Се степале двајца дедовци, соседи во Аеродром


Повеќе тепачки низ целата земја нотира денешниот полициски билтен. Дел од нив околу Бит пазар, а се тепале и соседи, тепачки имало и по кафеани, обложувалници, пред автобуска станица…

На 23.10.2022 во Полициска станица Аеродрoм, Р.В.(72) од Скопје пријавил дека околу 09.30 часот во премин на зграда на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот сосед М.И.(71) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.10.2022 во 00.30 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека на крстосница на подрачјето на Бит Пазар е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(31) и А.В.(29), двајцата од Скопје, во која тие употребиле тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.10.2022 во 02.30 часот во Полициска станица Бит Пазар, Ф.Н.(27) од Скопје пријавил дека на 23.10.2022 околу 23.25 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од И.Н. и Б.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.10.2022 околу 16.50 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека во близина на угостителски објект на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Е.(26) од Скопје и 22-годишната Х.А. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.10.2022 во 12.00 часот во Полициско одделение Петровец, М.К.(41) од с.Дражево пријавил дека околу 11.50 часот во угостителски објект во с.Петровец, бил физички нападнат од С.Л., кој му упатил и закани. Според пријавеното, тој и претходно му се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.10.2022 во 13.55 часот било пријавено дека во Ваташа, кавадаречко, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.С.(27), Ќ.С.(57) и И.С.(33), од една страна, и Ѓ.А.(23) и А.А.(18), од друга страна, сите од Ваташа. По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

На 23.10.2022 во 20.45 часот било пријавено дека во Неготино, во близина на спортска обложувалница, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу К.Л.(23) и Д.С.(26), двајцата од Неготино. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 23.10.2022 во 23.20 часот Г.Ѓ.(50) од с.Василево, струмичко пријавил дека околу 20.30 часот во с.Василево, во близина на угостителски објект, бил физички нападнат од Д.И. од истото село. Се работи на расчистување на случајот.

На 23.10.2022 во 19.50 часот С.К.(48) од с.Оризари, кочанско, пријавил дека во селото, по претходна меѓусебна расправија, бил физички нападнат од Б.П.(56) и М.С.(25), двајцата од с.Оризари. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 23.10.2022 во 12.10 часот Б.К.(48) од Кавадарци пријавил дека околу 02.15 часот на паркинг простор пред угостителски објект во Кавадарци неговиот малолетен син бил физички нападнат од Т.П. и А.А.. Се работи на расчистување на случајот.

На 23.10.2022 во 23.20 часот Н.А.(49) од Битола пријавил дека околу 18.00 часот пред Автобуската станица во Битола бил физички нападнат од Д.Ш. од Битола. Се работи на расчистување на случајот.

На 24.10.2022 во 00.10 часот Ф.С.(18) од Тетово пријавил дека околу 15.30 часот во Тетово, тој и неговиот другар, по претходни недоразбирања, биле физички нападнати од В.К. и од неговиот син. Се работи на расчистување на случајот.

На 24.10.2022 во 02.00 часот Г.Ј.(19) од с.Копачиндол пријавил дека на 23.10.2022 околу 23.00 часот во с.Групчин бил физички нападнат со остар предмет од еден малолетник. Се работи на расчистување на случајот.

На 24.10.2022 во 02.50 часот З.З.(42) од Прилеп пријавил дека околу 02.30 часот во Прилеп, бил физички нападнат од едно лице. Исто така, на 24.10.2022 во 04.30 часот А.Б.(20) од Прилеп пријавил дека околу 02.30 часот во Прилеп, по претходна расправија, бил физички нападнат од З.Н.. Се работи на расчистување на случајот.