира МВР. – Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на …

Лажна дојава за поставена бомба во училиште во Охрид Read More »