Сарацин: Европскиот пат на Црна Гора е на крстопат, важно е да се изберат судии во Уставниот суд


 Европскиот пат на Црна Гора е на крстопат, предупреди германскиот пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин и ги повика сите политички актери во земјата итно да изберат судии во Уставниот суд и да ги остават дневно политичките интереси настрана.

Сарацин вчера беше во Подгорица каде рече дека „актуелната политичка и уставна криза претставува сериозна закана за приклучување на Црна Гора во Европската унија“.

„Црна Гора е во многу сериозна политичка и уставна криза, но добар сигнал е што сите политички актери тоа и го признаваат, изјави Сарацин синоќа за ТВЦГ.

Тој смета дека ова е одлична почетна точка за надминување на проблемот.

„Сега е многу важно да се изберат судиите на Уставниот суд и да се најде излез од кризата. Видовме дека се започнати процедури, што е добар знак, но јасно е и дека е потребна поголема ефикасност“, изјави тој.

Како што рече, без функционален Уставен суд, судството на Црна Гора останува парализирано, а владеењето на правото длабоко ослабено. Затоа Европа чека политичките актери да ги исполнат своите обврски. А Европа е таму, не да наметнува, туку да помогне да се најде излез.