Индустриското производство во февруари зголемено за еден отсто


Индустриското производство во февруари годинава во однос на февруари лани е зголемено за еден отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Вкупно, во првите два месеца од 2022, во споредба со 2021 година, пак, е помало за 0.5 отсто.  Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2023 година, во однос …

Индустриското производство во февруари зголемено за еден отсто Read More »

Во пожар во Велес изгоре човек


Во куќа на улицата „Васа Кошулчева“ брoj 2 во Велес утрово во 5:10 часот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) пронашле изгорен човек. ТППЕ за опожарената куќа добила повик утрово во 5:10 часот. Горела соба од куќата, каде што е и пронајдено изгореното лице. Смртта на лицето ја потврдија и од Брза помош кои информираа дека …

Во пожар во Велес изгоре човек Read More »

Отворен Балкан: Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“


Ансамблот на Националната опера и балет на Република Северна Македонија на Големата сцена на Народниот театар во Белград, гостуваше со најпознатата опера на Џоакино Росини „Севилскиот берберин“, која беше изведена под режисерската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Урсула Хорнер од Австрија, јави дописникот на МИА од Белгад. Белградската публика со повеќекратен аплауз …

Отворен Балкан: Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“ Read More »

Супер лига: Алкалоид го победи Вардар, Еурофарм Пелистер гостува кај Тиквеш


Во машката ракометна Супер лига екипата на Алкалоид синоќа му го нанесе првиот пораз сезонава на актуелниот шампион Вардар. Младиот состав предводен од тренерот Кирил Лазаров одигра одличен натпревар против големиот фаворит и на крајот заслужено се радуваше на победата 22:21.   По овој триумф, Алкалоид се изедначи со Еурофарм Пелистер по освоените бодови и …

Супер лига: Алкалоид го победи Вардар, Еурофарм Пелистер гостува кај Тиквеш Read More »

Втор круг од претседателските избори во Црна Гора-граѓаните избираат меѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ


Во Црна Гора утринава во 7 часот се отворија сите 1.162 гласачки места во вториот круг од претседателските избори, а вечерва, по 20 часот, ќе слави само еден од двајцата кандидати – актуелниот шеф на државата и кандидат на ДПС, Мило Ѓукановиќ или кандидатот на Движењето „Европа сега “ (ПЕС), Јаков Милатовиќ. Двајцата кандидати освоија …

Втор круг од претседателските избори во Црна Гора-граѓаните избираат меѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ Read More »

Ковачевски, Вучиќ и Рама на „Винска визија на Отворен Балкан“ на Саемот за вино во Верона


 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе присуствува на 55. меѓународен Саем на вино и алкохолни пијалоци „ВинИтали“, што се одржува во Верона.   За време на посетата на Италија, премиерот Ковачевски, ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и …

Ковачевски, Вучиќ и Рама на „Винска визија на Отворен Балкан“ на Саемот за вино во Верона Read More »

Бугарија денеска повторно гласа, петти пат во последните две години


Во Бугарија денеска се одржуваат петите вонредни парламентарни избори за помалку од две години. Последните истражувања на јавното мнение кај источниот сосед покажуваат дека на денешните избори нема да има јасен победник . И овој пат се очекува да има слаб одзив на гласачите, бидејќи анкетите покажуваат излезеност од само 39 отсто, а 13 отсто …

Бугарија денеска повторно гласа, петти пат во последните две години Read More »

Кампања по повод Светскиот ден на аутизмот


Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) по повод 2 април – „Светскиот ден на аутизмот“ започнува онлајн кампања под наслов „Градење на инклузивно општество за аутистичните луѓе“, а ја спроведува заедно со членовите на Аутизам Европа. Кампањата за 2023 година, како што соопшти Здружението, е можност да се размислува за напредокот постигнат досега за заедницата …

Кампања по повод Светскиот ден на аутизмот Read More »

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен …

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи Read More »

Возило на БРАКО стана единствен македонски производ сертифициран за меѓународен квалитет во лабораторијата на TUV во Германија


Возилото за урбана хигиена на „Брако“, моделот 636, доби сертификат за меѓународен квалитет од германскиот институт TUV од Минхен.   Како што информираше денеска сопственикот на „Брако“, Кочо Анѓушев, возилото 636 е единствен производ од земјава сертифициран директно од TUV Германија, чија инспекција и тестирања се извршени во лабораторијата во Германија. – „Брако“ и својата …

Возило на БРАКО стана единствен македонски производ сертифициран за меѓународен квалитет во лабораторијата на TUV во Германија Read More »

Норвешката полиција заплени рекордна количина кокаин по дојава од Германија


Властите во Норвешка запленија рекордно количество кокаин скриено во пратка со јужноамериканско овошје, по дојава од Германија, јави ДПА. Норвешката полиција соопшти дека оваа недела во главниот град Осло биле запленети повеќе од 800 килограми дрога. „Сепак, досега нема уапсени“, изјави инспекторката Грета Метлид на прес-конференција. Пратката, која се проценува на улична вредност од десетици …

Норвешката полиција заплени рекордна количина кокаин по дојава од Германија Read More »

Имигрантите денес сочинуваат десет проценти од популацијата во Франција


На основа на истражување направено во 2021 година, се дошло до податоци дека секое десетто лице кое живее во Франција е родено во странство, објави во четвртокот националната статистичка агенција „INSEE“, во своето прво истражување за имиграцијата во последните 10 години, пренесува „AFP“. Речиси седум милиони луѓе, или 10,3 проценти од сите луѓе во Франција …

Имигрантите денес сочинуваат десет проценти од популацијата во Франција Read More »

Словачка планира да го зголеми производството на муниција за снабдување на Украина


Словачка планира да го зголеми производството на муниција и артилериски гранати за Украина, изјави денеска министерот за одбрана Јарослав Над додека патувал со воз за Киев. Коментарите на Над се последното покажување поддршка за Украина од Словачка, која неодамна го испорача системот за воздушна одбрана „Куб“ и првиот од тринаесетте ветени борбени авиони „МиГ-29“ од …

Словачка планира да го зголеми производството на муниција за снабдување на Украина Read More »

Хиперсоничниот авион „Ајгер“ ќе патува од Европа до Австралија за само четири часа


Швајцарската компанија „Дестинус“ развива патнички авион на водород кој ќе го намали времето на летот меѓу Европа и Австралија на само четири часа. „Дестинус“ го тестираше авионот две години, а успешните летови ги потврди на крајот на 2022 година. Сега, шпанското Министерство за наука го избра „Дестинус“ да учествува во стратешка иницијатива и обезбеди средства …

Хиперсоничниот авион „Ајгер“ ќе патува од Европа до Австралија за само четири часа Read More »

Триесетина светски пливачи на Охридскиот маратон


Триесеттина пливачи од светската елита ќе бидат учесници на годинашното 36-то по ред издание на Охридскиот пливачки маратон. Претставници на Општина Охрид и на Националната пливачка федерација денеска одржаа состанок посветен на почетокот на подготовките за организирањето на годинешното издание на маратонот, при што е разговарано по однос некои од потребните технички и логистички услови …

Триесетина светски пливачи на Охридскиот маратон Read More »

Земјотрес во Грција


Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Грција. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на 71 километар јужно од Атина. Грчкиот геодинамички институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени, на 39 километри од островот Китнос. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 31 километар.

Исландскиот селектор доби отказ


Раководството на Фудбалската федерација на Исланд (КСИ) му врачи отказ на селекторот Арнар Видарсон само неколку денови по убедливиот триумф од 7-0 над Лихтенштајн во евроквалификациите, но за 45-годишниот стратег тоа беше само шеста победа на исландската клупа на 31 натпревар. „Ова, секако, е тешка одлука, но ја сметаме за потребна и исправна“, соопшти синоќа …

Исландскиот селектор доби отказ Read More »

Потпишан договорот за изградба на дополнителни 35 километри од оградата на грчко – турската граница


Цврста метална ограда висока пет метри и во должина од 35 километри на која ќе бидат поставени бодликава жица и ламарини кои ќе спречуваат било каков пристап, ќе биде изградена кај Еврос на грчко – турската граница во рамките на планот на Владата за дополнително проширување на веќе постоечката ограда. Договорот за изградбата на новите …

Потпишан договорот за изградба на дополнителни 35 километри од оградата на грчко – турската граница Read More »

Инспекторатот за животна средина забележал траги од нафта при вонреден надзор во фирма во Вевчани


 Траги од нафта кај местото викано Ведрани во Вевчани биле забележани при вонредниот инспекциски надзор на Инспекторатот за животна средина во фабриката за медицински канабис „Флауер Пауер“. Надзорот, како што информира Државниот инспекторат за животна средина, бил извршен во присуство на вработени лица од општина Вевчани, а по претходно добиена претставка за еколошка катастрофа за …

Инспекторатот за животна средина забележал траги од нафта при вонреден надзор во фирма во Вевчани Read More »

Ердоган официјално ја започна кампањата за претседателските избори


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска официјално ја започна кампањата за претседателските избори со посета на југот на земјата, кој беше тешко оштетен од земјотресот на 6 февруари. „Дојдовме за да ви служиме, а не да заповедаме“, им рече тој на толпата на градилиштето отворено во провинцијата Газиантеп, во близина на сириската граница. Шест недели …

Ердоган официјално ја започна кампањата за претседателските избори Read More »