Исчезна 17-годишна скопјанка


Девојка од Скопје, на возраст од 17 години е пријавена за исчезната. На 19.10.2022 во 18 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.С.(46) пријавила дека, по претходна семејна расправија, од дома се оддалечила нејзината ќерка А.М.К.(17), соопштија од МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СЗО: Епидемијата на ебола во Уганда развиена брзо


Епидемијата на ебола во Уганда брзо се разви во текот на еден месец откако болеста беше откриена во оваа источноафриканска земја, изјави денеска регионалниот директор на здравствената агенција на ОН за Африка, Матшидисо Моети.   „Министерството за здравство на Уганда покажа извонредна отпорност и ефективност и постојано го прилагодува својот одговор на предизвикувачката ситуација. Подоброто …

СЗО: Епидемијата на ебола во Уганда развиена брзо Read More »

Проруска администрација: Евакуирани 15.000 луѓе од Херсон


 Проруската администрација во областа Херсон на југот на Украина денеска соопшти дека поради напредувањето на украинските војници од таа територија, која беше анектирана од Москва, се евакуирани 15.000 луѓе.   „Продолжува мирната евакуација на жителите од областа Херсон“, изјави преку Телеграм прорускиот функционер Кирил Стремусов.   Проруските власти во Херсон вчера најавија почеток на евакуации …

Проруска администрација: Евакуирани 15.000 луѓе од Херсон Read More »

Бугарија и Северна Македонија ќе склучат договор за гасна интерконекција


Операторите на македонскиот и бугарскиот гасовод ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да склучат договор за меѓусистемско поврзување меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Софија. Според информациите објавени на веб-страницата на бугарската државна компанија Булгаргазтрансгаз, точката за интерконекција ќе биде Ќустендил/Жидилово. Двата јавни оператора ги повикуваат корисниците на мрежата да се произнесат …

Бугарија и Северна Македонија ќе склучат договор за гасна интерконекција Read More »

Педагошката служба досега одобри 73 учебници за средно стручно образование


Обезбедувањето квалитетни учебници е дел од темелната реформа на националниот образовен систем, унапредувањето на наставните содржини и модернизација на наставата. Материјалите од кои учениците учат се директно поврзани со наставните програми, постигнувањето на планираните резултати од учењето и стекнувањето на потребни компетенции. Министерството за образование и наука информира дека Педагошката служба досега одобри 73 учебници …

Педагошката служба досега одобри 73 учебници за средно стручно образование Read More »

Утре наутро облечете се потопло – се очекуваат температури под и околу нулата


Управата за хидрометеоролошки работи за утре наутро предупредува дека следуваат ниски температури.  Во поголемиот дел од земјава температурите се очекуваат да бидат околу 0 степени Целзиусови, а на места и под нулата. Во метео предупредувањето издадено од УХМР се вели дека утре ќе имаме негативни минимални температури. – Утре изутрина температурата во поголем дел од …

Утре наутро облечете се потопло – се очекуваат температури под и околу нулата Read More »

Силен земјотрес ја погоди Панама, епицентарот 62 километри од брегот на Тихиот Океан


 Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала изутринава го потресе западниот дел на Панама. Раздвижувањето на земјата е почувствувано во Херера, Бокас дел Торо, Верагуас и западна Панама, објави преку Твитер панамската Национална агенција за цивилна заштита. Американскиот геолошки институт соопшти дека епицдентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на …

Силен земјотрес ја погоди Панама, епицентарот 62 километри од брегот на Тихиот Океан Read More »

Руски авиони патролираат на границите на Белорусија


Руските воздушни сили денеска патролираат на границата на нивниот сојузник Белорусија, објави Минск, додека западните земји веруваат дека таа земја може да преземе поактивна улога во руската агресија врз Украина.   Русија распореди дополнителни 9.000 војници и воена опрема во соседната земја, откако белорускиот претседател Александар Лукашенко минатата недела изјави дека на неговата земја и …

Руски авиони патролираат на границите на Белорусија Read More »

Управител и фирма осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка за хигиенски средства за Владата


Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело злоупотреба на постапката на јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик. Осомничениот управител преку правното лице во 2018 година, соопштија денеска од Јавното обвинителство …

Управител и фирма осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка за хигиенски средства за Владата Read More »

Пратениците го донесоа Законот за градење


Со 84 гласа „за“, денеска пратениците на 84. седница го донесоа Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка. Со овој предлог закон се предвидува посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти, без издавање на решение за поставување, од страна на потрошувачи-производители кои произведената електрична енергија ја користат за …

Пратениците го донесоа Законот за градење Read More »

МОН: Подготвени сме за успешно спроведување на препораките на ЕУ


 Министерството за образование и наука е подготвено да се соочи со предизвиците на 21 век во образованието и успешно да ги спроведе сите препораки и насоки на Европската Унија, вели Јасмина Вукиќевиќ, посебен советник во МОН. Како дел од владината делегација предводена од  вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ,  изминативе денови таа учествуваше на скрининг објаснувачките …

МОН: Подготвени сме за успешно спроведување на препораките на ЕУ Read More »

(Фото) Автобусите на ЈСП повторно на скопските улици


Автобусите на ЈСП „Скопје“ од попладнево повторно сообраќаат по улиците на главниот град, откако Советот на Град Скопје со 39 гласови „за“ донесе одлука за субвенции на ЈСП „Скопје“  за 2022 година. Место планираните 360 милиони денари, со новата измена, ЈСП Скопје од Буџетот на градот ќе добие 506 милиони денари, со што се обезбедуваат …

(Фото) Автобусите на ЈСП повторно на скопските улици Read More »

ЈСП продолжува со нормалното функционирање, автобусите се вратија


  ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот Скопје изнајде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието, соопштија од Град Скопје. Постигнат е договор за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие и автобусите на ЈСП веќе ќе почнат да сообраќаат, потврди  и претседателот на синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски. „Трансферот на пари е направен. …

ЈСП продолжува со нормалното функционирање, автобусите се вратија Read More »

Русковска повторно се кандидираше за шеф на организиран криминал


Обвинителката и екс-шефица на Обвинителството за гонење корупција и организиран криминал Вилма Русковска повторно се кандидирала за истата функција. – Да, вчера ја поднесов пријавата. Очекувам апсолутно колегите да ме поддржат и да гласаат за мене, рече Русковска. Инаку, Рускоска попладнево беше повикана да даде исказ пред обвинител во ОЈО Скопје по поднесената кривична пријава …

Русковска повторно се кандидираше за шеф на организиран криминал Read More »

Објавена првата публикација од Пописот 2021


 Клучните податоци за населението, домаќинствата и становите од Пописот 2021 од сега се достапни и во првата публикација под наслов: „Вкупно резидентно население, домаќинства и станови во Република Северна Македонија, Попис 2021“. Како што соопшти Државниот завод за статистика, по обработката на податоците и објавувањето во сетови, во првата публикација од Пописот 2021 преку 22 …

Објавена првата публикација од Пописот 2021 Read More »

НАСА ги сликаше култните „Столбови на создавањето“


 Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ на НАСА ги фотографираше величествените „Столбови на создавањето“, коишто се наоѓаат на далечина од 7.000 светлосни години од Земјата. „Столбовите на создавањето“ се прикажани во 3-Д и изгледаат како величествени карпести формации… Но, всушност се работи за облици составени од студен меѓуѕвезден гас и прашина, што повремено изгледаат „полупроѕирни“. Овие „Столбови“, …

НАСА ги сликаше култните „Столбови на создавањето“ Read More »

Вработените од Македонска пошта повторно на протест, бараат септемвриска плата


Двети синдикални организации на Македонска пошта денеска повторно одржаа предупредувачки протест за време на паузата. Бараат да им биде исплатена септемвриската плата, да не се доцни во иднина со исплатата на платите, да се подобрат нивните услови за работа и државата да ги користи нивните услуги и да не ангажира приватни пошти, со цел да …

Вработените од Македонска пошта повторно на протест, бараат септемвриска плата Read More »

Распишан конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“


Центарот за култура „Григор Прличев“ денеска распиша конкурс за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2022 година. Конкурсот е отворен до 20 ноември годинава, а тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер. За изборот на најдобрата поема ќе одлучува три члена жири комисија. – Поемата не смее да …

Распишан конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ Read More »

Протестот на ЈСП ќе трае додека не се исплати септемвриската плата, закажана нова вонредна седница на Советот на Град Скопје


Скопје денеска остана без јавен превоз откако возачите на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје денеска се собраа со протест да го изразат незадоволството поради тоа што не им е исплатена септемвриската плата. За денеска во 13 часот повторно е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје, откако вчера советниците побараа од градоначалничката Данела Арсовска …

Протестот на ЈСП ќе трае додека не се исплати септемвриската плата, закажана нова вонредна седница на Советот на Град Скопје Read More »