(Фото) Исечени тополите спроти „Нова Македонија“


Фото: Б. Грданоски

Трите тополи во Паркот на новинарите, по патеката спроти поранешниот НИП „Нова Македонија“ денеска се исечени. 

Овие стебла беа високи повеќе од 15 метри, но во текот на годината не успеваа да раззеленат, па стоеја со голи гранки надвиснати над патеката за пешаци и над паркингот од другата страна.