Објавени се резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2022-2023


Фото: Б. Богдановска

Министерството за образование и наука информира дека објавени се резултатите од
конкурсите за доделување на стипендии за ученици од средните стручни училишта за
учебната 2022-2023 и истите може да се погледнат на следниот линк .

Средношколците кои се стекнаа со правото на користење ученичка стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, од 2.1.2023 до 16.1.2023 година, да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за приговор од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.
Решенијата и за прифатените и за одбиените апликации се изработуваат во моментов и ќе бидат испорачани во следните денови.

За било какви дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, a прашања може да се поставуваат и на електронската адреса [email protected].