Дојави за бомби во 16 скопски и пет основни прилепски училишта


Нови дојави за бомби се пријавени денеска во МВР од 16 скопски и четири прилепски училишта, информираа од Министерство за внатрешни работи. „Денеска (15.02.2023) до 14.40 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и четири училишта во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените …

Дојави за бомби во 16 скопски и пет основни прилепски училишта Read More »

(Фото) Исечени тополите спроти „Нова Македонија“


Трите тополи во Паркот на новинарите, по патеката спроти поранешниот НИП „Нова Македонија“ денеска се исечени.  Овие стебла беа високи повеќе од 15 метри, но во текот на годината не успеваа да раззеленат, па стоеја со голи гранки надвиснати над патеката за пешаци и над паркингот од другата страна.   

Пожар во Визбегово, густиот чад се гледа и од Карпош


Пожар изби во Визбегово. Црн чад се гледа и од Карпош. Екипи на Противпожарната бригада на Скопје се испратени на терен, по пријавата. Пожарот е меѓу поле со пластеници на простор до кој нема асфалтен пат. Првите соседи, посочуваат дека гори најлонот на некој од пластениците, но информациите се непотврдени. Засега нема детални информации од …

Пожар во Визбегово, густиот чад се гледа и од Карпош Read More »

Над 200 ученици се без организиран превоз до училиштето „Ѓорче Петров“ во Прилеп


 Повеќе од 200 ученици од 47 населени места во Прилепско, останаа без организиран превоз за да следат настава во средното медицинско-козметичко училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп. Директорката на училиштето Петра Лукароска смета дека не може да потпише анекс на завршениот договор од минатата учебна година со кој се регулираше превозот, зашто е незаконски, а не …

Над 200 ученици се без организиран превоз до училиштето „Ѓорче Петров“ во Прилеп Read More »

Платата за Кабинетот на претседателот ќе биде исплатена со 5 отсто зголемување


Најдено е решение помеѓу институциите Претседател на Република Северна Македонија и Министерството за финансии за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари 2023 година. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5 проценти за административните службеници во …

Платата за Кабинетот на претседателот ќе биде исплатена со 5 отсто зголемување Read More »

Поранешниот албански главен обвинител, Адриатик Лала, доби статус политички азилант во Италија и избегна екстрадиција


Поранешниот главен обвинител на Албанија, во периодот 2012-2017 година, Адриатик Лала, се стекна со статус на политички азилант во Италија, со што избегна екстрадција, која албанските, ја бараа од италијанските власти. -Ваква одлука донел судот во Рим, кој по разгледувањето на барањето на Адриатик Лала, наредил да се одобри барањето, со што се отвора патот …

Поранешниот албански главен обвинител, Адриатик Лала, доби статус политички азилант во Италија и избегна екстрадиција Read More »

Општина Чаир додели 600 илјади денари помош за Турција, Берово 150.000


 Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска го пречека тимот на спасувачи на Доброволното здружение на пожарникари „Бајрам Мифтари“ од општина Чаир, кои се вратија од спасувачката акција што ја спроведоа во турските региони погодени од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари.  -Во оваа прилика нашите херои Артан Демири, Хетем Арслани, Сефер Демири и Исуф Јакупи …

Општина Чаир додели 600 илјади денари помош за Турција, Берово 150.000 Read More »

Бектеши од граѓаните преку анкети ќе бара решение за инфлацијата и цените


Мерките и активностите што ги презема Министерството за економија за поддршка на домаќинствата и компаниите за справување со енергетската и економската криза и подобрување на животниот стандард на граѓаните, беа тема на разговор на денешниот работен состанок на министерот за економија Крешник Бектеши со претставници од Националниот демократски институт (НДИ). На состанокот, на кој присуствуваа …

Бектеши од граѓаните преку анкети ќе бара решение за инфлацијата и цените Read More »

Градоначалникот Пецаков избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион


Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на денешната редовна седница, со мандат од една година, согласно Законот за рамномерен регионален развој. Заблагодарувајќи се за изборот, Пецаков нагласи дека ќе биде отворен за соработка со цел да добијат што повеќе средства и да се реализираат проекти, …

Градоначалникот Пецаков избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион Read More »

Педесет и две семејства во социјален ризик од Гевгелија ќе добијат стан


Oд утре сите заинтересирани лица од Гевгелија кои ги исполнуваат условите од јавниот повик, ќе можат да аплицираат за социјален стан.  Јавниот повик ќе трае од 16 февруари до 20 март и на него може да аплицираат шест категории на граѓани и тоа: деца без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции …

Педесет и две семејства во социјален ризик од Гевгелија ќе добијат стан Read More »

Лекот „трикафта“, за болните од цистична фиброза, ќе се набави за помалку од два месеца


Владата на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека се завршени административните процедури кои беа потребни за итна набавка на лекот „трикафта“ за најкритичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, и тоа во кус рок. Испораката на лекот „трикафта“ за овие пациенти се очекува да биде извршена од страна на добавувачот, во најбрз можен период, …

Лекот „трикафта“, за болните од цистична фиброза, ќе се набави за помалку од два месеца Read More »

Луфтханза одложи или откажа бројни летови откако падна информатичкиот систем


Луфтханза денеска доживеа голем дефект на информатичкиот систем, поради што мораше да одложи или откаже сè уште непознат број летови, изјави портпаролот на германската авиокомпанија. Погодени се системите за пријавување и чекирање, што предизвика долго чекање на авионите и патниците на аеродромот во Франкфурт, најголемиот аеродром во Германија. Компанијата работи напорно за да го реши …

Луфтханза одложи или откажа бројни летови откако падна информатичкиот систем Read More »

Голема победа за човекот кој се спротивстави на градежната мафија: Во неговиот град не се сруши ниту една зграда!


Градот има 42.000 жители и во катаклизмата по силните земјотреси во Турција немаше ниту една жртва и ниту една срушена зграда. Во средина на турската покраина Хатај, која по земјотресот е претворена во безлични купишта шут, каде под урнатините има илјадници загинати, стои град, пишува „Слободна Далмација“. Името му е Ерзин, има 42.000 жители и …

Голема победа за човекот кој се спротивстави на градежната мафија: Во неговиот град не се сруши ниту една зграда! Read More »

За Задушница, зголемен број градски автобуси


Ве информираме дека порадиверскиот  празник Задушница, во петок и сабота (17 и 18.02.2023 година), на редовните линии 59 (Карпош3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси. ВОЗЕН РЕД – петок (17.02.2023 год.)  Линија 59 Од Карпош 3: 6.20 …

За Задушница, зголемен број градски автобуси Read More »

Чешко-словачката црква ја призна автокефалноста под името „Православна црква на Северна Македонија“


Светиот синод на Православната црква на Чешка и Словачка минатата недела донесе одлука за „признавање на автокефалноста на Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот „Ортодокстајмс“, кој е специјализиран за прашања поврзани со православните цркви. – Светиот синод на Црквата на Чешката Република и Словачка беше информиран за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска …

Чешко-словачката црква ја призна автокефалноста под името „Православна црква на Северна Македонија“ Read More »

„Уште колку идиоти има“: Вархеи заборави да го исклучи микрофонот во Европскиот парламент


  На унгарскиот еврокомесар Оливер Вархеи микрофонот му остана вклучен при заседавањето на Европскиот парламент вчера, па по еден од неговите говори можеше да се слупне како на унгарски вели: „Уште колку идиоти има?“ Еврокомесарот на ЕУ за проширување одговараше на прашања на европарламентарците за проширувањето на ЕУ на Западен Балкан. Вархеи, одговарајќи на прашање …

„Уште колку идиоти има“: Вархеи заборави да го исклучи микрофонот во Европскиот парламент Read More »

Земјотрес на Нов Зеланд


Силен земјотрес денеска го потресе Нов Зеланд, но нема информации за материјални штети или жртви, јави ДПА. Земјотресот бил со јачина од 6,1 степен и бил во близина на главниот град Велингтон, соопшти државната сеизмолошка агенција на Нов Зеланд, Геонет. Земјотресот се случил во 19:30 часот по локално време на длабочина од 50 километри, што значи дека земјотресот бил …

Земјотрес на Нов Зеланд Read More »

На руска студентка и се закануваат 10 години затвор поради објава на Инстаграм во врска со војната во Украина


На руска студентка и се заканува затворска казна до 10 години поради нејзината објава на Инстаграм во врска со војната во Украина, јави Би-би-си. Олесија Кривцова е во домашен притвор во северниот град Архангелск. Дваесетгодишната студентка на локалниот универзитет има електронска нараквица на ногата и полицијата може да ја следи. Прекршокот на Олесија е што …

На руска студентка и се закануваат 10 години затвор поради објава на Инстаграм во врска со војната во Украина Read More »

Германија издвојува една милијарда евра за технолошки стартапи во Европа


Германија и четири други членки на Европската унија имаат намера да го намалат дефицитот во финансирањето на младите и иновативни високотехнолошки компании во споредба со огромните средства наменети за ова од САД, Кина и другите земји, па само германската влада ќе одвои една милијарда евра , заеднички објавија во понеделникот министерствата за финансии и економијата …

Германија издвојува една милијарда евра за технолошки стартапи во Европа Read More »

Бербок: Финска и Шведска треба заедно да влезат во НАТО


 Партнерите во НАТО треба брзо да го спроведат договорот за прием на Шведска и Финска заедно во Алијансата, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Бербок истакна дека Шведска презела видливи чекори за да ја смири загриженоста на Турција за нејзиното присоединување. „Беше правилно и важно што (Шведска) одговори на загриженоста на Турција, …

Бербок: Финска и Шведска треба заедно да влезат во НАТО Read More »