За три дена 66 новозаразени од корона вирус


Фото: Б. Грданоски

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 21.10 до 23.10.2022):

Направени се 722 тестови, а регистрирани се 66 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 47, Прилеп – 7, Битола – 3, Куманово, Гостивар и Струмица – по 2, Кавадарци, Велес и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 66 оздравени пациенти од Скопје.

Во текот на изминатите три дена не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Направени се 722 тестови преку: ИЈЗ-69, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-13, ЦЈЗ Прилеп-6, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–31, Жан Митрев (Филип Втори)-6, Авицена-16, Биотек-30, Систина-14, лабораторија Лаор-10, Синлаб-4, Ремедика-4, Плодност-0, Генеа-4, Никоб Лаб-19, ВФВ Медикал-0, Ели Медика Плус-3, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-7, ГМ Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 410.

Досега во земјата се направени вкупно 2.180.374 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.916, бројот на оздравени пациенти е 334.073, на починати е 9.559, а бројот на активни случаи изнесува 284.