Кафулињата во Загреб и во Виена почнаа да наплаќаат дополнително за кафе под греалка


Едно кафуле во Загреб почна да наплаќа седење под греалки, а како што стојат работите, овој рецепт за намалување на трошоците ќе го применуваат многу ресторани. Кафето со греалка чини 14 куни, а без – 12 куни. Секој гостин во ова загрепско кафуле кој сака да седне на терасата под греалка, покрај сметката за консумација …

Кафулињата во Загреб и во Виена почнаа да наплаќаат дополнително за кафе под греалка Read More »

Единаесет лица загинаа во пожар во училиште во Уганда


 Единаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа во пожар во училиште во село во близина на главниот град на Уганда, Кампала, соопшти денеска локалната полиција. Претставник на полицијата рече дека инцидентот се случил во текот на ноќта во училиште за слепи во областа Муконо, без да даде повеќе детали. Пожарите во училиштата во Уганда предизвикуваат загриженост кај …

Единаесет лица загинаа во пожар во училиште во Уганда Read More »

Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш


Најмалку девет лица загинаа откако циклон Ситранг го погоди брегот на Бангладеш, соопштија денеска властите во оваа азиска држава, пренесе ДПА. Циклонот, што во текот на ноќта се претвори во депресија, исече и искорна дрвја и столбови за електрична енергија, а водата ги преплави пониските области околу брегот. Камрун Нахар, службеник во контролната соба на …

Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш Read More »

Во Шпанија повторно избувна шумски пожар, евакуирани две села


Големиот шумски пожар што беснее во долината Мена во северна Шпанија, принуди од вчера да се евакуираат две села, јави денеска весникот Ел Паис, цитирајќи ги локалните власти. Пожарот во западниот дел на Баскија и северниот дел на провинцијата Бургос избувна во неделата по неколкунеделна пауза од пожарите што ја погодија Шпанија во текот на летото. Уништени се повеќе …

Во Шпанија повторно избувна шумски пожар, евакуирани две села Read More »

Норвешка приведе Русин и Русинка затоа што фотографирале воена база која била забранета за фотографирање


Норвешката полиција денеска соопшти дека привела двајца Руси под сомнение дека фотографирале воена инсталација во северна Норвешка до која е забранет пристап. Државниот обвинител Штефен Равнасен изјави за телевизијата НРК дека руски државјани – маж и жена, двајцата на возраст од триесетина години – биле уапсени во саботата во близина на Бјерквик, каде што се наоѓа објектот …

Норвешка приведе Русин и Русинка затоа што фотографирале воена база која била забранета за фотографирање Read More »

Нивото на реката Мисисипи намалено поради што во опасност е доведен товарниот бродски сообраќај


Сообраќајот со товарни бродови по реката Мисисипи, една од најважните економски артерии на САД, веќе неколку денови е отежнат поради намаленото ниво на водата предизвикано од сушата, јави викендов Ен-би-си. -Ова е апсолутно срцепарателна слика, како резултат на продолжената суша дното на реката Мисисипи сега е брег, соопшти дописникот на Ен-би-си од Батон Руж, Луизијана. …

Нивото на реката Мисисипи намалено поради што во опасност е доведен товарниот бродски сообраќај Read More »

Киив, Запорижија, Днипро: ЛДП со иницијатива за украинските топоними


Иницијатива за донесување на Одлука на Владата за употреба на локалните топоними за населените места во Украина на украински јазик, со нивна транслитерација на македонски јазик, поднесоа ЛДП под водство на Емил Кирјас и потпретседателката Моника Зајкова. Тие иницираат наместо Киев треба да се употребува Киив, наместо Запорожје треба да се употребува Запорижија, наместо Луганск …

Киив, Запорижија, Днипро: ЛДП со иницијатива за украинските топоними Read More »

Локалните избори во Албанија распишани за 14 мај 2023 година


Албанскиот претседател Бајрам Бегај, по консултативните средби со претставниците на политичките партии, денеска потпиша уредба со која за датум на следните локални избори го одреди 14 мај 2023 година. -Претседателот го оценува периодот до изборите како многу важен за успешно завршување на овој демократски предизвик за институциите, политичките партии и целото албанско општество, како и …

Локалните избори во Албанија распишани за 14 мај 2023 година Read More »

Средба на претседателот Пендаровски со полскиот премиер Моравјецки


 Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Полска, денеска во Варшава оствари средба со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, беше изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека постои солидна основа за натамошен развој и унапредување …

Средба на претседателот Пендаровски со полскиот премиер Моравјецки Read More »

Во Најроби убиен познат пакистански новинар


Познатиот пакистански новинар Аршад Шариф е застрелан во Најроби кога полицијата во рација по крадци на автомобили отвори оган врз возилото во кое се наоѓал, соопшти денеска кениската полиција. Началникот на кениската полиција изјави дека го истражува инцидентот, кој се случил вчера во 22 часот по локално време во предградието на главниот град. Околностите за смртта на Шариф предизвикаа големо незадоволство …

Во Најроби убиен познат пакистански новинар Read More »

Зеленски верува дека Русија плаќа за иранските дронови со нуклеарна помош


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека верува оти Русија можеби плаќа за дроновите што ги добива од Иран со обезбедување помош за нелегалната нуклеарна програма на Иран. Обраќајќи се на конференцијата организирана од израелскиот весник Хаарец преку видео врска, Зеленски го повтори своето барање за израелска антиракетна технологија „Железна купола“, пренесува ДПА. – Сè уште немаме …

Зеленски верува дека Русија плаќа за иранските дронови со нуклеарна помош Read More »

Ковачевски за Денот на ОН: Солидарноста и заедништвото се најмоќното оружје за одржување на мирот


Солидарноста и заедништвото се најмоќното оружје за одржување на мирот и слободата во целиот свет, но и за справување со кризите пред кои човештвото е исправено, порача денеска на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски, по повод 24 Октомври – Меѓународен ден на Организацијата на Обединетите нации. Тој напомена дека со одбележување на Меѓународниот Ден …

Ковачевски за Денот на ОН: Солидарноста и заедништвото се најмоќното оружје за одржување на мирот Read More »

Бангладеш планира масовна евакуација пред удар на циклон


Тропска бура во Бенгалскиот залив што се движи кон Бангладеш ги принуди локалните власти да планираат евакуација на стотици илјади жители на крајбрежјето, соопштија денеска властите. – Подготвивме засолништа за циклонот за да сместиме околу 2,5 милиони луѓе во 15 крајбрежни области, рече во Дака Енамур Рахман, државен министер за помош и управување со катастрофи. Повеќе од …

Бангладеш планира масовна евакуација пред удар на циклон Read More »

Се степале двајца дедовци, соседи во Аеродром


Повеќе тепачки низ целата земја нотира денешниот полициски билтен. Дел од нив околу Бит пазар, а се тепале и соседи, тепачки имало и по кафеани, обложувалници, пред автобуска станица… На 23.10.2022 во Полициска станица Аеродрoм, Р.В.(72) од Скопје пријавил дека околу 09.30 часот во премин на зграда на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, бил …

Се степале двајца дедовци, соседи во Аеродром Read More »

За три дена 66 новозаразени од корона вирус


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 21.10 до 23.10.2022): Направени се 722 тестови, а регистрирани се 66 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 47, Прилеп – 7, Битола – 3, Куманово, Гостивар и Струмица – по 2, Кавадарци, Велес и Македонски Брод – по …

За три дена 66 новозаразени од корона вирус Read More »

ЕУ со конечна одлука: Се воведува единствен полнач за мобилни телефони


Во понеделникот, Советот на ЕУ даде конечно одобрение за задолжително воведување на единствен полнач за мобилни телефони и други електронски уреди од 2024 година. „Веќе нема да има потреба да купувате полнач секогаш кога купувате нов мобилен телефон или сличен уред. Полначот кој е компатибилен со повеќе уреди ќе заштеди пари и време и ќе …

ЕУ со конечна одлука: Се воведува единствен полнач за мобилни телефони Read More »

Пендаровски – Дуда: Македонија и Полска не соработуваат доволно со оглед на нивните потенцијали


Меѓу Северна Македонија и Република Полска постои растечка економска соработка, но трговската размена во изминатите години не соодветствува на економските потенцијали на двете држави, констатираа денеска претседателите на Северна Македонија и Полска, Стево Пендаровски и Анджеј Дуда за време на полско-македонскиот економски форум, во организација на Полската агенција за инвестиции и трговија и Кабинетот на …

Пендаровски – Дуда: Македонија и Полска не соработуваат доволно со оглед на нивните потенцијали Read More »

Јоаким Лев подготвен за нов ангажман


Поранешниот германски селектор Јоаким Лев изјави оти се чувствува подготвен за нов ангажман во фудбалот. Лев беше 17 години дел од стручниот штаб на германската репрезентација, првите две како помошник на Јирген Клинсман, а од 2006 до 2014 како селектор. Во неговиот мандат Германија ја освои титулата светски првак на Мундијалот 2014 во Бразил, а беа поразени во финалето на ЕУРО 2008 од …

Јоаким Лев подготвен за нов ангажман Read More »

Инвестирајте во Украина како идна членка на ЕУ, изјави Шолц на бизнис форум


 Германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржа членството на Украина во ЕУ на бизнис форум во Берлин посветен на обновата на Украина. – Додека ја обновуваме Украина, тогаш да го сториме тоа имајќи ја на ум целта Украина како членка на ЕУ, рече Шолц. Транспортната инфраструктура како и логистичкиот и транспортниот сектор треба да се развиваат на тој начин што земјата ќе се поврзе …

Инвестирајте во Украина како идна членка на ЕУ, изјави Шолц на бизнис форум Read More »

Маричиќ од Салзбург: На ЕУ ѝ се потребни јасен план и стратегија за проширување


Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска учествуваше на панел дискусијата во рамки на Европскиот самит во Салзбург на тема „Дали Европа ќе ги преживее кризите?“, на кој рече дека само обединета, одлучна, со јасен план и стратегија ЕУ ќе успее да ги надмине предизвиците со кои се соочува во моментот. – Новата реалност која …

Маричиќ од Салзбург: На ЕУ ѝ се потребни јасен план и стратегија за проширување Read More »