Гостиварка крадела од супермаркет, полицијата ја приведе


Во средата,  во 14.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во супермаркет на ул. „Илинденска“ во Гостивар ја лишиле од слобода С.Ш.(36) од Гостивар. Таа била затекната при вршење на кривично дело „тешка кражба“.

С.Ш. е лишена од слобода, задржана во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.