Учебници нема, а МОН спрема нов закон за учебници


Со цел  подигнување на квалитетот на  содржината на учебниците  како и подобрување на процесот на откуп и одобрување на учебници во основното и средното образование Министерството за образование и наука и Педагошката служба иницираат процес за изработка на нов  Закон за учебници за основното и средното образование. Почитувајќи ги принципите на транспарентност и инклузивно креирање политики и законски …

Учебници нема, а МОН спрема нов закон за учебници Read More »

Државата ќе го спасува Преспанското Езеро


Во наредниот период ќе мора да се изработи анализа врз основа на која ќе може да се определат активности и мерки како да се спаси Преспанското Езеро исто како што во минатото беше направено и со Охридското Езеро, истакна премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е во посета на Преспанскиот …

Државата ќе го спасува Преспанското Езеро Read More »

СОНК: Нацрт-законот за плати е дискриминирачки, па Владата може сама да носи проценки и одлуки


Нацрт-законот за плати во јавниот сектор е дискриминирачки и противуставен. Не само што го ограничува учеството на синдикатите во носењето на одлуките на Владата, воедно, ја елиминира можноста за уредување на платите и надоместоците со колективните договори, реагираат од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Бараат повлекување на нацрт-верзијата и средба со предлагачот – …

СОНК: Нацрт-законот за плати е дискриминирачки, па Владата може сама да носи проценки и одлуки Read More »

Во Австралија најдена жаба од речиси 3 кг


Австралиските чувари на паркови веруваат дека длабоко во шумата наишле на жаба што соборува рекорди. Чуварката на паркот Кајли Греј на 12 јануари наишла на инвазивната жаба, која се заканува на австралискиот екосистем, додека била на патрола во националниот парк Конвеј во државата Квинсленд. Греј и неговите колеги ја фатиле жабата и ја однеле во …

Во Австралија најдена жаба од речиси 3 кг Read More »

НБА натпревари ќе се играат и во Грција


Комесарот на НБА лигата Адам Силвер најави можност некои од натпреварите во најсилната кошаркарска лига во светот да бидат одиграни во Грција, објави денеска порталот „Баскет њуз“. Според истиот извор, Силвер ова го најави синоќа во Париз каде присуствуваше на натпреварот меѓу Детроит и Чикаго. Првиот човек на НБА истакнал дека најдобриот кошаркар на Милвоки, Гркот Јанис …

НБА натпревари ќе се играат и во Грција Read More »

Контра другите држави: Сакаат до 2035 година да забранат продажба на електрични автомобили


  Сојузната држава вајоминг (САД) претстави нацрт-закон со надеж дека постепено ќе ја сопре продажбата на електрични возила, почнувајќи од 2035 година. Забележувате дека тоа е истата година, кога Калифорнија и неколку други американски држави ќе забранат продажба на нови автомобили со мотори на внатрешно согорување и тоа не е случајност. Имено, сенаторот, Џим Андерсон …

Контра другите држави: Сакаат до 2035 година да забранат продажба на електрични автомобили Read More »

Германија размислува за договор за гасна солидарност со Италија и Швајцарија


Германија размислува за договор за гасна солидарност со Италија и Швајцарија со цел зајакнување на меѓусебната поддршка во случај на екстремен недостиг на гас, соопшти германското Министерство за економија. Напорите за склучување на тристран договор ги потврди и портпаролот на министерството, велејќи дека министерот за економија Роберт Хабек за тоа разговарал со претставници на швајцарската …

Германија размислува за договор за гасна солидарност со Италија и Швајцарија Read More »

Поради лошото време во Албанија привремено прекината наставата во 56 училишта


Албанската министерка за образование и спорт Евис Куши најави дека поради лошото време во Албанија наставата во 56 училишта привремено ќе биде прекината. Куши рече дека одлуката е донесена за да се заштитат учениците и наставниците додека не се подобри ситуацијата. Таа информираше дека изгубените часови ќе се надоместат подоцна според календар што ќе го …

Поради лошото време во Албанија привремено прекината наставата во 56 училишта Read More »

„02 Иницијатива“: Временските прилики главен фактор што влијае врз квалитетот на воздухот


Во Берово минатиот месец имало само еден ден со чист воздух, а Прилеп, Гостивар, Кичево, Тетово, Струмица, Гевгелија немале ниту еден ден воздух без ПМ2,5 честички, соопшти денеска „02 Иницијатива“. Од Иницијативата појаснуваат дека направиле анализа со споредување на  податоците за присуството на ПМ10 и ПМ2,5 загадувачки честички од сите мерни станици за декември, компарирано …

„02 Иницијатива“: Временските прилики главен фактор што влијае врз квалитетот на воздухот Read More »

За 25 години Црна Гора ја напуштиле 140.000 луѓе


 За 25 години Црна Гора ја напуштиле 140.000 граѓани, 5.000 од нив само лани, а причините за миграцијата, според експертите, се неможноста за заработка, партиските вработувања и општата нестабилност на општеството. – Повеќе од 140.000 луѓе ја напуштија Црна Гора. Тоа е како два Никшиќи, или како Плевља, Херцег Нови, Жабљак и Савник, изјави Срѓан Периќ од движењето „Преокрет“. За да …

За 25 години Црна Гора ја напуштиле 140.000 луѓе Read More »

Македонците лидери во регионот според потрошувачка на цигари по најниска цена


Република Северна Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач. Според истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“, преваленцата на пушење во земјата изнесува 48,4 отсто, додека во европските земји е далеку пониска или ЕУ просекот е 29 проценти. Во Шведска преваленцата изнесува 8,7 …

Македонците лидери во регионот според потрошувачка на цигари по најниска цена Read More »

Мамографот во Неготино докомплетиран со нова работна станица и ставен во функција


 Постоечкиот мамограф во Неготино е докомплетиран со нова работна станица и ставен во функција. За ова денеска информираа од Јавната здравствена установа Здравствен дом Неготино. Оттаму соопштија дека населението од општините Неготино и Демир Капија, како и другите соседни општини, здравствените услуги на мамографот може да ги користи, преку системот „Мој термин“.   – Истовремено …

Мамографот во Неготино докомплетиран со нова работна станица и ставен во функција Read More »

Трамп и неговите адвокати казнети со речиси еден милион долари за тужба против Клинтон


Федерален судија им нареди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите адвокати да платат повеќе од 930.000 долари отштета за неоснованата тужба против поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Судијата Џон Мидлбрукс, кој ја отфрли тужбата на Трамп во септември, рече дека отштетата е оправдана бидејќи поранешниот републикански претседател покажал модел на злоупотреба на судовите …

Трамп и неговите адвокати казнети со речиси еден милион долари за тужба против Клинтон Read More »

Шпанската полиција подготвува апсење на Дани Алвеш


Фудбалерот на мексикански Унам и бразилски репрезентативец Дани Алвеш ќе биде уапсен денеска под обвинение за сексуален напад, објави каталонскиот весник „Спорт“. Шпанскиот суд соопшти пред две недели дека е отворена истрага против Алвеш, откако жена го обвини бразилскиот фудбалер за сексуален напад во ноќен клуб во Барселона кон крајот на декември лани. Алвеш (39) тогаш ги …

Шпанската полиција подготвува апсење на Дани Алвеш Read More »

Барселона со три хеликоптери пристигна на осминафиналниот натпревар во Купот на Шпанија


Откако во неделата во Ријад го победија Реал Мадрид со 3-1 и го освоија првиот трофеј сезонава, фудбалерите на Барселона немаа многу време за одмор по враќањето во Каталонија, бидејќи ги чекаше уште едно гостување, овој пат на северот на Африка во рамки на осминафиналето на Купот на Шпанија. Противник на Барселона беше третолигашот Сеута …

Барселона со три хеликоптери пристигна на осминафиналниот натпревар во Купот на Шпанија Read More »

Кина пријави голем скок на бројот на хоспитализирани со корона вирус


Кина пријави голем скок на бројот на хоспитализации поради Ковид-19 во текот на неделата што завршува на 15 јануари, се вели во неделниот извештај објавен од Светската здравствена организација (СЗО). СЗО, исто така, соопшти дека чека детални податоци од покраините за речиси 60.000 дополнителни смртни случаи во болниците поврзани со Ковид-19 минатата недела, кои не се вклучени во оваа …

Кина пријави голем скок на бројот на хоспитализирани со корона вирус Read More »

Пензионер се степал со тинејџер во Центар


Вчера во 15.20 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.М.(68) и 17-годишник, двајцата од Скопје, информираат од МВР. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„Епл“ симнат од тронот – кој е новиот највреден бренд во светот


„Амазон“ ја врати својата позиција како највреден бренд во светот и покрај падот на вредноста од 15 отсто оваа година, според годишното рангирање Brand Finance Global 500 на 48 технолошки компании. Според проценката, иако Амазон го врати првото место, вредноста на неговиот бренд падна за повеќе од 50 милијарди долари оваа година, од 350,3 милијарди …

„Епл“ симнат од тронот – кој е новиот највреден бренд во светот Read More »

SpaceX успешно лансираше GPS сателит од новата генерација кој ќе се користи и за воени цели


Компанијата SpaceX успешно лансираше нов GPS сателит во орбитата, за потребите на американската војска, пренесува CNN. Лансирањето на новиот GPS сателит ги продолжува напорите за зајакнување на констелацијата на сателити за глобално позиционирање и навигација, кои се користат за воени операции и многу повеќе. GPS сателитот беше лансиран со помош на ракета Falcon 9 од …

SpaceX успешно лансираше GPS сателит од новата генерација кој ќе се користи и за воени цели Read More »

Најважниот ресурс за иднината на светот: Шефот на Интел за посилниот геополитички фактор од нафтата


  Со години се зборува дека податоците се новата нафта, но ако му се верува на извршниот директор на Интел, Пат Гелсинџер, има уште една работа што ќе стане поважна од нафтата во иднина. Тоа се – чиповите. Во интервјуто што го даде за Си-Ен-Ен на Светскиот економски форум одржан во Давос, тој рече дека …

Најважниот ресурс за иднината на светот: Шефот на Интел за посилниот геополитички фактор од нафтата Read More »