Прв случај на зараза со новиот сој „кракен“ во Црна Гора


Во Црна Гора денеска е потврден првиот случај на зараза со подсојот на омикрон XBB.1.5 (кракен), соопшти Институтот за јавно здравје. Со тоа, како што се наведува во соопштението од Институтот, Црна Гора се приклучи на листата на земји каде е регистрирана мутација на високо заразниот сој. XBB.1.5. е нова подваријанта на омикрон создадена со …

Прв случај на зараза со новиот сој „кракен“ во Црна Гора Read More »

Сарацин: Европскиот пат на Црна Гора е на крстопат, важно е да се изберат судии во Уставниот суд


 Европскиот пат на Црна Гора е на крстопат, предупреди германскиот пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин и ги повика сите политички актери во земјата итно да изберат судии во Уставниот суд и да ги остават дневно политичките интереси настрана. Сарацин вчера беше во Подгорица каде рече дека „актуелната политичка и уставна криза претставува сериозна закана …

Сарацин: Европскиот пат на Црна Гора е на крстопат, важно е да се изберат судии во Уставниот суд Read More »

Во Франција штрајк поради предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање


Француските синдикати денеска почнаа штрајк против плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање. Во новиот Предлог-закон што ќе помине низ Парламентот, ќе пишува дека вработените се пензионираат на 64 години, наместо на 62, колку што е сегашната граница. Градскиот и меѓуградскиот железнички сообраќај е речиси во застој, а многу училишта …

Во Франција штрајк поради предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање Read More »

Васко Довлев од Варош најсреќен меѓу стотиците верници во Охрид


Деветнаесетгодишниот Васко Довлев од Варош беше најсреќен меѓу стотиците верници што денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро и го извади светиот крст. Во отежнати услови поради големите бранови предизвикани од силниот ветер, младиот Довлев, кој кажа дека се капе од мал, прв пат го фаќа светиот крст. – Чувството да се фати крстот …

Васко Довлев од Варош најсреќен меѓу стотиците верници во Охрид Read More »

Кристијан Нинески го фати крстот во водите на Вардар во Скопје


Кристијан Нинески е скопјанецот кој го фати крстот, што Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, го фрли во водите на Вардар, денеска на Водици. Нинески досега осум пати учестувал на манифестацијата, а ова е трепат како го фаќа крстот. -Сите да сте живи и здрави – изјави Нинески. Нинески беше даруван од архиепископот на Македонската православна …

Кристијан Нинески го фати крстот во водите на Вардар во Скопје Read More »

Почина академскиот сликар и уметник Александар В. Настески


Во Тетово денеска на 75-годишна возраст почина Александар В. Настески, академски сликар и уметник. Роден е во 1948 во гостиварско Зубовце. Педагошка академија завршил во Скопје во 1968 година, додека Академија  за применета уметност во Белград (Р.Србија) во 1977 година. Бил член  на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1977 година, како и на …

Почина академскиот сликар и уметник Александар В. Настески Read More »

Гостиварка крадела од супермаркет, полицијата ја приведе


Во средата,  во 14.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во супермаркет на ул. „Илинденска“ во Гостивар ја лишиле од слобода С.Ш.(36) од Гостивар. Таа била затекната при вршење на кривично дело „тешка кражба“. С.Ш. е лишена од слобода, задржана во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против неа ќе биде …

Гостиварка крадела од супермаркет, полицијата ја приведе Read More »

ЗНМ на средба со Арсовска – побараа да се унапреди комуникацијата со новинарите


  На барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), се одржа средба на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со претседателот Младен Чадиковски и претставници на ЗНМ. На средбата, претставниците на ЗНМ и градоначалничката Арсовска дискутираа за одржување на редовни брифинзи со новинарите како начин за унапредувањето на транспарентноста на Град Скопје, при што …

ЗНМ на средба со Арсовска – побараа да се унапреди комуникацијата со новинарите Read More »

Електро тротинети за изнајмување се добри за чист воздух во градовите


Помагаат ли електричните тротинети и велосипеди, за емисијата на штетни материи во градовите да се намали? Познатиот институт Фраунхофер, на барање од американската компанија Lime, истражуваше дали електричните тротинети и велосипеди, што се нудат за краткотрајно изнајмување, навистина се делотворни во намалувањето на загаденоста во градското јадро, пишува Automedia. Иако услугата за краткотрајно изнајмување на …

Електро тротинети за изнајмување се добри за чист воздух во градовите Read More »

Илјадници медицински сестри повторно штрајкуваат во Велика Британија


По историскиот прв штрајк во декември, илјадници медицински сестри во Англија денеска повторно стапија во штрајк што ќе продолжи и утре. Тие бараат повисоки плати и подобри работни услови во време кога Велика Британија се соочува со висока инфлација. Речиси четвртина од јавните здравствени услуги се засегнати од штрајкот. Медицинските сестри бараат зголемување на платите …

Илјадници медицински сестри повторно штрајкуваат во Велика Британија Read More »

Министерството за правда предлага законски измени за т.н. затворски туризам


Управата за извршување санкции е составен дел на Министерството за правда, но таа има огромна автономија во своето постапување, истакна министерот за правда Никола Тупанчевски во гостувањето во „Топ тема“, на одговорноста за прашањето за т.н. затворски туризам и популарноста на затворот во Струга кај новоосудените лица.   -Оваа норма со адресата практично секаде во …

Министерството за правда предлага законски измени за т.н. затворски туризам Read More »

Гир: Решавањето на проблемот со дивоградбите на „Галичица“ важно за зачувување на статусот на УНЕСКО


 Дивоградбите во Националниот парк „Галичица“ се многу важно прашање во контекст на зачувување на статусот заштитено подрачје во УНЕСКО, прашање кое навлегува во сржта на владеењето на правото, порача амбасадорот на Европската унија Дејвид Гир. Одговрајќи на новинарски прашања во рамките на денешната посета на Охрид, евроамбасадорот, кој ја предводеше делегацијата со амбасадори на земји …

Гир: Решавањето на проблемот со дивоградбите на „Галичица“ важно за зачувување на статусот на УНЕСКО Read More »

ЕП ја повикува ЕК да отвори истрага за работата на комесарот Вархеи


 Резолуцијата на Европскиот парламент за спроведување на надворешната и безбедносната политика на ЕУ, која беше усвоена денеска на пленарна седница, содржи параграф со кој се повикува Европската комисија да започне „независна и непристрасна истрага“ за Оливер Вархеи, со цел да се утврди дали однесувањето на комесарот за проширување и соседска политика „го крши кодексот на …

ЕП ја повикува ЕК да отвори истрага за работата на комесарот Вархеи Read More »

Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија


 Корпорацијата Мајкрософт денеска објави дека ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија и со цел да заштеди 1,2 милијарди долари. Отпуштањето е многу поголемо од намалувањето на трошоците што Мајкрософт го направи минатата година, а акциите на компанијата паднаа за околу 1 отсто. „Следниот голем бран во индустријата ќе биде развојот …

Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија Read More »

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари


Турската компанија „Бајкар“ планира да достави одреден број вооружени дронови во Кувајт, како дел од договор вреден 370 милиони долари, соопштија денеска претставници на компанијата. Меѓународната побарувачка за беспилотните летала „Бајрактар ТБ2“ на Бајкар се зголеми откако беа користени во конфликти во Сирија, Либија и Азербејџан, а интересот дополнително скокна откако украинската војска ги употреби …

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари Read More »

Јовица Стојановиќ именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции


Владата денеска на седница го прифати предлогот на министерот за правда и за в.д. директор на Управата за извршување санкции го именуваше Јовица Стојановиќ до изборот на нов директор. Како што соопшти владината прес-служба, Владата на 120-тата седница го прифати и предлогот на министерот за правда да се распише јавен оглас за именување нов директор …

Јовица Стојановиќ именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции Read More »

Вучиќ: Пред Србија тешка година, една од најтешките во поновата историја


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Давос изјави дека Србија се соочува со критична година, веројатно една од најтешките во модерната историја на политички и економски план. Тој за медиумите од Србија на Светскиот економски форум во Давос изјави дека од разговорот може да се види дека единственото нешто што сите ги интересира се санкциите …

Вучиќ: Пред Србија тешка година, една од најтешките во поновата историја Read More »

Во Косово граѓаните повикани да носат маски и да се вакцинираат


Националниот институт за јавно здравје на Косово ги повика граѓаните на Косово да носат маски во затворени простории и да се вакцинираат, по неодамнешното зголемување на случаите на инфекција со Ковид-19 во многу земји во светот. Во објава на Фејсбук, НИЈЗК наведува дека пандемијата сe уште не е завршена, додавајќи дека во многу земји во …

Во Косово граѓаните повикани да носат маски и да се вакцинираат Read More »

Гори автомобил кај Зелен пазар (видео)


Автомобил гори на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, наспроти Црвен крст, во близина на Зелен пазар. Во автомобилот нема луѓе, а пламенот излегува од делот каде што се наоѓа моторот на возилото. Според информациите од терен се работи за автомобил со гостиварски регистарски таблички. Од МВР, пак, соопштија дека во 18.45 часот Г. Д. (28) …

Гори автомобил кај Зелен пазар (видео) Read More »